Скијачкиот
центар Kitzbuehel односно по нашки прочитано Кицбил
се наоѓа во северозападна Австрија блиску градовите
Салцбург (80км), Минхен (120км) и Инсбрук (110км).
Самиот ски центар е градче со околу 8000 жители
сместено во котлина среде Алпската регија Кицбил
на надморска височина од околу 800м. Заедно со уште
неколку градчиња: Аурах, Раит, Кирхберг и Јохберг
го градат можеби еден од нај монденските ски центри
во Европа.

Кицбил навечер

Центарот
има огромен број на стази за скијање, околу 145км
идеални места за скијање. Од почетници до авантуристи
кои сакаат длабок снег, карпи и бесконечни шуми
и кањони. Моментално најголемата атракција е новата
жичара која ги поврзува ски центарот Кицбил и ски
центарот Јохберг во еден. Тоа е последен крик на
технологија, односно 3 сајли со распон од 2,5 км
од една планина до соседната планина, без ниту еден
столб помеѓу.

на
сликите: Жичарата помеѓу Кицбил и Јохберг. Најголем
распон од столб до столб во светот 2,5км, со височина
од 400метри.

Градчето
нуди безброј занимации.. од базен со топогани, пабови,
барови, ноќни клубови па се до најлуксузни ресторани
и хотели. Може слободно да се спореди со Монте Карло
но овој пат на снег.. Една голема работа што оди
паралено со секоја сторија за Кицбил е познатата
скијачка трка која се одржува секоја година при
крајот на Јануари. Големата Ханенкам трка во спуст,
супер Г и слалом. Во тој период градот е преполн
со туристи од цел свет. Од Јужна Африка, Англија,
Америка, Русија, Франција итн.. Не ни помислувајте
да одите таму помеѓу 15 и 24 Јануари :) Место нема
а и да има ќе чини премногу. Би ви препорачале друг
ски центар во тој период!

Во
нормална висока зимска сезона (средина на декември
до средина на март) градчето исто така е преполно
но тоа е веќе убаво во споредба со периодот на Ханенкам
трката. Најинтересно е дека намалку се слуша германски
јазик. Годинава на пример преовладуваше руски и
англиски. Баровите и ноќните клубови се преполни
со туристи од Англија, Шведска, Франција итн.. На
секаде може да се употребува англиски јазик што
е предност во споредба со другите ски центри во
Австрија.

Дневната
ски карта чини околу 30 до 35 евра а осум дневна
веќе од 205 евра. За млади до 15 години и деца има
попуст. За престој може да се најдат приватни апартмани
кои би чинеле некаде од 30-50 евра ноќ/особа. Хотелите
чинат од 150евра ноќ/особа па нагоре.

-
Официјална веб-страна: (англиски
јазик)








|