ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Ден трети, на фестивалот Неограничен Мир.

Уффф... прв пат од кога тргнавме со сајтчево да не можам да склопам текст. Едноставно не можам да најдам зборови со кои ќе го опишам тоа што се дешаваше вечерва во Детскиот театарски центар. Тоа можеше само да се доживее. Ама ај некако да почнам.

Скопје конечно доби нов концертен простор!! Ова беше моја прва посета на годинашниов PEACE UNLIMITED FESTIVAL и баш пријатно се изненадив кога влегов во Детскиот театарски центар. Одличен простор, пространа бина, прилично добро озвучење. Да се надеваме дека активностите во овој простор нема да престанат по завршувањето на PEACE UNLIMITED FESTIVAL и дека ќе се продолжи со концерти барем еднаш неделно и после фестивалот.

Сега да се префрлиме и на самиот концерт. Организаторот, ЦИВИЛ за третата фестивалска вечер ги најави MOOGER FOOGER и DENNY TE CHUVA..

Фантастичен избор на бендови. тешко дека можеше да биде подобар. Ова беше концерт на два бенда кој без проблем можеше да се одржи било каде во светов. Во Лондон, во Париз, во Рим.. хммм... во Грац.. нормално, со многу поскапа карта. Ама за среќа се одржа кај нас и цената на картата беше само 100 денари. Ова беше една од оние вечери во кои бев пресреќен што се наоѓам баш во Скопје!

MOOGER FOOGERе одличен гитарошки бенд. По малку потсетува на новите њујоршки бендови и е единствен таков бенд во Македонија. Или единствен таков бенд во Македонија за кој сум чул и јас. Нивниот албум го набавив во мај оваа година и бев воодушевен. Сепак, ова беше прв пат да ги гледам во живо. И супер се! Звучат подобро отколку на албумот. Грмење на гитари.. бубњарот лупа ко луд! Фантастикуе! Баш би сакал во скоро време да отидам на уште еден концерт на MOOGER FOOGER.

И после нив... тараммммммм... DENNY TE CHUVA!!!! Мојот фејворит македонски бенд... Афкорс, во дисторзирана варијанта. Мислам дека ова беше најдобриот нивни концерт по промоцијата на албумот.

Почнаа со Колку малку ни е потребнооо... (со Диме од Суперхикс како гостин) и се шекнавме! Скокање од прва до последна песна. Свиреа од се по нешто. Песни од времето на SIDEWALK, песни од нивниот деби албум Меѓу 4 ѕида и по некоја што ќе се најде на новиот албум. Нормално, на бис беше отсвирена и веќе култната Зборови. Ја почна Шон, а во текот на песната му се приклучија и Јане, Кечо и Коста. Рефренот го пееше публиката.

И тука негде беше крајот.

Се запалија светлата. Полека си тргнавме накај дома. Се чувствував супер.

Одамна не сум си прошол вака добро на некој концерт. Сигурно ова е еден од подобрите концерти на кои бев годинава. Сите што беа тамо знаат за што зборам, а другите.. само може да им биде криво дека го пропуштија овој концерт.

Утре (петок) на програмата на фестивалот:

Детски театарски центар
11:00
Работилници
Уметноста против оружјето

15:00
НВО презентации
Граѓанинот без пиштол

17:00
Филмски проекции

18:00
Трибина "Екстремните спортови во Македонија" + проекција на С.К.И.Р.О.Л 2

МКЦ
20:00
Концерт
Сцена горе:
Two Sides
Паркети (промоција на албумот "Тајната на името")
Д.Н.О.
Foltin
Сцена долу:
DJ Charlie
DJ Z’ba a.k.a. Confuzio

муабети box
Chat Forum
email box

username



password
snow box