Атмосферата
во публиката
беше одлична,
но својот
максимум
го достигна
некаде
околу
1:15 по полноќ
кога на
бината
се појавија
дечките
од Hladno
Pivo.
Со шутки
и stage diving се
тргна
уште со
првите
звуци
на Teљko je ful biti kul и не се
престана
до крајот
на концертот.
Миле Кекин
и екипата
не прошетаа
низ целокупната
дискографија
на Hladno Pivo. Ако за The Beat Fleet реков
дека се
во врвот
на хрватската
музичка
сцена,
за Hladno Pivo слободно
можам
да кажам
дека се
на самиот
врв. Нумеро
уно! Интересно
е што на
барање
на публиката
бендот
ја отсвире
песната
Anoreksik која
веќе долго
време
не била
изведена
на ниеден
концерт
на Hladno
Pivo.
Па Миле
ја пееше
со лист
хартија
на кој
беше напишан
текстот
од песната,
за да се
потсети
во случај
да заборави
некој
стих.
Концертот
заврши
околу
3:30 со третиот
бис, но
со тоа
не заврши
забавата
таа вечер.
Посетителите
на Саљске
Ужанце
со Ожујско
и гитари
продолжија
да се забавуваат
на околните
плажи.
Ах..
колку
ни недостасуваат
вакви
манифестации
и во нашава
земја..