ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Pjevajte nesto ljubavno... (Saljske Uzance 2005)

Сали е местенце со околу 500 жители кое се наоѓа на островот Дуги Оток во Хрватска. За да се стигне до тамо потребно е да се фати траект во Задар. По еден саат и дваесет минути возење со траектот се стигнува на Дуги Оток, ама не во Сали туку во Брбињ. До Сали има уште 30тина километри возење со кола. Или да поедноставиме.. Хрватите би рекле дека Сали е една обична вукојебина.

Е сега.. во таа вукојебина секоја година традиционално се одржува фештата која е наречена Саљске Ужанце. Оваа година со свој настап во склоп на централната вечер, манифестацијата ја збогатија сплитските рапери The Beat Fleet и загрепските панкери Hladno Pivo.

Фактот што во иста вечер на истата бина настапуваа двата моментално најпопуларни хрватски бендови привлече повеќе од 4000 вљубеници на добриот звук првенствено од Задар, но и од другите места во околината. Затоа воопшто не треба да не зачуди податокот што сите траекти што во текот на целиот ден пловеа кон Дуги Оток беа преполни.

Двата најпопуларни хрватски бендови настапуваат во едно местенце кое одвај има 500 жители, нешто што никако не би го направиле нашите ѕвезди, со чест на исклучоци. Затоа нашата сцена е мизерна, а во Хрватска секој месец гостува некое звучно име.
The Beat Fleet својот настап го започнаа нешто по 11 часот. Три вокала, гитара, клавијатура, бубањ и семпл машина. Дечките со својот двочасовен жесток настап одлично се претставија пред многубројната публика. За жал ги знаев само песните од нивниот последен албум Maxon Universal, но тоа не ме спречи да уживам и во останатиот дел од концертот каде што ги отсвиреа песните и од нивните два претходни албуми: Ping-Pong (Umjetnost Zdravog Djira) и Uskladimo Toplomjere. Започнаа со Trilogija jada, а завршија два саати подоцна со еден од нивните најголеми хитови Alles gut. Секако, се тоа после два биса. Профи свирка за чиста десетка. The Beat Fleet уште еднаш потврдија дека се во врвот на хрватската музичка сцена и дека големиот број на настапи низ Хрватска и надвор од неа не се случајност.
муабети box
Chat Forum
email box

username



password
snow box