Скијачкиот
центар Хинтертукс се наоѓа во централна Австрија
200км јужно од Минхен(Германија) а 60км југоисточно
од Инсбрук (Австрија). Сместен е меѓу големите Апли
наречени Ziller (Цилер), а најдолната станица на
самиот центар лежи во долината Zillertall (Цилертал)
на надморска височина од 900м. Конфигурацијата на
глечерот е многу интересна. Првата платформа (станица)
се наоѓа на 2100м/надморска височина. До таму се
пристигнува со жичара. Потоа се продолжува до 2660мнв
со жичарата „Gletscherbus I" и фактички од
тука почнува глечерот. Од минатата година има и
можност (кога има снег во долината) да се скија
и до доле (долината на 900мнв).
Потоа од 2660мнв со жичарата „Gletscherbus II"
се продолжува до 3250мнв, која е и највисоката точка
пристапна за бордери и скијачи (може да се оди и
off track но при незгода осигурувањето од картата
не ги покрива трошоците за хоспитализација..

Центарот
е исто така познат по тоа што „го бие„ глас на добро
време.. Многу ретко се сретнува на Хинтертукс облачно
време, незнам ни јас кога успева да врне снег бидејќи
е еден од „најзавеаните„ центри, со просечна снежна
височина од 2-3 метра во секој период од годината
(на глечерот, од 2700мнв па нагоре).

Највисоката
точка има поглед на сите околни врови.. се има чувство
дека се гледа цел свет
Стазите се подготвени на највисоко ниво, со одлична
подлога и одлична температура на снег во скоро секој
период од годината. Исклучок се само летните месеци
од Јуни до Август кога скијањето е ограничено од
9h до 13h (никој нема да ве избрка и по 13h) бидејќи
снегот станува мек и влажен. Температурата се качува
до 10 степена и е идеално за сончање, не се ретки
топлес случаи. Сонцето е пресилно, бидејќи се рефлектира
од снегот и затоа исклучителна претпазливост се
препорачува.

Дневната карта варира од сезона, цената и се движи
од 25еур. до 34еур. во висока сезона. Попуст за
студенти непостои (како и во сите ски региони во
Европа). Има попуст за деца до 15 години, постари
особи над 70 години и фамилијарни карти. При купување
на неделна карта се добива минимален попуст, додека
за дво- и тро дневникарти никаков. Картите се оспособени
со чип кој автоматски ви дава пристап до сите лифтови
и жичари без да треба воопшто да мислите за картата
а камоли да ја вадите или да ја покажувате некому..

Овој
скијачки центар е меѓу неколкуте најквалитетни во
целиот алпски регион. Преку целата година има илјадници
љубители на белиот спорт, алпинизам и ice-climbing,
кои доаѓаат од цела Европа само за да го доживеат
единственото искуство да се биде со скии/борд на
кровот на светот.
-
Линкови за работа на скилифти и моментална состојба
со снег и временски услови
-
360 panorama za 4 tocki na planinata

-
Како да стигнам до Хинтертукс
-
Вебстрана: (англиски
јазик) (германски
јазик)
|