 |
|

): Статии | Скејт во МК | Места
за возење | Скејтери | Екстра | Дискусии | Контакт |
|
History of skateboarding |
Скејтбордингот
првпат се појави во раните 50ти години од минатиот
век, кога сурферите низ цела Калифорнија им
текна да пробаат да сурфаат на улиците. Никој
не знае точно кој ја направил првата даска,
во спротивно, изгледа дека неколку луѓе излегле
со слични идеи истовремено. Започнале со дрвени
кутии или даски со тркалца од ролшули прицврстени
одоздола. Тоа беше спорт кој штотуку беше откриен.
Кутиите се претворија во плочи, и по некое време
се појавија компании кои почнаа да произведуваат
даски од пресирани слоеви од дрво... слични
како денешните даски. Во ова време, скејтбордингот
беше гледан како нешто што се прави за забава,
но после сурфањето:) Во 1963, скејтбордингот
беше на врвот на популарноста, и компании како
Jack's, Hobie и Makaha почнаа да одржуваат скејтборд
контести. Ова време, скејтбордингот највеке
се одликуваше како downhill или freestyle. Torger
Johnson, Woody Woodward и Danny Berer беа доста
познати скејтери во тоа време, но тие изгледаа
многу по различно од тоа како изгледаат скејтерите
денес! Нивниот стил на скејтање freestyle, повеќе
наликува на играње балет или лизгање по мраз
со скејтборд:) После,
во 1965, популарноста на скејтбордингот одеднаш
спласна. Повеќето луѓе мислеа дека скејтбордингот
беше само "мода" која што изумрела.
Скејтборд компаниите пропаднаа, а луѓето кои
сакаа да скејтаат мораа повторно сами да си
прават даски. Но луѓето сеуште скејтаа, без
разлика на тоа што деловите тешко се наоѓаа
и даските беа home made. Исто така се користеа
и тркалца од глина, кои беа екстремно опасни
и тешки за контрола. Но во 1972, Frank Maceworthy
ги измисли тркалцата од уретан, кои се слични
на тие што се возат денеска. Неговата компанија
се викаше Cadillac Wheels. Овој пронајдок пробуди
интерес кај другите млади луѓе да почнат да
возат скејтборд. Пролетта 1975, скејтбордингот
направи еден огромен еволуционен чекор до спортот
кој што го гледаме денес. Во Del Mar, California
имаше freestyle контест. Тој ден, Zephyr тимот
му покажа на светот каков може скејтбордингот
да биде. Тие ги возеа своите даски како што
никој ги нема возено до сега пред јавноста,
ниско и сигурно, и скејтбордингот премина од
хоби, во сериозен спорт... Но
тоа беше само првиот голем чекор во еволуцијата
на скејтбордингот. Во 1978, скејтер наречен
Alan "ollie" Gelfand измисли маневар
со кој го однесе скејтбордингот еден голем револуционерен
чекор понапред. Тој ќе удреше со задната нога
на tail-от од даската и ќе скокнеше и со себе
ја влечеше даската во воздухот. Тогаш се роди
Ollie-то, трик кој комплетно го револуционираше
скејтбордингот. Повеќето трикови денес се базирани
на правење ollie. Трикот сеуште го носи неговото
име. До сега најпознатото име во скејтбордингот,
Tony Hawk е одговорен за тоа како скејтбордингот
изгледа денес. Кога имал 14 години станал професионален
скејтер, а на 16 годишна возраст станал најдобриот
скејтер во светот!! Hawk
учествувал во околу 103 про натпревари - победил
во 73, а се пласирал втор во 19! Ова е најдобриот
рекорд во скејтбордингот до сега. Самите скејтборди
имаат интересна историја. Од дрвени кутии или
шперплочи, до масовно произведувани даски со
оформени рабови, nose и tail. Даските се така
направени, така што скејтерите ќе можат да возат
switch. Тркалцата од метални и глинени прераснаа
во тркалца направени од уретан, така што тие
се поевтини и полесни. Скејтбордингот уште не
престанал да се развива, а скејтерите измислуваат
нови трикови цело време. Даските исто така се
развиваат, компаниите пробуваат да ги направат
полесни и по издржливи, или пробуваат да ги
подобрат нивните перформанси. Скејтбордингот
отсекогаш бил лично истражување и туркање себе
си кон лимитот на своите можности. Па каде оди
скејтбордингот од тука? Таму каде што ќе го
однесат скејтерите....
|
_____________________________________ |
|
|
|
copyright © Sk8MKD.com 1999-2008
a division of XMKD.com
|
|
|
|