SNOWBOARDING in Macedonia
SNOWBOARDING in Macedonia

skateboarding
English Version coming soon...Can't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding

Колку често возиш сноуборд во сезона?
Секој ден.
Еднаш неделно.
Еднаш месечно.
Поретко од еднаш месечно.
Снежна прогноза:
Шапка
Маврово
Крушево
Отешево
Боровец
Банско

Време:
Скопје
Кликни за повеќе...
Битола
Кликни за повеќе...
Охрид
Кликни за повеќе...
Прилеп
Кликни за повеќе...
Повеќе...

Google

 

skateboarding

skateboarding

SNOWBOARDING in Macedoniaskateboarding

CETNIKS

> Репортажи: XMKD SNOW Сесии | ски центар: Hintertux (Austria) |ски центар: Kitzbuehel (Austria)  | Шапка бај Пеце | ски центар: ски центар Шладминг (Австрија)


Попова Шапка, период 3-8 јануари 2006-та. Време и терен погодни за игра…

Klik za poveke...

Еве ме и мене. Решив одблизу да ви ја доближам ПоповоШапската атмосфера во овој период од годинава, пошто гледам дека ретко на кој му текиње дека Македонија има уште еден ски центар (додуша троа подзапуштен) и дека можете комотно да си ги активирате автомобилите, да се организизрате едно 3-4-орица и да му ја летнете нагоре на еднодневна екскурзија. Повеќе...

Пеце
___________________________

14.03.2004 XMKD big air&rail SNOWBOARD сеш'н број 2 одржан на ден 03.13.2003!

Ден: Сабота.
Локација: Бистра, Маврово.
Време: Сончево без ветар.


На сликата: Симона - 360; Фотограф: Димитар Лазаревски - Џими

Во Маврово стигнавме околу 10:30ч. Не бевме јадени од сабајле па седнавме во Капри на кајгана со шунка и кашкавал. Набрзина ја издовме и веднаш се упативме нагоре со жичарата да видиме каква е состојбата со snow-паркот. Горе ни хајфпајп, ни скок, само четирите шипки штрчат од напаѓаниот снег. Значи биг аир-от од кој што скокавме до сега беше затрупан со снег со што на тоа место беше формирана блага нагорнина од која во никој случај неможе да се одскокне. Решивме да направиме скок. Земавме лопата од најблискиот скилифт и почнавме да трупаме снег. Направивме мало скокче. Но некако не не фаќаше око при што Бокса го предложи правото решение! Ратрак! Како нарачан ете го иде одоздола да си брка некоја работа. Внатре млад дечко со Ray Ban цвикера - фраерче се гледа одма. Наша среќа што се погоди он во ратракот (Големо фала до дечкото со ратракот!). Го замоливме да ни направи скок, а Бокса влезе со него во ратракот да му објасни како да го направи. Кликни овде за видео клип од правењето на скокот. За 15-20 минути имавме биг аир во права смисла на зборот. Нино и Бокса го дообработија одскокот, transition-от, и доскокот со лопата, но пошто веќе беше касно почнавме да скокаме иако на скокот му требаше уште дообработка (конкретно пристапот не беше баш рамен, отскокот треба малку да се извиши, а и доскокот пред надолнината не беше израмнет). Оли и Нино со скии и сноу блејд веднаш почнаа да летаат со 360, хилихоптер, грабови и што се не. Симона заврте една 360-ска (колку се леташе може да претпоставите од сликите). Поскокавме уште некое време, ги исклучија скилифтотвите и набрзо врабтените од кај жичарата почнаа да викаат: Ајде бе вие таму, одма да сте се симнале, готво е!!!
Така некако помина snowboard session-от број 2. Се на се имаше помалку присутни него првиот сеш'н, но повеќе се леташе, а и направивме биг аир што може да се мери и со светските стандарди. Е да, ако одите деновиве, заштита од сонце обавезно да си земете, фактор миљон:)! Еве и неколку видео клипови: 01, 02, 03.

п.с. Сите фотографии на сешнот ги чкрапна професионалниот фотограф Димитар Лазаревски - Џими.

 

 

 

До следно видување, поздрав од тимот на SnowMKD.  

24.02.2004 XMKD big air&rail SNOWBOARD сеш'н број 1! Tекст Верзија.

Ден: Сабота.
Локација: Бистра, Маврово.
Време: Сончево со умерен ветер.

Па драги мои бордери и бордерки се одржа за сега првиот (но не и последниот) Snow Session организиран од страна на SnowMKD.


Валисевски Никола

Како што веќе знаете, Мавровскиот ски центар од оваа година реши да не почасти со еден Snow Park, кој во суштина и не е толку далеку од вистинското нешто, но треба да се знае дека за добро организиран парк треба многу, многу работа (сигурно сте виделе како изгледаат парковите ширум Европа и Америка). Меѓутоа паркот е таков каков што е, и не треба да се жалиме. Освен тоа што за негово добро функционирање треба искуство пред се и малку повеќе труд од страна на ски работниците во Маврово (кои патем не се загрижени што пајпот нема добар Transition, а Big Air-от нема добар пристап после неколку вакви одрзани сешни, додека Rail-овите се доста пристојни и бордабилни). Него да не заборавам да кажам дека сето ова немаше да биде реалност доколку луѓето од сноуборд клубот Полар со полна пареа не го изработија тоа што сега ние и тие го уживаме. На скала од 1 до 10, добиваат чиста десетка од тимот на SnowMKD. да се вратиме на сешнот. На наше изненадување се појавија доста бордери, скејтери, ролери, што значи дека не само што биле информирани добро (хехе), него и процентот на бордери во Мак бележи драстичен пораст оваа година. Се надевам дека со отварањето на Snow Park-от и со организирање на разни манифестации, би ја освежиле ионака подзаборавената фристајл сноуборд сцена во МАК. Паркот постои за изведување на разни трикови, па од поинтересните би ги издвоил големите Air-ови на Раде и Бојан и малата Симона која е најперспективна бордерка на сите времиња во МАК. Сите други бордери ги имаа своите “пет минути”, што значи дека се на се сешн-от помина како една голема журка која означува почеток на некои добри, идни случувања. Меѓутоа се случија и непредвидени настани (Раде си го скрши зглобот на раката, а имавме и случај на откорнат вез), што не наведува на фактот дека секој бордер треба да прави трикови со тежина која му е достапна во моментот (ако ме сваќате). Исто така треба да се борда со сигурносна опрема која е наменета за вакви егзибиции, а за која можете да прочитате во отсекот Заштита. Наскоро тимот на SnowMKD ќе се погрижи да организира уште еден сешн, за кој ќе бидете благовремено известени преку нашата Web Страна.

П.С. Да не заборавам, сите случувања се архивирани на лента за ваше уживање, а имате и линк за download на видео од Македонскиот Snow Session Бр.1.

До следно видување, поздрав од тимот на SnowMKD.  

23.01.2004 - ИНТЕРАКТИВНА МАПА НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ ВО АВСТРИЈА, наскоро и репортажи за истите...

(ако не ја гледате здравје, ви фали JAVA, оди тука и инсталирај си ја ако сакаш :)

XMKD.com заедно со map24.de ви ја претставува интерактивната мапа на ски центрите во Австрија заедно со цела авто-карта на Европа.

Упатство за употреба: Со десен клик се движите низ мапата додека со лев клик&влеч селектирате предел за зумирање.

За жал просторите кои не се во Европска Унија не се вклучени, но и така и така доволно ги гледаме и слушаме по вести, па уште и на мапа ни фалат :) Епа слободно шарајте по Европа. Тоа што е маркирано со знаменца се најатрактивните места за скијање во Австрија. НАСКОРО очекувајте и рецензии за истите.

Сега за сега ги имаме следниве: Лех и Цурс, Шладминг, Кицбил, Капрун, Хинтертукс, Бад Клајнкирхајм.. наскоро и нови...

skateboarding

copyright © Xmkd.com 2004-2012
a division of XMKD.com