Music Non Stop - Kraftwerk во Скопје,
16.06.2005 |
|
Звучи
толку
нереално!
Звучи
толку
неверојатно!
Звучи
како првоаприлска
шега! Но,
и тоа ни
се случи!
Легендарните
Kraftwerk,
пионерите
на електронската
музика
настапија
во Скопје!
И не само
што настапија,
туку со
својот
незаборавен
настап
ги оставија
посетителите
од Скопје
и од цела
Македонија
уште долго
да ја прераскажуваат
оваа јунска
вечер.
Слободно,
уште од
сега настапот
на Kraftwerk
можеме
да го прогласиме
за концерт
на годината.
Нема да
згрешиме
и ако го
прогласиме
за најдобар
концерт
во поновата
македонска
историја.
Литиумци
со организирањето
на овој
концерт
дефинитивно
ги поместија
стандардите
во концертниот
живот
во нашиот
град. Веќе
ништо
не е како
порано. |
|
|
_resizeb.jpg) |
_resizeb.jpg) |
|
|
_resizeb.jpg) |
На
билетарата
пред влезот
на саемот
ме дочека
натписот
sold out. Тој факт
ме израдува
искрено,
бидејќи
барем
за момент
Македонија
заличи
на нормална
европска
земја.
Дојдовме
до ситуација
која е
голема
реткост
во нашата
држава.
Распродаден
концерт.
Ситуација
која се
надеваме
дека ќе
ги охрабри
Литиумци
и дека
наскоро
ќе го почастат
Скопје
со уште
некое
големо
име од
светската
музичка
сцена.
|
|
_resizeb.jpg) |
|
_resizeb.jpg) |
_resizeb.jpg) |
Халата
беше преполна
со публика
од сите
генерации.
Приближно
околу
4500 посетители.
Од тинејџери
па се до
средовечни
луѓе кои
растеле
со музиката
на Kraftwerk.
Точно
во 9 часот
започна
концертот.
Се отвори
завесата,
а на бината
се појави
култната
четворка
од Дизелдорф
со своите
лап-топ
компјутери
пред себе.
Публиката
еуфорично
со аплаузи
и извици
на задоволство
ги дочека
германските
пионери.
Започнаа
со The Man-Machine, а потоа
не прошетаа
низ целокупниот
нивни
материјал.
Беа отсвирени
и неколку
песни
од нивниот
последен
албум
Tour de France Soundtracks.
Веројатно
најспектакуларен
момент
од концертот
беше кога
четворицата
членови
на Kraftwerk ја напуштија
сцената
и за време
на The
Robots им
го препуштија
местото
на роботите
со нивните
ликови.
Роботите
кои се
еден вид
заштитен
знак на
групата. |
_resizeb.jpg) |
Во
завршниот
дел од
концертот
се појавија
со специфичните
светлечките
одела.
Својот
настап
го донесоа
при крај
со две
песни
од Tour
de France
Soundtracks, одличните
Elektro
Kardiogramm
и Aero
Dynamik.
По цели
два часа
и десет
минути
перфекција
со Music
Non Stop беше ставена
точка
на овој
спектакл.
Членовите
на групата
еден по
еден ја
напуштија
бината
отпоздравувајќи
и на публиката.
Публиката
која во
транс
аплаудираше
уште долго
по завршувањето
на концертот.
|
_resizeb.jpg) |
Затоа
и не треба
да не изненадат
импресиите
на Ralf
и Florian
кои им
ги пренеле
на Литиумци веднаш
по концертот:
“Петнаесет
денови
по почетокот
на турнејата
ова беше
најдобриот
концерт
и најдобрата
публика.
Пренесете
им на сите
во Македонија: Next year,
we are here again with a new album..
and MUSIC NON
STOP!“ |
|
|
И
што сега
по Kraftwerk? Што можевме
да очекуваме
од Kraftwerk, ако не вистински
спектакл?
Аудио-визуелен
спектакл
кој не
смееше
да се пропушти.
Огромна
бина со
екран
во позадината
на кој
постојано
одеше
совршено
синхронизирана
видеопроекција.
Перфектно
озвучување
и осветлување.
Едноставно,
ова беше
концерт
кој немаше
ниту еден
минус.
Скопје
звучеше
добро!
Скопје
звучеше
европски!
И сите
се чувствуваме
супер
заради
тоа! Не
е мала
работа
да се каже:
Јас ги
имам гледано
Kraftwerk во живо. |
Pozdrav,
Filip! |