|
денеска
е:
Вторник, Мај 6, 2025
- OFFEST 2005 na plostad |
|
Интересна
беше идејата
на организаторот
на Off Fest, последната
фестивалска
вечер
да се одржи
на градскиот
плоштад.
Музика
+ ефтино
пиво (во
околните
продавници)
= добра
забава.
Дефинитивно
ова е потег
кој мора
да се поздрави.
Да се надеваме
дека тоа
ќе стане
традиција
и за наредните
изданија
на фестивалот.
По настапите
на Danyel
Waro од
Реунион,
португалската
фадо
пеачка
Mariza и
одличниот
американски
рок состав
Mercury Rev, честа
да го затворат
фестивалот
ја имаа
Бразилците
Nacao Zumbi
и британскиот
бенд Transglobal
Underground. |
|
|
 |
 |
|
|
 |
|
|
 |
Настапот
на Nacao
Zumbi започна
со прилично
големо
доцнење.
Нивната
музика
се базира
на ударачките
инструменти.
Бендот
има осум
членови
од кои
дури шестмина
свиреа
на различни
видови
на тапани.
Нивниот
стил на
свирење
се нарекува
манге
бит и претставува
комбинација
на традиционалните
ритмови
од североисточен
Бразил
со урбаните
стилови
како метал,
хард-фанк
и даб-реге.
Искрено,
очекував
многу
повеќе
од Nacao
Zumbi. Звучеа
досадно,
се чувствуваше
недостатокот
на уште
некоја
гитара
и сите
песни
личеа
една на
друга.
Не останав
до крај
да го отслушам
нивниот
настап
туку тргнав
во потрага
на Скопско
во литарско
пакување.
Очигледно
не бев
единствен
кој бараше
шише од
најдобриот
и најефикасен
освежителен
пијалок.
Потрагата
заврши
по 25 минути,
односно
по десетина
поминати
продавници. |
 |
 |
|
 |
|
 |
 |
|
|
|
Кога
се вратив
веќе беше
започнат
настапот
на Transglobal Underground. Британскиот
бенд кој
во Скопје
настапи
како дел
од промотивната
турнеја
на својот
најнов
албум
Impossible Broadcasting. Може
некој
од вас
го памети
нивниот
одличен
настап
на фестивалот
Таксират
од пред
неколку
години.
И овој
пат одлично
се претставија
пред скопската
публика.
Речиси
немаше
човек
кој не
скокаше
понесен
од заразната
музика
на Transglobal
Underground.
Со својот
настап
покажаа
дека се
еден од
најмоќните
британски
бендови
кои се
особено
уверливи
во своите
настапите
во живо.
(фото бај Џими, текст бај Филип)
|
Pozdrav! |
|
|
|
муабети
box |
|
email box |
|
snow box
|
|
|