Се
случи
уште еден
Таксират.
(Шеста
година
по ред)
|
|
 |
 |
 |
 |
Организациски
најдобар
до сега,
што е и
нормално.
Со озвучување
и лајт
какви
што прилегаат
на најголемиот
македонски
музички
фестивал.
Многу
рано, веќе
дваесетина
минути
по отварањето
на вратите,
халата
речиси
беше полна.
Во првите
редови
беа металците
кои нетрпеливо
го чекаа
почетокот
на настапот
на легендарните
Kreator |
 |
 |
 |
Овој нивни настап
беше нивни
единствен
на Балканот
годинава,
а воедно
и предпромоција
на нивниот
албум Enemy of God кој треба да
излезе
во јануари
наредната
година.
Вистинска
ексклузива.
Заради
Kreator
во
Скопје
допатуваа
нивни
фанови
и од Бугарија
и од Србија. |
 |
 |
На
почеток
мора да
напоменам
дека не
слушам
метал.
Но, германските
метал
легенди
ме воодушевија
со својот
настап.
Kreator беа фантастични
и звучеа
моќно.
Публиката
ги дочека
како вистински
ѕвезди,
а тие се
реваншираа
на вистински
начин.
Фронтменот
Mille Petrozza на бис
се појави
со македонско
знаме
и рече
дека публиката
е fucking amazing. Очигледно
момците
од бендот
беа презадоволни
од својот
настап
и од начинот
на кој
ги прифати
скопската
публика.. |
 |
 |
 |
Добра
вечер!
Ние сме
Let 3 од Ријека,
Хрватска.
Така Прља
го најави
настапот
на хрватската
рок атракција.
Шоуто
наречено
Let 3 буквално
ја растури
првата
хала на
скопскиот
саем. Стриптиз,
крзнени
одела,
долги
мустаќи,
претставување
на членовите
од бендот
со огромни
лични
карти.
Се тоа
со одушевување
беше прифатено
од многубројната
публика.
Отсвиреа
неколку
хитови
како Profesor Jakov, PNNK,
како и
легендарната
Izgubljeni. Ексклузивно
беа отсвирени
и неколку
песни
од албумот
Bombardiranje Srbije i Čačka кој наскоро
треба
да се појави
во продажба.
Најголемо
изненадување
за посетителите
на Таксират
беше песната
Zurle која
претставува
преработка
на една
македонска
народна
песна.
Долготрајниот
аплауз
беше големо
благодарам
за нивниот
одличен
настап. |
 |
 |
 |
Следеа
Athena. Ска панк
бенд од
Истанбул.
Lithium Records, организаторите
на овој
фестивал
се обидуваа
да ги доведат
веселите
Турци
уште пред
некоја
година.
И ете, им
успеа
кога популарноста
на Athena порасна
уште повеќе
по нивниот
настап
на Евровизија.
Во нивната
кариера
се запишани
и настапи
со големи
бендови
како што
се: Beastie Boys, Rolling
Stones, The Cardigans, Die Artze и
многу
други.
60тина минути
публиката
уживаше
во нивниот
енергичен
настап.
Ја отсвиреа
и химната
на фудбалскиот
клуб Фенербахче.
Отсвиреа
и кавери
на големите
хитови
Should I Stay or Should I Go на Clash и One Step Beyond на Madness. За крај
ја оставија
евровизиската
песна
For
Real. Атмосферата
во халата
го достигна
својот
максимум.
Athena дефинитивно
беа вистински
избор
на организаторот! |
 |
 |
 |
 |
Следни
требаше
да свират
The Wailers. Но
следеше
подолга
пауза
пред почетокот
на нивниот
настап.
Тоа придонесе
делумно
да падне
атмосферата
во халата
и да дојде
до нервоза
меѓу посетителите
на фестивалот.
Сепак
веќе со
првите
тактови
на од првата
песна
што ја
отсвиреа
Wailers сите
беа на
нозе. Немаше
човек
кој можеше
да одолее
на хитовите
на Bob Marley. |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
Честа
да го затворат
шестото
издание
на Таксират
ја имаа
белграѓаните
Darkwood Dub. Српските
електропионири
со нивниот
прецизен
настап
ја развеселија
својата
публика
која остана
до раните
утрински
часови
на скопскиот
саем. |
 |
Помина
уште еден
успешен
Таксират.
За момент
луѓето
заборавија
на своите
секојдневни проблеми
и уживаа
во одличната
музика.
Шестото
издание
на Таксират
беше забава
која уште
долго
ќе ја паметиме.
Лошо е
тоа што
наредната
вака добра
забава
ќе биде
наредниот
Таксират. |
 |
 |
 |
 |
Поздрав
од Филип и Џими до следната луда журка! |