Тууу... ама
го задрвев.
Пројдоа
скоро две
недели од концертот на Blackfire, а уште
не сум шкрабнал ниеден ред на
сајтов.
Настапот на
овој американски
бенд беше дел
од
промоцијата на овогодинашниот Таксират.
Истовремено
тоа беше и отварање на сезоната
во клубот на Life Radio.
Кога
стигнав
тамо..
пријатно
изненадување.
Покрај Таратур како supportбенд
настапија и
момците од
наше маало,
Лоши деца. Со
нов бубњар..
Жица и
компанија ја
отворија
оваа концертна
вечер. Со
својот
одличен и
жесток
настап покажаа
дека се еден
од
најперспективните
бендови во
нашата земја.
Да се
надеваме
дека наскоро
ќе имаме
можност да ги
погледаме и
во некој поголем
концертен
простор.
По
нив
настапија
Таратур. Нив
веќе ги познаваме
од настапот
на XMKD журката
која се случи
на 30ти март оваа
година. Лоши
деца и
Таратур со
своите
настапи ја враќаат
надежта во
македонската
рок сцена. Сепак,
овие момци
мораат да
имаат
соодветна подршкапред се од
медиумите, а
и од сите нас
за да успеат
и да станат
големи
бендови.
Ѕвезди
на вечерта
беа Blackfire. За
нив музиката
претставува
фамилијарен бизнис.
Групата ја
сочинуваат
двајца браќа
и сестра кои
имаат
потекло од
индијанското
племе Navajo.
Уште еден
интересен
податок е
дека нивната
мајка
продаваше
албуми од
бендот и
собираше
потписи за
поголеми
права на
Индијанците.
Некој спомна
дека жената
на еден од
браќата ги
снима
нивните
настапи со
камера. Happyfamily.. баш happy!
;)
Со
својата
одлична
музика и до
негде политички
ангажираните
текстови..
сосема професионално
си ја извршија
својата
задача. По
настапот
збореа дека
се
презадоволни
од приемот во
Македонија.
Да се
надеваме
дека наскоро
ќе ни дојдат
пак. И да се
надеваме
дека Литиумци и во иднина
ќе продолжат
со вакви
интересни
случувања
како најава
на
најголемиот
македонски
фестивал -
Таксират.