|
денеска
е:
Недела, Мај 11, 2025
Denny Te Chuva на Машински,
17.06.2005 |
|
По
повод
(ова сега
го препишувам
од флаерот)
завршувањето
на првата
година
студии
по европски
кредит
трансфер
систем
на паркингот
на Машинскиот
факултет
беше организирана
журка.
За добро
расположение
на публиката
беа задолжени
Juke Joint Express, Denny Te Chuva,
Dedicated
For Life, како и DJ-ите Midichlorion
и Fluid.
Искрено,
нас најмногу
не интересираше
настапот
на нашите
пријатели
Denny Te Chuva.
Па така
тоа беше
и единствениот
дел од
журката
на кој
присуствуваме.
|
|
|
 |
 |
Шон, Јане, Коста
и Кечо
својот
деби албум
Меѓу 4 ѕида
го промовираа
пред два
месеци
во клубот
Вега.
Албумот
е фантастичен
- одлична
музика
во комбинација
со уште
подобри
текстови.
Интересен
е податокот
што албумот
е снимен
во акустична
верзија. |
|
 |
|
|
 |
|
 |
 |
Но
со свирката
на Машински,
Denny Te Chuva
ја најавија
и дисторзираната
верзија
на албумот
Меѓу 4 ѕида.
Во оваква
верзија
песните
звучат
уште подобро.Момците
од Denny
Te Chuva со овој настап
покажаа
дека моментално
се најперспективниот
бенд во
нашава
земја.
Единствен
проблем
е што свират
во Македонија.
Бидејќи
со квалитетот
кој го
поседуваат
нивниот
успех
воопшто
не е доведен
во прашање.
Но тоа
важи за
нормалните
држави.
|
 |
|
 |
 |
|
На
концертот
беше видливо
дека веќе
имаат
голем
број на
фанови
кои ги
пееа
песните
заедно
со нив.
Атмосферата
го доживеа
својот
максимум
за време
на изведбата
на песната
Проклет
Балкан
од Sidewalk.
Секако
за бис
беше сочуван
нивниот
најголем
хит, уште
една песна
од времето
на Sidewalk - Зборови.
Потребни
ми се сега
твоите
зборови,
пријателе... |
Pozdrav,
Filip! |
|
|
|
муабети
box |
|
email box |
|
snow box
|
|
|