Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia


Can't read those crazy macedonian letters

Дали имаш нуркачки цертификат?
Да.
Не.
Што е тоа?

Подводна фотографија избор:

кликни за голема


кликни за голема

предходни:
01, 02, 03, 04, 05, 06


Нуркачка опрема..
Што се му е потребно на еден нуркач?



Архива на email пораки од наши посетители


Нуркачкиот клуб на Охридското Езеро


кликни за повеќе




Совети од специјалистот др. К. Матов



KORALI

Прочитај повеќе за нашиот најстар нуркачки клуб во Македонија
КОРАЛИ



Sponsored links:

Advertisers, click here to get listed!

Kaneo Diving 


XMKD.com Подводните убавини на Охридското езеро низ фотообјектив
 Фото

Изложба на подводна фотографија ќе биде отворена в петок (на 25 мај), во 20 часот, во Народниот музеј Охрид – Куќа на Робевци. Станува збор за 30-ина фотографии, со димензии 30x40 см на бело паспарту, фотографирани на различни локации во Охридското езеро. Изложбата ја организира нуркачкиот клуб „Ботом тајм“ од Охрид, а фотографиите се дела на нуркачите Никола Паскали и Александар Булевски.
Авторите објаснуваат дека селекцијата ја направиле од околу 4000 фотографии, кои настанале како резултат од многубројни нуркања во текот на минатите четири години на повеќе атрактивни локации.
-Идејата произлезе од фактот дека малкумина имале можност да ги видат подводните убавини на Охридското езеро. Нашето воодушевување сакавме да го пренесеме и на што повеќе љубопитни. Не испровоцира и фактот што ова ќе биде можеби една од првите изложби на подводна фотографија во Македонија – велат авторите.
Фотографиите ќе бидат достапни за публиката до 8 јуни.

Поздрав!

 
 

XMKD.com Најдлабокиот човек на светот
 

Во педесеттите години на минатиот век, се сметало дека е невозможно човек да се нурне подлабоко од 50м, затоа што  големиот хидростатски притисок би ги здробил белите дробови на секој што би се осмелил. Неколку години подоцна, 1962год. поточно,  италијанецот Енцо Мајорка (Enzo Maiorca) слегува на 51м.

Следниот голем чекор во слободното нуркање го прави французин, ривалот на Енцо Мајорка,  Жак Мајол (Jacques Mayol) кој слегува 101м и ја преминува фамозната граница поставена од специјалистите по хипербарна медицина и лекарите воопшто.

1999 година. Италијанецот Умберто Пелизари (Umberto Pelizzari) се нурнува до 150м и одново докажува дека никој не може да ги предвиди границите на човековата физиологија и можности. Не без причина дисциплината во која се прават најдлабоките нуркања се нарекува “No Limits”. Во годините што следат слободното нуркање како спорт добива многу пошироки димензии и од рекреативен и од натпреварувачки аспект, додека самата физиологија на слободното нуркање е проучена до молекуларно ниво.

Историјата, физиологијата и филозофијата на слободното нуркање би ги споменал во одделни статии бидејки секој аспект  на овој спорт заслужува  посебно внимание.

16.06.2007 год. Остров Спетсес, Грција. Австриецот Херберт Ниш (Herbert Nitsch) ја остварува својата цел слегувајки до 214м со што го подобрува сопствениот рекорд во дисциплината “No Limits” од 185м за цели 29м кој го поставува само три дена порано на 13.06.2007год. Времетраењето на нуркањето е 4'24". Графичкиот профил на нуркањето е објавен од IDA)  http://www.aida-international.org/ и можете да го симнете од тука: http://www.hotweb.se/aspportal1/scripts/nitsch214nl-aida.jpg.

Поздрав!


XMKD.com Diving in Struga
 

Eve nekoi sliki od FreeDiving od XBT slikani se na Arheoloskiot lokalitet Kalishta vo Struga.

XBT

Поздрав!

XMKD.com MyDivingInfo.com
 

Интеренса услуга за сите дајвери! Сте биле некогаш некаде и сте виделе одличен дајвинг спот и оп за да изнајмите опрема потребни ви се документите и цертификатите кои ви останале дома збутани во фиока. Епа идете у нет кафе-to позади трговскиот центар, се логирате на вашиот mydivinginfo.com акаунт и ете ви се при рака... штампате, и право у вода! И не само тоа, при рака ви е и вашиот дајвинг лог, квалификациите медицинските цертификати и сите други неопходни шитови.

За сето тоа треба да платите 19 еур годишно.
Повеќе директно од сајтот:
https://www.mydivinginfo.com/

Поздрав!


XMKD.com Нуркање | Пула - Хрватска јуни 2006
 

Отидовме без никакви очекувања дека ќе фатиме убаво време.. предходниот ден пишуваше дека на Истра некаде врнело снег...

цела фото сторија >>

Поздрав!


XMKD.com The Art Of Diving, издание 2006

 

Едно интересно издание кое може да се чита онлајн, така да кликајте тука, не е лошо да го читнете ако се интересирате за нуркањето..

кон списанието >>

Поздрав!


XMKD.com Малдивите се прошируваат
 

Една најава од министерството за туризам и авио сообраќај од Мале, Република Малдиви вели дека турситичкиот регион ќе биде проширен на уште 35 острови кои се ненаселени. Малдивските Острови се наоѓаат јужно од Шри Ланка во Индискиот Океан и пкриваат површина од околу 800км по должина. Составени се од околу 1200 острови од кои само 10% се населени..

Значи едно 25 острови ќе бидат поставени на јавна аукција а другите 15 ќе се доделат на локалните туристички организации. Со тоа очекуваат властите и надлежните за туризам дека ќе се добијат 7.000 до 8.000 легла плус што ќе биде огромна придобивка за туризмот и понатамошен развиток и пробивање на светската туристичка берза.

 

клик тука за галерија од Малдивите >>

Поздрав!

XMKD.com Нуркач од Прилеп - Оливер Б.
oliverb  oliverb
Уште еден наш македонец кој се заразил со овој подводен спорт што лесно влегува под кожа.. Добивме емаил од него така да понатаму се надеваме дека тука ќе може да се најдат негови текстови и новости. Сега за сега неколку слики кои ни ги испрати од Грција. oliverb
Поздрав!

XMKD.com Кит доплива до центар на Лондон

Ова случување е многу ретко, односно не се случило до сега во рекета Темза од кога се водат такви податоци 1913 година. Во петокот е забележан млад кит со повреда на опашката блиску до парламентот како слободно плива сред реката Темза. Екипи на поморски биолози, нуркачи и ветеринари се активираа да го спасат китот со тоа што ќе го транспортираат назад до море.



Операцијата на извлекување на брод на суво успеа но китот веднаш по тргнувањето на бродот до отворено море умрел.

Овој тип на китови се сретнуваат во големи длабочини, и отворени океани. Научниците сеуште неможат да утврдат зошто и како китот стигнал толку внатре во реката, се до Лондон. Иначе bottle-nosed китовите достигнуваат длабочина и до 3.000м а најчесто живеат и се хранат на длабочини до 800м.

_________________________

XMKD.com OceanMen - документарец за најголемите freediving легенди

Овој филм почна да се снима 2000 година на Бахамите а конечниот производ излезе од монтажа наредната година. Тоа е еден голем документарен филм за двајцата најголеми фаци во фрее дајвингот, односно Пипин Ферерас (за кого сме пишувале на xmkd) и Умберто Пелизари, неговиот најголем ривал.

Се снима под многу интересни услови, Пипин и Умберто несакаат да се видат па така да снимањето тече прво со едниот па потоа со другиот. Еднаш случајно се сретнале на снимање и Пипин напраил скандал, се спакувал и го прекинал снимањето. На аеродорм дошол режисерот по него и го наговорил да се врати :)

ps. филмов не се наоѓа никаде за жал.. Го има само да се купи на www.amazon.co.jp - јапанска верзија DVD

Хии-Ја!!_________________________

ТРЕНИНГОТ НА PIPIN FERERRAS

Пипин се спрема за ново кршење на рекордот кој 2003 година го постави во Мексико и изнесува -170 метри на еден здив!


клик на сликата за поголема

Што уште може да направи човекот кој до сега ги кршеше сите закони на подводната медицина и физика... На пример во далечната 1960 година, докторите за подводна медицина тврдеа дека е невозможно човек да се спушти подоле од -100 метри во free diving. Во тоа време се појавуваат Енцо Мајорка и Жак Мајол кои го докажуваат спротивното. Вие тоа треба да го знаете од филмот ГОЛЕМОТО СИНИЛО или попознат како the Big Bluе, филм кој што е еден преглед на free diving спортот од 1960 до 1980ти години и во исто време една биографија на двајата најголеми нуркачи на сите времиња.


клик на сликата за поголема

Пипин сака да се спушти на -200 метра на еден здив без помош на апарати за дишење и сл... Тренингот му е многу едноставен :) и се состои во подводен риболов на -100 до -150 метри со рачен харпун пушка на ластик. Со оваа соторија сакаме да покриеме еден тренинг кој Пипин го направи на Бахамите на 24ти август 2004та година.


клик на сликата за поголема

 

СО помош на неколку другари и својата јахта, Пипин 5 сата ловеше непрестано без одмор риби на здив на длабочина од 100 до 150 метри. И сами гледате од овој текест што овој човек може да направи.а 5 сата уловил преку 400 кила риба.. па сеа чудете се :)

поздрав!
XMKD - КОРАЛИ scuba team


FREE-DIVING СВЕТСКИ РЕКОРД во no limit категорија
by Francisco 'Pipin' Ferreras (-558ft; -170m)

На 12 Октомври 2003 година во Кабо Сан Лукас, Мексико беше соборен рекордот во free-diving, категорија no limit.

СЕ ПОСТИГНАА НЕВЕРОВАТНИ -170 метри длабочина на еден здив, без помош на опрема за нуркање..

Целиот зарон траеше 2 минути и 39 секунди за кое што време Пипин Фереас (Куба) ја постигна длабочината од -170 метри со еден здив! Времето на заронот беше многу брзо (обично траат и по 4 минути) и постигна средна брзина на спуштање од 2,1 метар во секунда. Сето тоа со помош на тег од 61 килограм и брзина на качување кон површината од 4 метри во секунда.


клик на сликата за поголема
Необично за еден ваков обид за светски рекорд, на -170 метри во длабочината, Пипин го пречека и мала подморница со екипаж од двајца луѓе, опремени со HD камера кои го документираа историскиот момент.


клик на сликата за поголема



Едниот од тие двајца беше познатиот James Cameron, режисер на големи Холивудски блокбастери.

XMKD - КОРАЛИ scuba team


КОНКУРС ЗА ПОДВОДНА ФОТОГРАФИЈА во ЛОНДОН
Wildlife Photographer of the year - Natural History Museum London

Оваа недела започна големиот настан во Лондон. Конкурс за најдобра фотографија од природата. Имаше неколку категории, но најинтересната за нас беше „подводна фотографија„. Како организатор и домаќин на оваа престижна награда се појави Природно Историскиот Музеј од Лондон. Има учесници од целиот свет, односно преку 20.000 луѓе кои ги испратиле своите дијапозитиви.

Тука клик за повеќе информации и преглед на сите фотографии кои освоија награди и признанија >>>

"Bronze whalers charging a baitball"
Doug Perrine, (United States of America)
Winner


XMKD - КОРАЛИ scuba team!


ПОДВОДЕН ВИДЕО КЛИП / ПОДВОДНА ОПЕРА
клик тука или на сликата за превземање на клипот (7 Мб.) >>>

Овој видео клип е уште едно ремек дело излезено од раката на Бојан Бошковски, инструктор во клубот КОРАЛИ и еден од главните задолжени за нуркачкиот дел од XMKD.com.

На кој му е преку глава од се денеска, нека го симне клипов и нека ги пушти гласно звучниците.. ви следи една мала убава подводна опера, преку очите на нашите нуркачи соочувајќи се со целиот тој подводен жив свет..

УЖИВАЈТЕ..

Click to download!


поздрав и до следното нуркање!
XMKD - КОРАЛИ scuba team!


ПОДВОДЕН ВИДЕО КЛИП / KAVALA FISH, Пула, ХР
клик тука или на сликата за превземање на клипот (4 Мб.) >>>

Овие материјали кои се употребени за овој клип се снимани во Пула, Хрватска од нашата последна dive сесија. Овие риби кои ги представуваме со овој краток филм се многу интересни, се движат во мали јата и достигнуваат пристојна големина (охриѓани би рекле на пример порцијаши). Има еден дел во клипот каде што кавалите ги уловивме во кадар во една пештера во канал кој водеше можеби 50 метри во внатрешноста подземја и под море... Беше многу клаустрофобично, затоа што бевме двајца нуркачи. Еден снимаше а другиот го носеше дополнителното осветлување. Во секој случај многу убаво доживување. Погледнете го и размислете кога ќе ни се придружите и вие!

Click to download!


поздрав и до следното нуркање!
XMKD - КОРАЛИ scuba team!


ПОДВОДЕН ВИДЕО КЛИП / UNDERWATER PHOTO SESSION - Пула, ХР

Kако се прават сите тие прекрасни подводни фотографии кои вие наши драги посетители имате ексклузивна можност да ги видите тука на XMKD.com!



Клик тука или на сликата за превземање на видео клипот (3 Мб.)

Click to download!


поздрав и до следното нуркање!
XMKD - КОРАЛИ scuba team!


НУРКАЧКА ФОТО СТОРИЈА /ПУЛА 2004

Стигнавме во Пула во четврток 30 септември. Беше доцна па одма се сместивме во апратманите и легнавме да спиеме :) Наредниот ден беше сончево, како и целиот викенд.. Се на се поминавме феноменално, се утепавме од нуркање.. Останува само да ги разгледате галериите и да си се прашувате зашто не сте дошле со нас :) ок, следниот пат

влез во галерија за сите слики >>>



на сликата: Росица Јованова

Времето се погоди сончево 3 дена, а температурата беше околу 25ка. Водата околу 22-23 степени. Нуркавме околу 6 пати на различни локации од кои имаме многу подводен сниман материјал и фотографии еден тон. Наскоро ви ветуваме и еден куп клипчиња од подводни пештери, ноќно нуркање и огромни риби, сипи и смешни нуркачи :)


поздрав и до следното нуркање!
XMKD - КОРАЛИ scuba team!


ОРГАНИЗИРАМЕ НУРКАЊЕ ВО ПУЛА на почеток на октомври! цени од €6 по особа на ден во апартмани!
клик тука даунлод на официјалната понуда >>>

Викендот 30,1,2 и 3ти ОКТОМВРИ организираме нуркање во Пула во нашата нуркачка база ORCA по најбагателни цени. Во понудата е вклучено сместување во апартмани (цени од €6 по човек), и 7-8 нуркања! Превозот е по сопствена режија..

За тие кои што не се нуркачи организираме INTRO DIVE курсеви..


Сите прашања, контакти веднаш на: [email protected]

клик тука за фотографии од scuba базата ORCA >>>

поздрав од scubadive тимот на xmkd.com и КОРАЛИ


ФОТО СЕСИЈА: Медуза!
клик тука за сите фотографии >>>

Во водите на Јадранот можете да сретнете секаков вид жив свет, ова можеби е еден од најинтересните, иземајќи ја ајкулата :) Медуза, вечниот страв на капачите.. Опасна на допир, преубава на изглед. Но нашиот примерок како што можевме да тестираме на наша кожа беше безопасен, можеби не му бил денот за „касање„.. којзнае :)

клик тука за повеќе фотографии >>>

поздрав од scubadive тимот на xmkd.com и КОРАЛИ


РЕЦЕНЗИЈА: нуркачкиот клуб од Пула (Хрватска): „ORCA

На плажата на хотелскиот комплекс Хистриа (Пула) се наоѓа нуркачкиот клуб ORCA. Работат 4 инструктора во придружба на повеќе асистенти. Клубот е отворен преку цела година, а главната сезона им е од почеток на мај па се до крај на октомври. Нудат нуркање на преку 10 различни места кои се достапни со некој од нивните бродови на само неколкуминутна пловидба.

клик тука за повеќе фотографии >>>

 


На менито има нуркачки локации за најразлични вкусови.. од најосновни места до подводни пештери, кањони, зидови, итн.. За тие со по авантуристички дух се нудат и нуркања на потонати бродови од прва и втора светска војна. На реонот на Пула има многу такви потонатини. Бродови, подморници, авиони ..

Над самиот клуб има и ресторан кој е активен за време на сезоната. Може да се пробаат најразлични морски специјалитети и други разноврсни истарски јадења.

клик тука за повеќе фотографии >>>

поздрав од scubadive тимот на xmkd.com и КОРАЛИ


Нуркање во Пула, Хрватска    / 20-22 Август 2004

Викендов се организиравме и бевме на нуркање во Пула, Хрватска. Бевме на гости во клубот ORCA од Пула кој е сместен на плажата Верудела и има простории на сама плажа во склоп на познатиот хотелски комплекс „Хистриа„

Времето се погоди, сонце имаше преку целиот викенд и падна екстра нуркање и неколку интересни подводни фотки :)

клик тука за останатите фотографии од град Пула и од подвода >>>

поздрав од scubadive тимот на xmkd.com и КОРАЛИ


Што кријат бескрајните длабочини на океаните?

Проектот (SIMoN) - Sanctuary Integrated Monitoring Network ви нуди информации од најдлабоките точки на земјава наша водена :)

види тука повеќе >>


Подводен фото натпревар на scuba.com

види тука повеќе >>

предходни добитници..


КУБА, Варадеро подвода - Јануари 2004

види тука повеќе / кон филм галеријата >>


Нови подводни фотографии од Куба..

види тука повеќе >>



photo: Ivan Mirkovski 2004


Пливање со делфини, одлично искуство

Делфините знаеме дека се најпаметните суштества кои живеат во океаните и морињата. Значи, не се риби! и дишат воздух како и сите нормални хуманоиди.

Брзи (достигнуваат и до 40км/h брзина), интелегентни и што уште не.. вистинско искуство е да си со нив во вода..

Ова се се случуваше на Атлантски Океан, меѓу полуостровот Варадеро и островот Cayo Blanco.

Кликнете на малите сликички за да погледнете поголеми.








This The Scuba Ring site
owned by
Scuba Diving in Macedonia

[ Prev | Skip Prev | Prev 5 | List | Stats
Join | Rand | Next 5 | Skip Next | Next ]


11.01.2004 Нуркање на Куба!

Остров сеуште заробен во социјализам на чело со Фидел Кастро.

На првата слика гледате еден локалец од главниот град Хавана а на другата корален гребен на еден од нуркачките сајтови на плажата Варадеро

Видете ги фотографиите направени во периодот од 25 декември 2003 до 8 јануари 2004




10.01.2004 Наградата ке се додели на 14 Јануари 2004. Повеќе информации и резултати ке бидат објавени на главниот портал: xmkd.com


13.12.2003  Учествувајте во наградната игра на www.xmkd.com


05.12.2003

ново  Од денеска е пуштена англиската верзија на порталот ѕа нуркање scuba diving in Macedonia. Фалат уште некои мали делови но се работи на случајот..
Тука погледнете повеќе!


14.11.2003

ново  Денес стартуваше порталот за INLINE SKATING во Македонија kako дел од порталот за екстреми спортови во Македонија www.XMKD.com

Тука погледнете повеќе!


12.11.2003

Еден куп нови клипови снимани под вода додадени во категоријата филм
Тука погледнете повеќе!


11.11.2003

Во периодот од 2 до 6ти ноември се одржи курс за инструктори во Пула, Хрватска. Таму учествуваа и членови од нашиот нуркачки клуб КОРАЛИ кои напредуваа од асистенти во инструктори..

Наскоро и галеријатa и филмовите снимани под вода ке бидат објавени online..

прочитај повеќе...


bojan ivo i herman Manfred na -31 m



copyright © dive.xmkd.com 2003-2004
a division of XMKD.com