 |
|

): Статии | Скејт во МК | Места
за возење | Скејтери | Екстра | Дискусии | Контакт |
|

„С.К.И.Р.О.Л.2“
С.К.И.Р.О.Л.2
е второто македонско скејтборд видео кое се случи неколку
години по првото. Поделено е на три дела кои преставуваат
засебна целина.
Првиот дел се вика "The Reason"
или причината позади проектот С.К.И.Р.О.Л.
во која неколку од постарите скејтери раскажуваат за
историјата на скејтбордингот во Македонија.
Вториот дел се вика "The Movie"
и e главниот дел во кој возат Нуредин, Ардијан, Ана,
Риат, Перо и Мики. Покрај нив има и секција наречена
"Friends" во кој возат другари скејтери кои
не се од Македонија но сме ги фатиле на кемера при нивната
посета на МК или при некој наш излет во странство. Исто
така има и секција "Momenti" и тоа е всушност
делот со паѓањата кои на успорена снимка се убаво прикажани
до детал.
Последниот односно третиот дел се вика "The
Scene" и во него возат останатите но не
сите од скејт сцената која од првиот филм С.К.И.Р.О.Л.
до вториот С.К.И.Р.О.Л.2 е значајно
порасната со многу повеќе скејтери па отаму и неможноста
сите да имаат свој засебен дел во едно видео. Пошто
би требало да трае 5 саати:).
Видеото
ја доживеа својата премиера во џебното кино во МКЦ,
а набрзо потоа имаше уште една проекција во ДТЦ во Стара
Чаршија.
Во план е издавање на ДВД, а до тогаш видеото можете
да го превземете од овде: The
Reason (7.75mb) / The
Movie (66.75mb) / The
Scene (27.79mb)
До следното видео... Enjoi skateboarding!
|
|
|
copyright © Sk8MKD.com 1999-2008
a division of XMKD.com
|
|
|
|