|
денеска
е:
Doghouse + Endless Effort во Life Radio
(21.10.2005)
|
Беше
пукната некоја цевка, па целиот клуб
на Лајф Радио беше раскопан. И извесен
период немаше концерти.
Во петокот, на денот кога во Универзална
се отвараше скопскиот џез фестивал,
во клубот на Лајф Радио со жестока
панк свирка беше продолжена годинашнава
концертна сезона. |
|
Изборот
на групи кои свиреа - одличен! Ѕвезди
на вечерта беа Doghouse - панк рок состав
од соседната Србија и Црна Гора, а како
support бенд настапија домашните Endless
Effort.
Endless Effort е релативно млад состав
од Куманово кој го бара своето место
на македонската рок сцена. Свират emo
core. |
|
Клубот
на Лајф Радио беше преполн со млади
луѓе кои ја сакаат оваа музика. Свирката
започна со мало доцнење, но тоа воопшто
не влијаеше на атмосферата. Младите
Кумановци со својата свирка која траеше
околу пола саат одлично се претставија
на скопската публика.
Коментиравме дека е супер што и надвор
од Скопје има момци кои се обидуваат
да направат музика и кои успешно го
прават истото.
Петнаесетина минути по Endless Effort
на бината се појавија и Doghouse. Формирани
се во 1998 година и до сега имаат објавено
два албуми. |
 |
Имаат
настапувано на многу фестивали низ
Србија и Црна Гора, меѓу кои и на
нивниот најголем фестивал EXIT во
2002, 2003 и 2005 година. Сепак ова
беше нивни прв концерт во Македонија.
Doghouse беа супер. Мелодични и весели.
Жестоки. Нивните песни носат порака
дека за некои работи во животот едноставно
мора да се избориш. Don’t be a slave,
break down those walls in your head.
По малку потсетуваа на Good Riddance.
Одлично беа прифатени од публиката
која скокаше на секоја нивна песна.
Во саботата и Тетово имаше можност
да го проследи настапот на овој одличен
бенд. Настапуваа во тетовското Rock
Кафе. Претпоставувам дека и тамо имало
слична атмосфера.
Doghouse фала ви за одличната вечер!
Па дојдете ни пак!
Поздрав,
Филип |
|
|
|
муабети
box |
|
email box |
|
snow box
|
|
|