ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Она што одамна требаше да му се случи на Скопје!
Simple Minds кај нас!?! Зарем е можно??? Кога почна да се шушка дека ќе доаѓаат, не ми се веруваше дека еден таков ГОЛЕМ бенд ќе одржи концерт овде, ама дознавајќи дека заслугата за тоа ја има Авалон, знаев дека не е само чаршиски муабет. Па дечките ги донесоа и Moloko, Kosheen, Faithless и Deep Purple. Помислив, алал да им е, значи сериозно си ја работат работата. Ниеден од гореспоменатите концерти не е за потценување, сите одлично поминаа и со посетеност и атмосфера, но пред се професионалност од страна на бендовите, особено настапот на Deep Purple кој за мене лично има големо значење – беше повод за најубавата пресвртница во мојот живот.
Но, она што одамна требаше да му се случи на Скопје и Македонија, се случи на 12.04.2006 (среда, во 21h на Саем) – концерт со душа, емоции, енергија, искреност и позитивно расположение, професионалност што воодушевува, музика што доведува до солзи. Беше како сон од кој не сакаш да се разбудиш, за момент си на Wembley или во Royal Albert Hall...во секој случај СВЕТСКИ!!! Озвучување: wow не сум знаела дека нашиот саем може да звучи толку добро (треба да се гордееме што опремата е наша – на Камиказа); Професионалност на бендот: до смрт (фала богу си носеа и нивни човек на миксета), Charlie Burchill имаше околу десетина гитари на бина, на момент си викаш овие да не се заборавија па мислат дека се во Лондон или Њујорк зашто не ти се верува како звучат и изгледаат на сцена; Атмосфера во публика: лудница – и тие што не ги знаеја песните скокаа и урлаа во занес, веќе не беше важно кој си, како си и зошто си дошол таму, едноставно не можеш да ги одлепиш очите од Jim Kerr кој пееше како пред своја публика во Шкотска.
Овој настап им беше дел од светската турнеја за новиот албум Black & White 050505, ама секоја чест што ги отсвиреа така добро и оние старите ствари како: Don’t you forget about me, She’s a river, Hypnotised, Alive & kicking и Belfast child на која публиката буквално здиве слушајќи го само првиот тон, па мораа да почекаат да се смири за да ја почнат песната. Македонското знаме ја красеше бината цел концерт иако со штипки закачено на плексиглас :-) сепак уште една голема гордост. Но најмногу се разбуди патриотското чувство во нас кога Kerr рече дека биле и во Љубљана, Загреб, Сараево и Белград, но ваква публика немало нигде. “You are fascinating audience, unbelievable” повторуваше постојано, не им се веруваше ни нив како е можно една мала земја (за која веројатно првпат чуле сега) да е толку музикална и да ги прифати на таков начин, а не ни се веруваше ни нам дека сме дел од концертната историја која ја напишаа токму овие професионалци поставувајќи ги критериумите за тоа како треба да изгледа и звучи еден бенд во живо ако сака да биде светски, онака како што Jimi Hendrix на времето им покажа со неколку рифови на тие после него како треба да свират rock’n’roll.
Радуваше и фактот што на концертот присуствуваа претежно вљубеници на ваков тип музика, кои навистина уживаа (имаше и многу постари луѓе, сепак групава е од нивно време), немаше многу залутани типчиња кои воопшто не чуле кои се Simple Minds. А тие Едноставни Умови потврдија дека се се’ само не едноставни, дека нивната музика е вредна да се конзумира почесто од еднаш на ден, па не за џабе имаат завидна дискографија од над 30 албуми. А ако не сте ги чуле никогаш, веднаш фрлете се на работа, имате многу да учите!
Македонската публика беше сведок на настан кој долго ќе се памети и уште долго ќе се зборува за него, не само како концерт кој бил добар и поминал, туку како момент кој ти се врежува длабоко во срцето и го носиш со себе цел живот. Simple Minds – фала што ни го разубавивте животот, ве чекаме пак!
Поздрав, Џими & Илина!
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box