ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

plagijat Главна вечер на PEACE UNLIMITED FESTIVAL (МКЦ, 28.10.2005)
Уште една одлична рокенрол забава во организација на Civil. Во петокот во рамките на главната вечер на фестивалот Peace Unlimited на бината на Младинскиот културен центар се појавија два скопски и два битолски бендови. Паркети, Д.Н.О., Two Sides и Фолтин.
Големата сала во МКЦ беше полна како во старите добри времиња. Ситните пропусти во организацијата како што се доцнење на почетокот на концертот (за што добивме извинување од организаторот) и фактот што во еден момент снема пиво ќе ги заборавиме, бидејќи свирката беше повеќе од перфектна дури и на потпросечното озвучење кое го има во МКЦ.
Вечерта ја отворија битолските панкери - култните Паркети. Со својата свирка го промовираа својот најнов албум "Тајната на името". Беа фантастични како и секогаш. Сашо беше во елемент.. се качуваше на столче, рипаше, пееше дека го видел Попај.., а од другата страна и ние рипавме, се шуткавме и пеевме "..на месечина те заборавив...". Беше супер, но беше многу кратко. Или барем мене така ми се причини.

Инаку, албумот можеше да се набави на билетарата со доплата од минимални 50 денари на цената на картата. Паркети се претставија со постари песни, но и со неколку песни од новиот албум. Останатите песни од "Тајната на името" ветија дека ќе ги отсвират на следниот нивни концерт во Скопје кој би се одржал при крајот на годинава.

По нив на бината се појавија Д.Н.О. Д.Н.О. свират супер музика. Музика што е квалитетна и што лесно може да се продаде и во светски рамки, но да бидам искрен.. нивните настапи во живо некако ми се театрални. Како да се обидуваат да се прикажат онакви какви што не се.

Нивните фанови ги пречекаа со одушевување и верувам дека одлично си поминале за време на нивниот настап. Во тој период јас се симнав доле каде музика пушташе или DJ Charlie или DJ Z’ba a.k.a. Confuzio, трет нема. Ол ви ар сејинг из гив пис а ченс!

Трети на сцената се појавија Two Sides. Моќни и жестоки. Сигурни во својот настап. Со својата одлична свирка покажаа дека големиот број на концерти надвор од Македонија не бил случајност.
Хајлајт на вечерта: Зоки свири гитара качен на звучник! И уште нешто.. Кечо е најбољиот бубњар во Македонија! Го гледав ден претходно кога свиреше со Denny Te Chuva, еве сега и со Two Sides и можам да кажам дека моментално во земјава нема човек што лупа бубњеви како Кечо.
Freedom of life, respect and unity!
Честа да ја затворат оваа феноменална вечер ја имаа веселите и никогаш непредвидливи Битолчани - Фолтин.
Како и секогаш, Фолтиновци беа одлично прифатени од публиката. Сите играа и пееа. Се свиреа песни од трите нивни албуми, а и по нешто од Lo-Lee-Ta-Too - албумот кој го очекуваме повеќе од една година. Moulin Rouge is a dutch discotheque!
Откако ја отсвиреа генијалната преработка на Toxic од Britney ја напуштија сцената, но само за кратко. Публиката бараше уште, па Фолтиновци се вратија и на бис.
Главната вечер на Peace Unlimited заврши 15тина минути пред 1. Беше законастично на квадрат! Имаме екстра бендови кои знаат да направат супер журка! И многу ми е мерак заради тоа!
Тхт: Филип / Фото: Сања и Џими
муабети box
Chat Forum
email box

username



password
snow box