 |
|

): Статии | Скејт во МК | Места
за возење | Скејтери | Екстра | Дискусии | Контакт |
|
Архива
на новости и занимливости од 2002 година
04.12.2002
Важна информација во врска со бесплатната е-пошта!!!
Од денеска па натака може да регистрирате бесплатна
е-пошта на новиот домеин: @sk8mkd.com. Стариот домеин
ке продолжи да работи а со тоа и е-поштите што се
на него. Како и да е најдобро е да регистрирате
нова е-пошта на новиот домаин, со истото име, и
да ја пренасочите старата е-пошта кон новата.
27.11.2002
Пред
неколку години една хеви метал група снимаше спот
во скејтпаркот во Скопје и остави грда слика зад себе.
Пред неколку дена, една друга група го промовираше
своето ЦД. Дента после промоцијата скејтпаркот беше
полн со отпадоци. Ваква работа се има случено уште
неколку пати, при некои други настани кои се одржуваа
во скејтпаркот. Се чини дека највеќе отпадоци оставаат
оние кои го употребуваат скејтпаркот за поинаква намена
од онаа за која е тој наменет.
11.11.2002
Наскоро
на српската телевизија „Метрополис“ во емисијата
„Незнам ди терам“ ќе се прикажуваат делови од „СКИРОЛ“
пропратени со кратка сторија за скејтбордингот во
Македонија. Повеќе на српскиот скејтбординг сајт:
www.cetniks.com
05.11.2002 Мистериозен
крадец се појави во скетпаркот. Сега за сега го нема
грајнд боксот и една шипка. Некој веројатно подобро
ќе ги употреби за зимата што доаѓа. Згора на лошата
состојба во која што се наоѓа скејтпаркот, се што
ни треба е некој да ги краде елементите.
|
|
|
copyright © Sk8MKD.com 1999-2008
a division of XMKD.com
|
|
|
|