|

Bloodhound Gang vo Skopje |
|
Предвесниците
на популарните JACKASS, контроверзните,
експлицитните, налудничави Bloodhound
Gang доаѓаат во Скопје. Спремете
се, на 21 Јуни на Скопското Лизгалиште
во склоп на нивната светска турнеја
по повод промоција на новиот албум
“Hefty Fine“, а само неколку дена
после настапите на фестивалите Рок
ам Ринг и Рок им Парк да присуствувате
на концерт каков не сте ни замислувале
дека ќе гледате. Настап полн со шокови,
изненадувања, лудории, инзворедна
музика... Башка влезница само 300
денари бидејќи Литиум слави 10 годишница
со вас!
Прогнозерите најавуваат убаво време,
Ние гарантираме забава до бесвест (Нови
дечки)!!!
До тогаш, повторете ги добро познатите
рефрени:
You and me baby ain’t nothing but mammals,
so let’s do it like they do on the
Discovery Channel…
Апостолките во раце се глеаме
на Скопско лизгалиште.
“No
reason to live, but we
like it that way” |
Ова е животното мото на Bloodhound
Gang кое можете да го прочитате на
сите нивни албуми. Тие се непристојни,
лоши и изопачени. Со своите текстови
навредуваат секого, културолошки
се несензибилни, тотално политички
некоректни, антисоцијални, безобразни,
расипани и валкани. Тие дури ги напаѓаат
и оние од нивниот вид. Bloodhound
Gang немаат големи амбиции и немаат
желба да станат подобар бенд. Ги
мразат своите фанови и воопшто не
им е јасно зошто тие ја слушаат нивната
музика, а за воља на вистината и
нивните фанови ги мразат нив. Дури
и официјалниот веб сајт (www.bloodhoundgang.com)
кој има функција на фан клуб, е наречен
- Bloodhound Gang Cyber Hate Club.
Кои
се всушност Bloodhound
Gang? |
Креативни генијалци кои можеби
се емоционално изгубени и претпочитаат
да живеат на мрачната страна од човештвото
или пак социјални случаи на кои им
е непријатно од нивниот добар boy
band изглед, или пак се работи за
рехабилитирани сексуално девијантни
перверти кои неодамна се преобразиле
во фамилијарни луѓе... можеби од
се по малку.
Токму со оваква предлошка, Jimmy
Pop – фронтменот на Bloodhound Gang
ги опишува членовите на бендот: басистот
Evil Jared Hasselhoff, гитаристот
Lupus Thunder, тапанарот Willie The
New Guy и човекот позади грамофоните
DJ.Q-Ball.
Што
оваа дружина на весели
и откачени момци има направено
во изминативе години, на
музички план, се разбира? |
Сигурно многумина од вас се сеќаваат
на песната со ужасно смешен текст
The Bad Touch, која беше вистински
хит во 1999 година.
“…You and me baby ain’t nothing but
mammals, so let’s do it like they
do on the Discovery Channel…”.
Jimmy Pop ја напишал oваа песна една
досадна вечер испитувајќи што се
може да најде на својата кабловска
телевизија. The Bad Touch многу бргу
стана вистински хит и го фрли бендот
во врвот на светската музичка сцена.
Песната им овозможи да гостуваат
на најгледаните национални програми,
како на The Tonight Show. Им овозможи
да си купат и куќи, им овозможи жестоки
сексуални средби со девојки, на кои
не би можеле ниту да им достават
пица додека биле во средно школо,
славата пристигна!!!
А
што се случуваше пред The
Bad Touch? |
Бендот се формира во далечната
1992 година, но дури во Ноември 1994
го издаваат своето прво деби Dinglberry
Haze кое е продадено во “преку“ 100
примероци. Во Март 1995 потпишуваат
за Columbia Records и го издаваат
својот прв албум Use Your Fingers.
Албумот не е многу успешен, па некои
членови дури и си заминуваат.
Потоа следува неколку месечно
затворање во сопствениот креативен
неред и по многу испушени цигари,
флаши испиени алкохол и менување
девојки, на почетокот на 1998 година
го издаваат фамозниот, One Fierce
Beer Coaster за Cheese Factory Records.
Овој албум постигнува импресивен
успех и го носи бендот на првата
вистинска американска турнеја и им
ги овозможува првите концерти во
Европа.
Публиката во Европа едноставно ги
обожава.
Веќе во 2000 година, Bloodhound Gang
го издаваат Hooray for Boobies, албум
на кој се наоѓа и хитовската The
Bad Touch.
По мала пауза, која ја користат на
веќе познат начин, со сите можни
пороци, на сцената се појавуваат
со песната Fire Water Burn која се
наоѓа и на саундтракот на култниот
документарец на Michael Moore - Fahrenheit
9/11.
Во Септември 2005-та го издаваат
последниот студиски албум Hefty Fine
поради кој и се упатуваат на голема
светска турнеја која го опфаќа и
Скопје.
Следуваат турнеи кои никого не оставаат
рамнодушен, без оглед на тоа дали
се работи за одушевување или грозење.
Публиката е освоена со електричната
музика и ексцентричните перформанси.
Се плетат еден куп урбани легенди
поврзани со нивните настапи од кои
некои не се вистинити, а некои се
дури и неверојатно вистинити.
Една од нив вели: ...кога на еден
свој настап Jimmy Pop и Evil Jared
си повраќале еден на друг во уста,
новинарите го прашале Jimmy дали
тоа и го голтнал, а тој “со згрозување“одговорил:
“Тоа ќе беше одвратно”.
И што понатаму?
Дојдете на Скопско Лизгалиште, 21
Јуни 2006-та година, а потоа зборувајте
и озборувајте. Bloodhound Gang и
понатаму се истите како што и погоре
ви ги опишав. Можеби за нијанса и
поекцентрични. |
_____________________________ |
Луда журка у мегалитската
обсерваторија КОКИНО! |
|
Топ
ќе биде ова луѓе. Со преспивање, кој
може да отиде ич да не му ја мисли. |
_____________________________ |
Бонус
концерт на La Plebe во The Club!!! |
|
Сите
оние што поради било каква причина
не успеаа да ги погледнат веселите
La Plebe во Тетово,
Штип или на Biker Fest имаат шанса
за поправен!!!
Поради фантастичниот прием од публиката,
одличната атмосфера на нивните претходни
концерти и прекрасното ни пиво (кое
го пијат во огромни количини), откачените
Мексиканци се решија да ја почастат
Македонија со уште една луда (и незаборавна)
панк забава. Бонус концертот на бендот
чиј последен албум го продуцираше и
миксаше легендарниот Bill Gould (поранешниот
басист на Faith No More) ќе се случи
на 14.06. (среда)
во The Club (Буњаковец,
доле.. нели). Почетокот е најавен за
21 часот, а влезницата ќе чини 150
денари.
Ќе има и подршка од некој од локалните
бендови, но сеуште не е одредено кој.
И за крај ќе ги цитираме стиховите
од песната Drink со кои уште еднаш
ќе ве поканиме на одлична журка, многу
пиво и мексикански hot chilli панк. |
Drink,
drink, drink for you and me,
drink, drink, drink cause we can see.
Time will go and it will pass,
let me fill your glass!
Повеќе... |
_____________________________ |
Grupa
Tvog Zivota [шанк панк бенд од
Осијек] |
|
Со
активноста на музички план Osijek
станува еден од центрите на балканската
сцена. Во минатите неколку години
Osijek исфрли неколку навистина
добри бендови. Од нив би ги издвоил
Debeli Precjednik, Guzva u 16-ercu
и секако Grupa
Tvog Zivota. Затоа, плагиј.ат
за свој соговорник го има бубњарот
на Grupa Tvog Zivota, Hadz. Уживајте! Повеќе... |
_____________________________ |
Плоштадска свирка,
03.06.2006 |
|
3ти
јуни, плоштад (градски се разбира,
кој друг) , свирка, ск8 и инлајн контест,
сонце, сокче, луѓе што поише може
да се посака?! Малце не беше усогласен
терминот на свирката и контестот,значи,
контестот почна покасно, односно свирката
подрани, али у главном се беше ок.
Беа најавени Новиот Почеток, Ска-Франциско,
и најмладите Фан Хаус и Borgoth. Повеќе...
|
Fotki by Don@, text by Don@&Tea
_____________________________ |
La Plebe + Sidewalk
@ Rock Cafe, Тетово |
|
Недела
стандардно е ужасно досаден ден. Ден
како резервиран за излежавање и вртење
на телевизиските канали. Утредента си
на работа и самата помисла на тоа те
уништува. За среќа, еден фантастичен
концерт кој се случуваше на само 42
километри од Скопје овојпат го растури
неделното сивило. Концерт кој е супер
увертира за седмицата преполна со занимливи
и несекојдневни музички настани во Скопје
и Македонија.
Повеќе...
|
_____________________________ |
OFFest
2006 - Programa |

|
_____________________________ |
ТУРНЕЈА
ПО ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА МАКЕДОНИЈА |
Почитувани
пријатели на добриот...независен
македонски звук....,
Задоволство ни е да ве известиме дека...конечно....ТУРНЕЈА
ПО ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА МАКЕДОНИЈА или
т.н.р ДРУМ фестивал или пак ТОТАЛНА
REXONAтизација (во зависност кој под
кое име не познава), започнува во Сабота,
на денот на почетокот на светското
првенство во фудбал, 09.06.2006, во
клубот Rock Caffe во ТЕТОВО. Причините
за ова четиридневно поместување на
веќе најавениот почеток на турнејата
се повеќе од прозаични и не го заслужуваат
вашето внимание во никој случај.
Еден ваков проект е најважно да почне
и вакви мали поместувања не би требало
да не дефокусираат од главната цел,
нели? Впрочем, еден дополнителен датум
плус е нешто што може сите да не радува.
А во случајот станува збор за влегувањето
ин а НЕГОТИНО во целата турнеја. Значи,
11 града се веќе дел од мрежата.
Во продолжение ви ги преставуваме и
останатите, потврдени, датуми за турнејата
на PMG COLLECTIVE.
ЈУНИ 2006: PMG Collective
Петок 09.06 - Тетово (Rok Cafe)
Недела
11.06 - Прилеп
(Апореа)
Вторник 13.06.
- Струга (Оаза)
Среда 14.06 - Радовиш (Rock City)
Четврток
15.06 - Кочани
(Манаус) Skate
Contest
Петок 16.06
- Штип (Дом на
Млади)
Сабота17.06
- Велес (Ноктурно)
Недела
18.06. - Охрид
(Ballance)
Вторник
20.06 - Неготино
(Dallas)
Среда 21.06 - Битола (Интермецо)
Четврток
22.06. - Гевгелија
(Blue Star)
Благодарност
до сите Вас за
трпението што го
покажувате и...повелете
на некој од концертите
во вашиот град...или
пак оној блиску
до него. Или пак,
доколку сте доволно
иницијативни, поканете
не да го посетиме
и вашиот град !!!!
Време е за Истина, Време е за Правда
!!! Време е за ТУРНЕЈА ПО ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА
МАКЕДОНИЈА !!!! |
_____________________________ |
I
object, Sidewalk & Fpo |
|
Аrmed
With Intelligence е бендот што рокаше
од некаде 2001 па до пред некое време.
Бендот се состоеше од 5 добро познати
членови, кои се слагаа меѓусебно
добро. Во суштина, AWI е формиран
и како еден органски отпадок од бендот
It Takes All Kinds од NY. Ова е и
еден од моите најомилени бендови
од времето, кај кои доста пати ги
имам препрочитувано текстовите по
дома.
Повеќе... |
_____________________________ |
Баш
си EMO |
|
До
каде достигна музикава, со својата
публика, сакања/мрзења, подржувања/пљукања
на едни врз други. Таман мислиш дека
во животот мизерен си видел се и
неможе веќе ништо да те изненади,
кога ете ти... Како гром во коприва
те погаѓа нешто, што ти застанува
во грло, те боде како трн во око,
и мораш да го изразиш својот револт.
Повеќе... |
_____________________________ |
Компјутерска
терминологија |
TCP/IP - Три
црни пива/И Пуканки
DHCP - Дупли Хмељ за Црни Пива
WINS - Вино Има, Наточи за
Сите
ASP- Ајде Сите Пијте
PPP- Пијам Пиво Попладне
DVD- Дај Вино Друже
ISA- Идат Старите Алкохоличари
GPS - Горско Пиво за Сите
ODBC - Однеси Два Балантајна
на Цурине
DNS - Дај Ни Соленки
ARP - Ајде Радосни Пијаници
PAP - Пеколно Алкохоличарите
повраќаат
ADO - Алкохолот Доаѓа Одма
..NET - Нека Етанол Тече
SRC - Сепак Ракија за Цурите
AGP - Алкохол Господата Пијат
DDR - Донеси Домашна Ракија
FTP - Ферментација Топла Препорачувам
UTP - У Тегла Пијам
AGP - Ајде Голтни Пивце
TELNET - Точено Ефтино Литро
Ноќе Елиминира Тегоби
PING - Пивска Индустрија Некогашен
Гигант
WWW - Водка Води кон Вандализам
3D- 3 Домашни
GPRS - Големо Пиво и Ракија
Сместа!
BMP - Бил Мамурен После...
USB - Уживај во Стрејт Бурбон
DSL - Дај за Сите Лозова
P2P - Прати 2 Пива
CSS - Цврцкај само Смирноф
DOS - Дај Отвори Смирноф
ISDN - Исто Само Дупло Наточи
PDF - Пиеме До Фајронт
MP3 - Мали Пива 3
JPG - Јагодинско Пиво Големо
TTF - Точи Таа Финландијата
UPS - Удри По Шљивовица
SQL - Стави Коцка Лед
VoIP - Вињакот Одма Испиј го
Пијандуро!
WIN XP - Водка Исклучиво на
ЕКС Пијам
|
_____________________________ |
ДРУМ,
не е политичка партија! |
Во
10 града низ Македонија во склоп
на ДРУМ (Децентрализирана Рок Уметност
низ Македонија) момците од литиум
ќе ја здрмаат Р. Македонија. Сето
тоа со цел афирмација на музичката
уметност и популаризација на екстремните
спортови во Македонија. Турнејата
или поубаво речено ова случување
низ цела Македонија(во мојов краток
живот прва) ќе трае 8 Месеци (Јуни
2006- Јануари 2007) Ќе бидат посетени
повеќе градови меѓу кои Велес, Штип,
Кочани, Струга, Радовиш, Гевгелија,
Тетово, Прилеп, Битола, Охрид. Ќе
настапуваат бендови кои се под капата
на Литиум плус нивните другарчиња:
Two Sides; Robotek; PMG Collective;
Mooger Fooger; Green Out; Borgoth;
Parketi; Denny te Chuva!!! Вкупно
концерти: 80!! Значи на повидок фантастична
дружба, музика, скејт и инлајн сесии
со момците од xmkd.com, видео проекции!
Повеќе... |
_____________________________ |
La
Plebe - мексички панк
со труби во МК! |
|
Los
pinches Mexicanos La Plebe vienen
a Macedonia! Tocaran tres putos conciertos:
04-06-200; Rock
cafe, Тетово
support: Sidewalk (MKD)
08-06-2006; Дом
на млади, Штип
support: Sidewalk (MKD)
09-06-2006; (Biker-Fest)
Белви, Скопје
support: TBA
Повеќе... |
_____________________________ |
Cibelle |
|
На
втората вечер (9 јуни) од OFF FEST
2006 е најавен настапот на харизматичната
бразилка Сибел [Cibelle], која покрај
британскиот трип-хоп бенд Massive
Attack, е најзвучното име на фестивалот.
Моментално е актуелно издавањето
на нејзиниот втор албум “The Shine
Of Dried Electric Leaves”, во кој
до израз доаѓаат феноменалните вокални
способности на оваа млада музичарка.
Албумот според многумина е ремек
дело, токму поради комбинацијата
на базична акустична инструментација
и електронско процесирање, бучни
гитари, детски играчки, чисти мелодии
и оригинални звучни текстури.
Повеќе... |
_____________________________ |
ВНИМАНИЕ!!!
Офанзива на Dedicated For Life |
|
Скопскиот
дет-метал бенд Dedicated For Life
ќе ја има честа да го отвори концертот
на финскиот метал бенд Apocalyptica,
најавен за 30 мај на Скопскотo лизгалиште.
На репертоар на ДФЛ покрај песни
од двата албума, ќе се најдат и нови
песни, што се планирани за новото
издание.
Освен тоа, деновиве во етер е пуштен
новиот спот за песната "Forever Gone",
работен со видео материјали од промоцијата
на албум "By All Means", што се оддржа
во ноември 2005 во МКЦ. Спотот може
да се погледне на нивниот сајт: www.dedicatedforlife.com , кој е уште една од низата новости
поврзани за овој бенд.
Повеќе... |
_____________________________ |
ПАРКЕТИ
И БИЛЕТИ ЗА КОНЦЕРТОТ НА “BLOODHOUND
GANG” |
|
Од
1ви Јуни ќе бидат пуштени во продажба
билети за концертот на “Bloodhound
Gang” кој ќе се одржи на 21ви Јуни
на Скопското Лизгалиште. Поради јубилејот
10 години од првиот организиран концерт
на Литиум Рекордс, тимот на Литиум
реши да ги почести конзументите на
масовната култура со цена на билет
од само 300 денари, за девојки 300
денари!!! Билетите ќе се продаваат
во Југотон. Како предгрупа број 1
ќе се појават Битолските перјаници
Паркети. |
_____________________________ |
КИРИЛ
ЏАЈКОВСКИ НА ЕГЗИТ!!! |
|
Ќе
гледате финале на светско првенство
или ќе одите на концерт на Кирил
Џајковски??? Направете го и едното
и другото! На 9ти Јули на главната
сцена на ЕГЗИТ фестивалот настапува
нашиот единствен КИРИЛ + Видео бим
со проекција на финале. Гледајте
фудбал и танцувајте на етно-електронскиот
сет на Македонскиот музички маг…Плус
гости: Влада Дивљан, Есма... финале
Vs. финале… Кој е светски шампион?
КИРИЛ...КИРИЛ!!! |
_____________________________ |
НАВАЛИ
НАРОДЕ |
|
Кругот
е затворен! Суперхикс го заокружи
10 годишното постоење на Македонската
и светска музичка сцена. Со 2 години
задоцнување. Понатака...здравје,
ќе биде и трет студиски албум и четврти
и петтиот елемент... Изданието ќе
можете да го набавите во новиот број
на ТЕА модерна. Притиснете PLAY и
уживајте за само 30 денари! И покрај
сите напори (факс, писма, архива...)
одговор од Министерство за Правда
во КПД Идризово се уште не е пристигнат.
Ако се случи нешто спектакуларно
Вие ќе бидете првите кои ќе дознаете. |
_____________________________ |
|
|
После
успешната саботна промоција на Југоисточниот
универзитет во Тетово, БлаБлаБла
ја продолжува акцијата со настапи
по културно образовните институции
низ земјава. Следна цел е Библиотеката
Браќа Миладиновци во Скопје. Настапот
и промоцијата на новиот албум наречен
Oversky Balkanishe Re-Form ќе се
одржи во Петок 26/05 со почеток во
17 часот. Но со ова БлаБлаБла не
промовираат само ЦД туку започнуваат
и акција за слушање музика во библиотеките
(фонограмска архива) низ Македонија.
Што тоа значи: Повеќе нема да морате
да бидете обврзани својата лектира
само да ја читате, сега можете и
да ја изнајмите за слушање. Литиум
Рекордс се придружува кон оваа акција
на БлаБлаБла и по тој повод на библиотеката
ќе и остави и една донација од 30те
досега издадени албуми (по 3 примерока).
А на промоцијата новото ЦД ќе може
да се набави по промотивна цена,
а влезот е бесплатен. |
_____________________________ |
Children
of fall - "Bonjour Tristesse" |
|
Children
Of Fall е бенд формиран од добро
познати бендови кои своето творештво
го пласираа во ерата на 90те. Бенд
кој доаѓа од север, бенд кој има
премногу настапи во последно време,
бенд кој каде и да отиде го бараат
назад пак, бенд кој ужива глобален
респект, бенд кој звучи перфектнмо... Повеќе... |
_____________________________ |
Here
are the young men, the weight on their shoulders:
Ian Curtis |
|
Што
ги прави Joy Division различни од
New Order? Ian Curtis!
Момчето со измачен глас кое, покрај
душевните болки, премногу му веруваше
на David Bowie. Толку многу за да
си го одземе животот на 18 Мај пред
26 години. Повеќе... |
_____________________________ |
ДЕНИ
ТЕ ЧУВА ВО ЖИВО НА КАНАЛ 103 |
Во
седмото продолжение на акустичните
сесии на Канал 103 во рамките на
емисијата „Тажен и прекрасен свет“,
оваа недела, со почеток во 22 часот
ќе се претстават ДЕНИ ТЕ ЧУВА. Ќе
настапат во полн состав, а ќе отсвират
и дел од новиот дисторзиран албум
кој е во подготовка. |
_____________________________ |
Bloodhound
Gang во Скопје!!! |
|
Предвесниците
на популарните JACKASS, контроверзните,
експлицитните, налудничави Bloodhound
Gang доаѓаат во Скопје. Спремете
се, на 21 Јуни на Скопското Лизгалиште
во склоп на нивната светска турнеја
по повод промоција на новиот албум
“Hefty Fine“, а само неколку дена
после настапите на фестивалите Рок
ам Ринг и Рок им Парк да присуствувате
на концерт каков не сте ни замислувале
дека ќе гледате. Настап полн со шокови,
изненадувања, лудории, инзворедна
музика... Башка влезница само 300
денари бидејќи Литиум слави 10 годишница
со вас! Прогнозерите најавуваат убаво
време, Ние гарантираме забава до
бесвест (Нови дечки)!!! До тогаш,
повторете ги добро познатите рефрени:
You and me baby ain’t nothing but
mammals, so let’s do it like they
do on the Discovery Channel… Апостолките
во раце се глеаме на Скопско лизгалиште. Повеќе... |
_____________________________ |
Баскерфест
2006 - Скопје |
|
Ви
текнува ли кога ќе сте искочеле надвор
од земјава и ќе сте посетеле некоја
од големите европски метрополи или
некој поголем град на оние изведувачи
што ги красат плоштадите, метроата,
парковите и сл? Незнам за вас, но
јас стално сум заглавувал на такви
места! А еве една извонредна прилика
истите тие дешавки да ги погледнеме
во нашиот град. Повеќе... |
_____________________________ |
Крејзи мадафака! |
|
Видео,
буп'т'буп, крејзи гај! Гет д'пикч'р?
Клик
д'пикч'р! :) |
_____________________________ |
Суперхикс со нов албум
и со свирка во КПД „Идризово“! |
|
СУПЕРХИКС
Live in Skopje во продажба со Теа
Модерна, Тин Шема и Крстозбор.
Дата: 24 мај
Продажни места: колпортери, трафики,
шопови, драгстори, дилери низ цела
Македонија.
Тираж: 30 000 комада.
Времетраење: 65 минути
Име на Албумот: Саботна Фиеста, Неделна
сиеста.
Цена: 30 денари (малку помалку од
едно евро)
Промоција?
Е сега вака:
Lithium Records поднесе официјално
барање до Министерството за правдаи
г-ѓа Мери Младеновска да одобри официјална
промоција на албумот во Казнено поправниот
до „Идризово“ (кликните
да го видите). Доколку добијат
позитивен одговор, ние (групата Суперхикс)
ќе одржиме бесплатен концерт за сите
воспитаници во домот, со цел:
- воведување на културни
активности или процес на така наречена
ресоцијализација на затворениците
- подобрување на
условите во кои моментално престојуваат
затворениците и применување на ЕУ
стандардите
- акција „со култура
против насилството“
Доколку ова не успееме
да го реализираме, вие планирајте
да си купите цеде.
Ако успееме да ја оддржиме промоцијата
во КПД „Идризово“ ќе можете да го
следите благодарение на договорениот
директен пренос на Спорт 4 Телевизија
(од неодамна ја има на сателит).
p.s Ако некој има
добри врски во министерсто за правда
ве молиме пишете на [email protected]
|
_____________________________ |
Fear is on our side - I Love
You But I've Chosen Darkness |
|
Депресија,
девојка ти е џенем, ти кажуваат дека
ти си само едно дете на богати родители
кое живее во странство. А да, во странство
е се поинаку! Поразлично! Како е поразлично?
Колку е поразлично? Сите сакаат малку
внимание, Кој и што е странство? Кој
е суб-култура? а поп-култура? 6ка кариес?
Интерпол пееле убаво! Биле инспирирани
од Џој Дивиж'н. Моте уште ги слуша Џој
Дивижн! Се враќал на корените! Игорче
се љути дека неговото noisepoetry
не се нашло на плакатот од Sick Of It
All. Кло свират во лудница! Убаво било!
7ме7 свират во Лајф радио. Не знае никој
како било, сигурно никој не бил! А толкава
прашина се дигна! Не е битно!!(ма битна
је мала битно(c)Edo Maajka). Во меѓувреме,
ах да Џој Дивижн. Бендот кој постави
дефиници! Стварно постави? Повеќе...
|
_____________________________ |
Паркети
за download! |
|
Hey
mommy, I don't want to eat salami
anymore! Еве ги пак кај нас на гости..
ван енд онли.. Паркети фром Битола!!!
Поголема најава за нив и не е потребна.
Нашите мили и драги пријатели веќе
го спремаат материјалот кој би требало
да се појави на новиот албум.. Снимени
се неколку песни. Од тоа дел се на
англиски, а дел од нив на македонски.
Очигледно Паркети имаат план да тргнат
и во освојување на странскиот пазар.
Да се надеваме дека што поскоро ќе
можеме да го преслушаме целиот албум,
а до тогаш ЕКСКЛУЗИВНО на плагиј.ат,
Паркети не частат со две песни што
ќе се најдат на него.
Download, звучките до даска и уживање!!
She's
a sweet vegetarian
Сакам
да те галам
Parki | 16:11:24 на 10.05.2006
Како со две бре ве частиме со
20 :)
happy download |
_____________________________ |
Концерт
на КЛО во Лудница |
Вечерва, 06.05.2006,
во клубот Лудница, со почеток околу
22:00 часот, КЛО ќе настапат за
прв пат пред поширока публика.
Досега КЛО имаат настапено во живо
кај Ѓорги Јаневски во „Тажен и
Прекрасен Свет“, емисија на радиобрановите
на Канал 103. Се работи за еден
пријатен, меланхоличен и релаксиран
настап, вклучува две гитари (Дејан
Змејкоски и Александар
Ников) и прекрасниот ангелски
вокал на Соња Димитриоска,
на моменти плус флејта. Она што
остава навистина силен впечаток
се токму вокалите на Соња, која
потсетува дури и на Hope
Sandoval (Mazzy Star) и
дава посебна димензија на нивната
жива изведба. Освен Mazzy Star,
бендот црпи влијание од My
bloody valentine, Cocteau Twins,
Cranes и сл. Од нивните
песни, Starlight се
најде на компилацијата Зависна
Листа.мк-Нов Бран, додека нивниот
демо албум можеше да се чуе само
на Канал 103, циркулирајќи низ
потесен круг обожаватели.
Доколку се погоди времето, ќе има
отварање на „Летната Бавча“,
кадешто концертот ќе се одржи во нов
soundsystem.
|
Поздраф,
S.
_______________________________________
|
Straight
Jackin во Скопје! |
|
Скопје почнува да наликува на нормален
европски град, во поглед на музичкиот
код кој се негува и конзумира во секојдневието
како главен оброк во скоро сите понормални
општества. Годинава на наше општо задоволство
може да се избројат многу интересни
и квалитетни концерти, свирки, журки,
кои се случија кај нас во изненадувачки
краток период. За восхит се и најавените
претстојни концерти кои ги очекуваат
луѓето од Скопје и Македонија. Како
дел од интересните претстојни концерти
кои ќе се случуваат во наредниов период
во Скопје, ви ги претставувам белградските
регерокери и хипхопери, обединети под
името “Straight Jackin”, кои ќе одржат
целовечерен концерт во МКЦ на 13ти
Мај. Појќе мор! |
_____________________________ |
Промоција
на новиот албум на Mooger Fooger! |
На 5 мај во клубот
Escape, Mooger Fooger ќе го промовираат
нивниот нов албум. На промоцијата
ќе свири и кумановскиот бенд White
Noise in a White Room. Првиот албум
на Mooger Fooger-"Mooger Fooger" го
освои првото место за најдобри
македонски албуми во 2005та според
Радио Канал 103. Додека хитот Oki
Trаsh се најде меѓу првите 20 на
Крос Радио листата на најдобри
синглови за 2005 на ниво на Балканот.
Зад овој бенд стојат Сецко (Last
Expedition), Дојчин, Огнен-Оки,
Виктор (The Daltons) и Мио (Borgoth).
Слично како и на претходниот, така
и на овој албум на различни песни
има различни гости кои го збогатуваат
дополнително звукот на бендот.
Живите настапи на Mooger Fooger
се препознатливи по нивната бучност
и дисторзираност. За овој настап
се подготвени пар вокални изненадувања.
|
Поздраф!!
_______________________________________
|
Massive
Attack доаѓаат со Elizabeth Fraser!!! |
Поради големиот
интерес на македонската јавност
за настапот на групата МАСИВ АТАК
на 11 јуни во Скопје, во рамките
на годинешното 5-то издание на
Оф-фест, ве информираме за следното:
Македонија, на инсистирање на групата,
е избрана како една од точките
што ја сочинуваат светската турнеја
со која британските легенди ќе
го промовираат своето најново издание,
компилацијата на хитови Collected.
За оваа “бест-оф” прилика, МАСИВ
АТАК патуваат со огромна техничка
поддршка и бројна придружба, како
и со 11-члена екипа на музичари,
меѓу кои најпознати се Елизабет
Фрејзер - пејачката на култните
инди-поп херои Кокто Твинс, како
и нивниот верен соработник, реге-легендата
Хорас Енди. И она што најмногу
ги интересира љубителите на бристолската
група: влезниците за скопскиот
концерт на МАСИВ АТАК - за чие
следење пројави интерес и музичката
телевизија МТВ - ќе бидат пуштени
во продажба на 11-ти мај, а нивната
цена ќе биде објавена деновиве. |
Поздраф!!
_______________________________________
|
'7
me 7' |
|
Сакаме
да ве известиме дека во сабота,
на 6 мај, групата 7me7 од
Косово ке одржат концерт во Скопје,
во Life-Radio, или поточно на улица
Анкарска број 23, во населбата
Тафталиџе, позади Млечен Ресторан.
Групата доаѓа од Урошевац, и е
во косовски рамки една од најпознатите
групи. За повеќе информации погледнете
ја нивната интернет страница,
кадешто истотака можете да погледнете
и видео-клип од нивниот хит ''Човекот
со чадор''.
Концертот почнува во 21:00 часот
и влезницата чини (само) 100 денари. |
_____________________________ |
Жену Варам |
|
Забранетиот
спот „Жену Варам“ од ЛЕТ 3! Клик на
сликата за даоунлоуд. А овде и повеќе
за тоа каде и зошто. А овде и една емпетројка
- првиот сингл од албумот „Једина“:
PNNK.mp3 |
_____________________________ |
Sick
Of It All во МКЦ! |
|
Видео:
Two Sides: 01 / 02 / 03
Smut: 01 / 02 / 03
Sick Of It All: 01 / 02 / 03 / 04 / 05 / 06 / 07 / 08 / 09 |
Одамна
чекав да се случи вакво нешто во
Скопје... Конечно и ние да можеме
да се пофалиме со квалитетни свирки
и вистински големи бендови од светски
размер. Немаше потреба од големо
рекламирање бидејќи уште со пуштање
на првите шупкања, и излегувањето
на првите плакати кои беа само
со датум, веќе сите знаеа за гигот,
и сите беа спремни да платат колку
и ќе се побара само за да ги видат
во живо. Како времето се ближеше
така деновите се одбројуваа, се
преслушуваа старите ЦДиња, се гледаа
спотовите, и се коментираше за
бендот. Конечно дојде и денот и
се упативме сите кон МКЦ. Повеќе... |
_____________________________ |
Татјана
Јашмаковска - Обоени Душевни Состојби |
|
Ве
покануваме на самостојна изложба
на Татјана Јашмаковска на 27.04.2006
година во 20:00 часот во галеријата
на МКЦ. Повеќе... |
_____________________________ |
Less
Than Jake во Melkweg, Amsterdam |
|
Минатиот
петок се собравме на повесела музика,
ска/панк составот од Флорида Less
Than Jake по којзнае кој пат се
вратија во Melkweg. Бендот пред
нив, Jeremy's беше уште еден панк
рок бенд со женски вокал кон ненормално
потсекаше на Gwen Stefany, но со
суканици. Прв впечаток, ништо посебно,
но песната "I Want A Girl" дефинитивно
влече внимание. Навистина интересно
звучи текстот "I want a girl that
wants me more than anything" кога
го пее женско. Повеќе... |
_____________________________ |
E GO EAST records |
|
Ве
покануваме да присуствувате на официјалното
лансирање на издавачката куќа.
Настанот ќе почне во Медиум (Мала Станица)
во среда (26 Април) во 13 часот, со
претставувањето на спотот за песната Bare Naked на
групата Bei The Fish и
со промоција на синглот Евтин Автомобил
на Неле .К. потоа следат уште два настана:
Дружба во Custom Pub од
18-20 часот, а од 20 часот настанот
се сели во кафе барот Браво,
каде се планира и получасовно акустично
претставување на авторите на двата
сингла. |
_________________________________ |
Reggae
на школка |
|
Помалку
или повеќе дури и летото фати,
а тоа е време да се излезе надвор
и да се прошета во паркот. И таму
слушаш добра музика, гледаш многу
луѓе.... Значи повторно како и
последниве 2 години во грацкиот
ни парк ќе има реге журка.
Повеќе... |
_________________________________ |
Massive
Attack на 11 јуни во Скопје!!! |
|
Легендарната
британска атракција Massive Attack
ќе биде главна ѕвезда на годинешното
5то издание на фестивалот Off Fest
што во организација на Скопскиот
џез фестивал ќе се одржи од 7 до
11 јуни. Групата ќе настапи на
11ти јуни на Скопското лизгалиште,
во рамките на големата европска
промотивна турнеја на своето ново
CD - Collected. На тој начин, конечно,
по многу неуспешни обиди, нашиот
главен град ќе биде домаќин на
групата која што е толку посакувана
кај нашата публика.
Повеќе... |
_________________________________ |
Edo Maajka - Stig`o cumur |
|
Stig'o
cumur!!!
Ете го и третиот, долго најавуван
и уште подолго очекуван албум на Edo
Maajka.
И вредеше ли целото ова чекање?
Секако. Edo повторно е во елемент.
Уште еднаш растура и им ебе матер
на сите без пардон. Stig'o cumur е
далеку пожесток од своите претходници.
Edo е едноставен и директен. Освен
To mora da je ljubav, на овој албум
нема да да најдете хитоидни песнички
како што беа Prikaze и No Sikiriki
на првите два.. Песни кои како да
беа правени за радијските топ листи
и кои беа хит кај најразлични генерации
луѓе, од 7 до 77 години.
Повеќе... |
_________________________________ |
Уште неколку дена и ќе се случи ХАРДКОР! |
|
Лична
покана од Мало и од Васко до сите скејтери,
блејдери, бајкери, сноубордери, параглајдеристи
и други Х луѓе од цела Македонија, во
понеделник, 24 Април 2006, во 20:00
часот, во холот на МКЦ, обединете се
заедно со њујоршкиот хархор состав кој
сите одамна го чекаме "SICK OF
IT ALL"!!! Со безрезервна подршка
од домашните херои "TWO SIDES"
и "SMUT". Без онакви шипки
за качување, без обезбедување меѓу публиката
и бендот, со качување на бина заедно
со бендот и со евтино пиење, пред вас
е еден навистина пријателски концерт,
затоа што хардкорот е пријателска музика.
Да ги побиеме верувањата на нашите родители,
дека тоа е музика што потикнува агресивно
и недолично однесување, кршење флаши
од глава, повредување на другиот? Хардкорот
е внатрешен повик во секој од нас, повик
против тиранијата, против оние кои ги
предизвикуваат најзакоравените социјални
проблеми во општеството, против ставот
„да му умре козата на комшијата“. Кога
се шетате низ град, правите муабет за
ова или за она, и ќе видите, направите,
ќе слушнете нешто навистина добро, "добро"
од дното на душата, добро затоа што
за да се оствари некој го вложил целиот
свој потенцијал, тогаш некој ќе рече:
ХАРДКОР еј! Хардкор се партизаните,
Бошко Буха, Ибе Паликуќа, хардкор е
Питу Гули, хардкор е борбата на народот
за слободата. Хардкор е музика со порака,
добронамерна порака која некои луѓе
упорно не сакаат да ја слушнат. Во понеделник
оваа порака уште еднаш ќе ечи директно
од гласните жици на сите нас, како што
ечеја бомбите на Питу, на Бошко Буха.
Се гледаме таму! |
___________________________________________ |
Архива
на ГЛУПОСТИ!!!
|
|
|
муабети
box |
|
email box |
|
snow box
|
|
|