|
денеска
е:
Pjevajte nesto ljubavno... (Saljske
Uzance 2005) |
|
|
Сали
е местенце
со околу
500 жители
кое се
наоѓа
на островот
Дуги Оток
во Хрватска.
За да се
стигне
до тамо
потребно
е да се
фати траект
во Задар.
По еден
саат и
дваесет
минути
возење
со траектот
се стигнува
на Дуги
Оток, ама
не во Сали
туку во
Брбињ.
До Сали
има уште
30тина километри
возење
со кола.
Или да
поедноставиме..
Хрватите
би рекле
дека Сали
е една
обична
вукојебина. |
 |
 |
 |
 |
Е
сега.. во
таа вукојебина
секоја
година
традиционално
се одржува
фештата
која е
наречена
Саљске
Ужанце.
Оваа година
со свој
настап
во склоп
на централната
вечер,
манифестацијата
ја збогатија
сплитските
рапери
The Beat Fleet и загрепските
панкери
Hladno Pivo. |
 |
|
Фактот
што во
иста вечер
на истата
бина настапуваа
двата
моментално
најпопуларни
хрватски
бендови
привлече
повеќе
од 4000 вљубеници
на добриот
звук првенствено
од Задар,
но и од
другите
места
во околината.
Затоа
воопшто
не треба
да не зачуди
податокот
што сите
траекти
што во
текот
на целиот
ден пловеа
кон Дуги
Оток беа
преполни. |
 |
 |
Двата
најпопуларни
хрватски
бендови
настапуваат
во едно
местенце
кое одвај
има 500 жители,
нешто
што никако
не би го
направиле
нашите
“ѕвезди”, со чест
на исклучоци.
Затоа
нашата
сцена
е мизерна,
а во Хрватска
секој
месец
гостува
некое
звучно
име. |
 |
|
 |
 |
The
Beat Fleet својот
настап
го започнаа
нешто
по 11 часот.
Три вокала,
гитара,
клавијатура,
бубањ
и семпл
машина.
Дечките
со својот
двочасовен
жесток
настап
одлично
се претставија
пред многубројната
публика.
За жал
ги знаев
само песните
од нивниот
последен
албум
Maxon Universal, но тоа
не ме спречи
да уживам
и во останатиот
дел од
концертот
каде што
ги отсвиреа
песните
и од нивните
два претходни
албуми:
Ping-Pong (Umjetnost
Zdravog Djira) и Uskladimo Toplomjere. Започнаа
со Trilogija jada, а завршија
два саати
подоцна
со еден
од нивните
најголеми
хитови Alles gut. Секако,
се тоа
после
два биса.
Профи
свирка
за чиста
десетка.
The Beat Fleet уште
еднаш
потврдија
дека се
во врвот
на хрватската
музичка
сцена
и дека
големиот
број на
настапи
низ Хрватска
и надвор
од неа
не се случајност. |
 |
 |
 |
|
|
|
|
|