Денеска, на 18 март Маврово беше домакин на 4-от
европски куп во сноубоард на кој земаа учество натпреварувачи
од Македонија, Србија и Црна Гора, Бугарија и Словенија.
Благодарение на Ски Федерацијата од Македонија кои
беа организатори на овој настан, како и на поддршката
од Cosmofon, љубителите на спортот, а особено оние
на екстремните спортови, имаа можност да ги проследат
во живо храбрите скокови на натпреварувачите во овој
сноуборд куп.
Словенците како најискусни во оваа дисциплина се
покажаа и најдобри, и ги освоија првите три места.
Суса Анзе е победникот во BIG AIR на
Европскиот сноубоард куп чија техника, скок и вештина
беше пресудна тој да се пласира пред второпласираниот
Рене Стргар и третопласираниот Матеј Павлич.
Скоковите беа со висок квалитет кој ги задоволува
дури и европските стандарди на BIG AIR дисциплината.
На специјално направената скокалница, оставајки ја
присутната публика без здив, европските сноубордери
ги демонстрираа своите вештини и спортска техника
во BIG AIR. Скоковите ги оценуваа: Ваис Панагиотис
од Грција (Технички делегат), Борче Јаневски од Македонија
(шеф на натпреварот), а главен судија беше Жељко
Милановиќ од Србија и Црна Гора.
BIG AIR е нова и атрактивна дисциплина
во сноубордот која за првпат се одржува во Македонија,
а љубителите на белите спортови ја оценија како најголем
и највозбудлив настан кој сезонава се случил во Маврово.
Овој викенд, Cosmofon го сподели предизвикот на
сноубордот со оние кои имаа можност да бидат дел
од овој исклучителен настан. Традиционално, веќе
трета година по ред Cosmofon ги поддржува натпреварите
во сноубоард во Маврово.