За
скејтерите е интересно да возат на рамни површини
како на пример мермер, асфалт, потоа на скали, шипки,
ѕидови, коси површини и се друго на што можат да
направат некој трик. Скопје има многу интересни
места за возење. Историјата покажува дека скејтерите
во различен временски период имале различно главно
место за возење (каде што се собираат во најголем
број), покрај другите места на кои не се вози толку
често. Така например како главни места за возење
порано биле паркингот пред олимпискиот базен, споменикот
на паднатите борци на ЦК, кејот на Вардар под камениот
мост, а денеска главно место може да се каже дека
е скејтпаркот. Со зголемувањето на бројот на скејтерите
се изнаоѓаат се повеќе места за возење.
Моментално
немаме информации за местата за возење во другите
градови во Македонија но наскоро би требало и тоа
да се среди. Ако има заинтерсирани од другите градови,
слободно нека пуштат маил на contact@sk8mkd.com
за да ги ставиме тука и местата за возење од нивниот
град.