Како
да направиш Ollie.
1.
Забрзај се така да се движиш со брзина во која си
стабилен и се чуствуваш најсигурен. Запамти, колку
побрзо идеш, толку подобар pop, ќе направиш.
2.
Намести ја предната нога блиску до средината на даската,
некаде 5 сантиметри под штрафовите. Задната нога стави
ја на tail-от.
3.
Клекни, така за да можеш убаво да се одразиш при одскокот.
4.
Удри со задната нога надоле така да можеш да ја одбациш
даската од земја додека скокаш нагоре. (Да направиш
pop, да ја одразиш и даската од земја заедно со тебе).
Твојата предна нога треба да влече нагоре па нанапред
по шмирглата. Овој момент е најбитен:
За да успешно одскокнеш од земја, заедно со даската,
најважно е да го усогласиш моментот на одразувањето
од земја со ударот на даската од земја (pop-от).
5.
Дигни ја задната нога свиткувајќи ги колената така
да скоро ги допреш до градите. Ја исправуваш даската
на одредена висина, во хоризонтална положба. ЗАПАМТИ:
Скокаш нанапред.
6.
Потоа приземји се сигурно со двете стопала на даската.
Ќе изгледа подобро ако двете стопала ти се точно над
штрафовите, а и ќе се намали стресот на даската и
другите делови.
7.
Накрај, свиткај ги колената и допри ја земјата со
рака со што на ollie-то ќе му дадеш добар шмек и ќе
продолжиш со стил.
by
[email protected]