|
![Испрати Новост](../images/isprati_novost.gif)
денеска е:
- СЕГА СТЕ ВО АРХИВАТА ЗА
MAJ 2006 |
Саботна
Фиеста, Неделна Сиеста - Sold Out |
|
Почитувани
конзументи на музика Суперхикс благовремено известуваат
дека во рекордни 24 часа е распродаден целиот тираж
од 30 000 цедеа на нивниот албум во живо. Со ова
е надминат нивниот “скромен“ досегашен рекорд од
минатиот албум ТРУМАНО кој за истиот временски
рок (24 часа) се продаде во 25 000 примероци.
Слушајте СУПЕРХИКС и животот ќе ви биде повесел!!! |
_____________________________ |
Еј
Луѓе! |
Ко
што веројатно више сите знаете во Сабота на трети
јуни покрај ролеријадата ќе има и ск8 контест на
плоштад. Спонзор Рексона, парични награди, нови
елемнти а у чуда. Голем
ивент кој не треба да се пропушти. Судии на натпреварот
изглеа ќе бидат Мате, Мики и Марко. Повеќе информации
на рекламата на телевизија и флаерите низ град
што би требало веќе да се у оптек :) Се гледаме! |
_____________________________ |
ДРУМ,
не е политичка партија! |
Во
10 града низ Македонија во склоп на ДРУМ (Децентрализирана
Рок Уметност низ Македонија) момците од литиум
ќе ја здрмаат Р. Македонија. Сето тоа со цел афирмација
на музичката уметност и популаризација на екстремните
спортови во Македонија. Турнејата или поубаво речено
ова случување низ цела Македонија(во мојов краток
живот прва) ќе трае 8 Месеци (Јуни 2006- Јануари
2007) Ќе бидат посетени повеќе градови меѓу кои
Велес, Штип, Кочани, Струга, Радовиш, Гевгелија,
Тетово, Прилеп, Битола, Охрид. Ќе настапуваат бендови
кои се под капата на Литиум плус нивните другарчиња:
Two Sides; Robotek; PMG Collective; Mooger Fooger;
Green Out; Borgoth; Parketi; Denny te Chuva!!!
Вкупно концерти: 80!! Значи на повидок фантастична
дружба, музика, скејт и инлајн сесии со момците
од xmkd.com, видео проекции!
Повеќе... |
п.с.: еј
овие момци од хмкд уствари сте вие:) па кој сака
на турнеа да вози ск8 и инлајн, да гледа концерти
и да се дружи навака натака низ повеќе градови,
во одредени денови во теков на следниве 8 месеци
нека дигне рака! :) Меѓу проекциите ќе има и хмкд
клипчијна! |
_____________________________ |
La
Plebe - мексички панк со труби
во МК! |
|
Los
pinches Mexicanos La Plebe vienen a Macedonia!
Tocaran tres putos conciertos:
04-06-200;
Rock cafe, Тетово
support: Sidewalk (MKD)
08-06-2006; Дом на млади, Штип
support: Sidewalk (MKD)
09-06-2006; (Biker-Fest) Белви,
Скопје
support: TBA
Повеќе... |
_____________________________ |
ВНИМАНИЕ!!!
Офанзива на Dedicated For Life |
|
Скопскиот
дет-метал бенд Dedicated For Life ќе ја има честа
да го отвори концертот на финскиот метал бенд Apocalyptica,
најавен за 30 мај на Скопскотo лизгалиште. На репертоар
на ДФЛ покрај песни од двата албума, ќе се најдат
и нови песни, што се планирани за новото издание.
Освен тоа, деновиве во етер е пуштен новиот спот
за песната "Forever Gone", работен со видео материјали
од промоцијата на албум "By All Means", што се оддржа
во ноември 2005 во МКЦ. Спотот може да се погледне
на нивниот сајт: www.dedicatedforlife.com ,
кој е уште една од низата новости поврзани за овој
бенд.
Повеќе... |
Ej а еве и тазе интервју
со бендот! Клик овде за интервјуто! |
_____________________________ |
Уште еден скејтпарк билдер
од Ју Кеј! |
|
Чек
'ем аут! |
Поздрав!!
___________________________________
|
Work in progress (Состојба
на 25 Мај 2006) |
|
Го фрлија бетонот!
Клик
за повеќе слики... |
Поздрав!!
___________________________________
|
Абе ај не заебавај?
Браво! |
ГРАД
СКОПЈЕ ОРГАНЗИРА
Екстремни спортови
на плоштадот
Градските власти на 3 и 4 јуни на плоштадот
Македонија ќе приредат голема промоција
на екстремните спотови во земјава. Градот
обезбеди повеќе реквизити и опрема за презентирање
на спортовите.
Во идната недела на плоштадот ќе биде поставен
ѕид за качување, а клајмерите (лектура?)
ќе го презентираат овој спорт пред скопјани.
Љубопитните граѓани ќе можат да се обидат
да го искачат ѕидот. Од 1 јуни ќе почнат
да се поставуваат и елементите што во иднина
ќе бидат сместени во адреналин-паркот,
кој градските власти планираат да го изградат
под железничката станица.
Градот ги повикува сите ролерџии на 3 и
4 јуни да учествуваат во трката со ролерки.
За најдобрите се обезбедени и награди.
Градските власти ги повикуваат граѓаните
да дадат предлози за името на новиот адреналин-парк,
а трите најдобри предлози ќе бидат наградени
со велосипед, ролерки и со скејтборд.
Извор: http://www.dnevnik.com.mk/ |
|
Поздрав!!
___________________________________
|
Видео клипче од Геоф Rowley
као копиљ! |
|
Ако кликнете
на сликата ќе го видите Geof Rowley како праи парче
као копиљ некаде на почетокот на деветсто и деведесетите
години од минатиот милениум. Ако не кликнете на сликата
нема да го видите. А клипчето е измонитрано како збори
он нешто што уствари праи реклама за неговиот најнов
модел на ванс патики. Епа сеа вие решете дали ќе кликлнете
или не. :) |
Поздрав!!
___________________________________
|
ПАРКЕТИ
И БИЛЕТИ ЗА КОНЦЕРТОТ НА “BLOODHOUND GANG” |
|
Од
1ви Јуни ќе бидат пуштени во продажба билети за
концертот на “Bloodhound Gang” кој ќе се одржи
на 21ви Јуни на Скопското Лизгалиште. Поради јубилејот
10 години од првиот организиран концерт на Литиум
Рекордс, тимот на Литиум реши да ги почести конзументите
на масовната култура со цена на билет од само 300
денари, за девојки 300 денари!!! Билетите ќе се
продаваат во Југотон. Како предгрупа број 1 ќе
се појават Битолските перјаници Паркети. |
_____________________________ |
ВО
ПРОДАЖБА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА OFF-FEST 2006 |
|
Во среда, 24 мај, ќе бидат
пуштени во продажба влезниците за првата и втората
вечер на годинешното 5-то издание на OFF-Fest,
во организација на Скопскиот џез фестивал. Цената
на влезниците за концертите на Африканските ѕвезди
Афел Бокум, Тартит и Хабиб Коите кои настапуваат
под заедничко име “Дезерт блуз”, на 7. јуни во
Универзалната сала, е 500 денари - во претпродажба,
а 700 денари - на денот на концертот. Влезницата
за концертите на Сибел (Бразил), Лос Де Абахо (Мексико)
и Ли 'Скреч' Пери (Јамајка), што ќе се одржат на
9. јуни во Универзалната сала, е со истата цена:
500 денари - во претпродажба и 700 денари - на
денот на концертот. Продажбата на билетите, пак,
за концертот на Масив Атак (11. јуни, Скопски саем
- хала 1), која стартуваше на 11 мај, со рекордна
бројка на продадени 1280 влезници само во првиот
ден, се одвива со несмалено темпо - веќе се продадени
повеќе од половината од предвидените 4000 влезници
за овој настан. Нивната цена е 1000 денари што
ќе важи до 8 јуни, а последните три дена (9, 10
и 11 јуни) билетите ќе чинат 1200 денари. |
_____________________________ |
Бесен
балкански рап @ Бони |
|
Оваај...
pomeri se samo malo da osetis flow! Повеќе... |
_____________________________ |
Жоро - Crooked grind |
|
Поздрав!!
___________________________________
|
http://www.acidwear.com.mk |
![ACID WEAR](../images/banners/acid.jpg)
|
Нашиот пријател,
а Вашиот омилен избор кога станува збор за облека,
кој редовно се појавува како спонзор на скоро сите
наши екстрим спортс проекти и натпревари, отсега и
на интернет. Моментално сајтот сеуште е во изработка
но наскоро на него ќе можете директно да се информирате
за најновите модели на разни парчиња облека, промотивните
акции и слично. Брендот Acid Wear успешно опстојува
на македонската street&club wear сцена скоро десет
години. Самоинцијативниот дух на Зоки и Сандра е пример
на сите нас за стварање нешто со домашен печат, готов
производ кој е спремен за пласман наоколу со додадена
вредност која повеќекратно се враќа во македонското
општество, наместо да извезуваме сиров материјал кој
потоа преработен и со лепенка од некое странско скејт,
инлајн или било какво лого, ни го продаваат назад
петпати поскапо. Нејсе, производите на Acid Wear можете
да ги најдете во трите Acid продавници низ Скопје
и тоа: TOXIC - горе во трговски позади Југотон, потоа
ORGANIC - во трговскиот Беверли Хилс, како и најновата
ACID STORE - спроти влезот на трговскиот центар РАМСТОР.
Доколку имате проблеми со памтењето вебстрани во иднина
до страната на ACIDWEAR можете да пристапите и преку
веќе добро познатото лого кое одамна го гледате таму
некаде лево од текстов. :) Ај сеа трк во некоја од
продавниците на ACIDWEAR да се подновите за летната
сезона!:-) |
ПозXдраф!!
_______________________________________
|
CLIMBING
IN MACEDONIA - Локалитети |
![](../images/climb/federacija_logo.jpg)
|
ПозXдраф!!
_______________________________________
|
Work in progress (Состојба
на 21 Мај 2006) |
|
|
Поздраф!!
_____________________________________
|
Фотка од старите залихи... |
|
Поздрав!!
___________________________________
|
Children
of fall - "Bonjour Tristesse" |
|
Children
Of Fall е бенд формиран од добро познати бендови
кои своето творештво го пласираа во ерата на 90те.
Бенд кој доаѓа од север, бенд кој има премногу
настапи во последно време, бенд кој каде и да отиде
го бараат назад пак, бенд кој ужива глобален респект,
бенд кој звучи перфектнмо... Повеќе... |
_____________________________ |
Here
are the young men, the weight on their shoulders:
Ian Curtis |
|
Што
ги прави Joy Division различни од New Order? Ian
Curtis! Момчето со измачен глас кое, покрај
душевните болки, премногу му веруваше на David
Bowie. Толку многу за да си го одземе животот на
18 Мај пред 26 години. Повеќе... |
_____________________________ |
Нов бајк профајл, Вештер и нови фотки од Даниел! |
|
Клик овде
за фотки од Вештер, а овде
и за неколку нови фотки од Даниел. |
________________________________________
|
Галерија - Плочник, 16 Мај 2006 |
|
Денес
снимавме на плочник. Зифи правеше линија која требаше
да заврши со кик флип преку 9-те скали но после 10-сетина
обиди, го застана, и ја скрши даската... Неколку фотки
имате на повеќе, а видео снимки во некој иден скејтбординг
видео клип:) Повеќе...
|
Поздраф!!
___________________________________
|
Work in progress (Состојба
на 16 Мај 2006) |
|
Ајмо
тазе фотки од напредокот во изградбата на скејтпаркот
во карпош... почнаа да се ставаат леџовите, хендраилите
и сл... залет има 2-3 метра ама тоа е тоа. Повеќе
среќа за идниот скејтпарк, за сега и ова е доволно...
:) Повеќе...
|
Поздраф!!
_________________________________
|
Live fast, die young! skateboarding videoclip |
|
Возат Риат, Иле, Виктор помалиот, Иво, Игор, Перо, Зифи... клик тука за да го гледаш! 10 и нешо мегабајти... |
Поздраф!!
____________________________________
|
ДЕНИ
ТЕ ЧУВА ВО ЖИВО НА КАНАЛ 103 |
Во седмото продолжение на
акустичните сесии на Канал 103 во рамките на емисијата
„Тажен и прекрасен свет“, оваа недела, со почеток
во 22 часот ќе се претстават ДЕНИ ТЕ ЧУВА. Ќе настапат
во полн состав, а ќе отсвират и дел од новиот дисторзиран
албум кој е во подготовка. |
_____________________________ |
Bloodhound
Gang во Скопје!!! |
|
Предвесниците
на популарните JACKASS, контроверзните, експлицитните,
налудничави Bloodhound Gang доаѓаат во Скопје.
Спремете се, на 21 Јуни на Скопското Лизгалиште
во склоп на нивната светска турнеја по повод промоција
на новиот албум “Hefty Fine“, а само неколку дена
после настапите на фестивалите Рок ам Ринг и Рок
им Парк да присуствувате на концерт каков не сте
ни замислувале дека ќе гледате. Настап полн со
шокови, изненадувања, лудории, инзворедна музика...
Башка влезница само 300 денари бидејќи Литиум слави
10 годишница со вас! Прогнозерите најавуваат убаво
време, Ние гарантираме забава до бесвест (Нови
дечки)!!! До тогаш, повторете ги добро познатите
рефрени: You and me baby ain’t nothing but mammals,
so let’s do it like they do on the Discovery Channel…
Апостолките во раце се глеаме на Скопско лизгалиште. Повеќе... |
_____________________________ |
Баскерфест
2006 - Скопје |
|
Ви
текнува ли кога ќе сте искочеле надвор од земјава
и ќе сте посетеле некоја од големите европски метрополи
или некој поголем град на оние изведувачи што ги
красат плоштадите, метроата, парковите и сл? Незнам
за вас, но јас стално сум заглавувал на такви места!
А еве една извонредна прилика истите тие дешавки
да ги погледнеме во нашиот град. Повеќе... |
_____________________________ |
Trick
Tip Video: Fence Ollies |
|
Како што вика Joe
Carlino
не е се во огромните 1080-ски и крејзи мадафака
гапови. Пред вас е една од најзабавните работи кои
може да се праат на сноуборд. Флет олија преку ограда.
Гледајте, уживајте, пробајте...
|
Воздра!
__________________________________________
|
Inline Video Clip, Happy
Guys! |
|
Возат
Роко, Диви, Пеџа, Жути, Гого, Хакер... клик на сликата
за да го гледаш! |
Поздраф!!
___________________________________
|
Тазе клипче од Диви и
фотка од Пеџа! |
|
|
Поздраф!!
________________________________
|
Новата шипка на кеј! |
|
Еве
неколку фотки од новата шипка на кеј...
Повеќе...
|
Поздраф!!
_______________________________________
|
MTfakingB Video Day! |
|
Enjoy!!
________________________________________
|
Крејзи мадафака! - koj ne go videl
odma da go vidi! |
|
Видео,
буп'т'буп, крејзи гај! Гет д'пикч'р? Клик
д'пикч'р! :) |
_____________________________ |
Суперхикс со нов албум
и со свирка во КПД „Идризово“! |
|
СУПЕРХИКС
Live in Skopje во продажба со Теа Модерна, Тин Шема
и Крстозбор.
Дата: 24 мај
Продажни места: колпортери, трафики, шопови, драгстори,
дилери низ цела Македонија.
Тираж: 30 000 комада.
Времетраење: 65 минути
Име на Албумот: Саботна Фиеста, Неделна сиеста.
Цена: 30 денари (малку помалку од едно евро)
Промоција?
Е сега вака:
Lithium Records поднесе официјално барање до Министерството
за правдаи г-ѓа Мери Младеновска да одобри официјална
промоција на албумот во Казнено поправниот до „Идризово“
(кликните
да го видите). Доколку добијат позитивен одговор,
ние (групата Суперхикс) ќе одржиме бесплатен концерт
за сите воспитаници во домот, со цел:
- воведување на културни активности
или процес на така наречена ресоцијализација на
затворениците
- подобрување на условите во кои
моментално престојуваат затворениците и применување
на ЕУ стандардите
- акција „со култура против насилството“
Доколку ова не успееме да го реализираме,
вие планирајте да си купите цеде.
Ако успееме да ја оддржиме промоцијата во КПД „Идризово“
ќе можете да го следите благодарение на договорениот
директен пренос на Спорт 4 Телевизија (од неодамна
ја има на сателит).
p.s Ако некој има добри врски во
министерсто за правда ве молиме пишете на [email protected]
|
_____________________________ |
BACKFLIP HEEL CLICKERS |
Adam Jones објаснува триктип BACKFLIP
HEEL CLICKERS. Станува збор за MOTO X трик и тоа
од оние по напредните. Навистина заебан трик кој
за да го помислиш да го пробаш треба да си доста
искусен моторџија:) Епа
клик овде и гледајте...
|
Поздраф!!
________________________________________
|
DC туринг Australia! |
|
Пред
две недели скејтоборд тимот на DC фатил џенем за Австралија
со една ствар у главата. 15 дена возење, серија на
демоа, и заебанции. Сега се вратиле назад, турнејата
поминала повеќе од успешно, а нас ни останува да отидеме
на мини-сајтот направен по повод оваа турнеја и да
ни течат лиги. Палома у рука и ајт.... |
Поздраф!!
________________________________________
|
Голем
мраз во Чиле |
Хералд Бергер и Алберт
Лајтфрид заедно со фотографот Херман Ербер (сите
тројца од Австрија) искачија нова огромна насока
на превисен мраз на височина од преку 4500мнв во
Чиле. Тие ја откриле оваа насока на јужната страна
на Черо Мармолехо (6100мнв). На истата планина
во 2002 година Канаѓаните Бен Фирт и Емон Волш
искачија насока од пет должини ( The Nook – WI6+),
но на јужно-западната страна.
Поради лоши услови на оваа страна, Австријците се
преместиле на јужната страна и откриле огромни мразеви.
Резултат на тоа е насоката Senda Real (6 должини
и тежина WI7+) Повеќе... |
ПозXдраф!!
_______________________________________
|
Паркети
за download! |
|
Hey mommy,
I don't want to eat salami anymore! Еве ги пак
кај нас на гости.. ван енд онли.. Паркети фром
Битола!!!
Поголема најава за нив и не е потребна.
Нашите мили и драги пријатели веќе го спремаат материјалот
кој би требало да се појави на новиот албум.. Снимени
се неколку песни. Од тоа дел се на англиски, а дел
од нив на македонски. Очигледно Паркети имаат план
да тргнат и во освојување на странскиот пазар.
Да се надеваме дека што поскоро ќе можеме да го преслушаме
целиот албум, а до тогаш ЕКСКЛУЗИВНО на плагиј.ат,
Паркети не частат со две песни што ќе се најдат на
него.
Download, звучките до даска и уживање!!
She's
a sweet vegetarian
Сакам
да те галам
Parki | 16:11:24 на 10.05.2006
Како со две бре ве частиме со
20 :)
happy download |
_____________________________ |
Скејтпарк Карпош - work in
progress (Состојба на 10 Мај 2006) |
|
Еј
луѓе, топ е скејтпарков бе не заебаајте. Мислам рано
е да се каже и подобро е радоста да почека додека
не го видиме и пробаме комплетно готов, али ова што
го видов денес е добро направено до сега. Барем така
изглеа сеа за сеа. Океј точно е дека на скицата изглеа
поголем али не е лош и вака.
Повеќе...
|
Поздраф!!
_______________________________________
|
Во
чест на Даниел Михајловски |
|
Вечерва
во клубот на „Лајф Радио“ со почеток во 20 часот,
во организација на Елизабета Клинчаревска, Марина
Лотевска, како и децата од „С`клет“ при ДСУ „Ѓорѓи
Димитров“ ќе се оддржи роденденска дружба по повод
сеќавање на новинарот Даниел Михајловски и неговото
творештво како голем процес на македонската андергарунд
сцена. На овој настан, учество ќе земат неколку
афирмирани ди – џеи, членовите на „С`клет“, неговите
пријатели и почитувачите на неговото дело. Даниел
Михајловски е новинарот кој пишуваше за се она
што не опкружува и ни го прави животот ваков или
онаков. „Слобода“, „Излезот е на крајот“, „Кој
ќе ја фати оваа фрекфенција“, „Хонорарен патриотизам“,
се само неколку наслови на колумни кои ќе ги имаме
како спомен и примиер дека треба слободно да проговориме
за се она што не ни се допаѓа и сакаме да го промениме.
Повеќе... |
_______________________________________
|
NOSEGRINDS
KICK ASS! |
|
Викендов се
туривме од снимање... Иле пукаше носграјндови ко луд.
Наскоро клипче, а на него ќе ги гледате Иле, Зифи,
Перо, Виктор, Риат и други... Till then... go out
and SKATE! |
Поздраф!!
_______________________________________
|
Најголемата мистерија на Еверест... |
|
Ќе се
обидеме да ви ја претставиме најголемата нерешена
„мистерија“ поврзана со искачувањата на Еверест
– т.е. дали тој веќе бил качен 30 години пред првото
официјално искачување во 1953 година... Повеќе... |
ПозXдраф!!
_______________________________________
|
Концерт
на КЛО во Лудница |
Вечерва, 06.05.2006, во клубот
Лудница, со почеток околу 22:00 часот, КЛО ќе
настапат за прв пат пред поширока публика.
Досега КЛО имаат настапено во живо кај Ѓорги
Јаневски во „Тажен и Прекрасен Свет“, емисија
на радиобрановите на Канал 103. Се работи за
еден пријатен, меланхоличен и релаксиран настап,
вклучува две гитари (Дејан Змејкоски и Александар
Ников) и прекрасниот ангелски вокал
на Соња Димитриоска, на моменти
плус флејта. Она што остава навистина силен впечаток
се токму вокалите на Соња, која потсетува дури
и на Hope Sandoval (Mazzy Star) и
дава посебна димензија на нивната жива изведба.
Освен Mazzy Star, бендот црпи влијание од My
bloody valentine, Cocteau Twins, Cranes и
сл. Од нивните песни, Starlight се
најде на компилацијата Зависна Листа.мк-Нов Бран,
додека нивниот демо албум можеше да се чуе само
на Канал 103, циркулирајќи низ потесен круг обожаватели.
Доколку се погоди времето, ќе има отварање на „Летната
Бавча“, кадешто концертот ќе се одржи
во нов soundsystem.
|
Поздраф,
S.
_______________________________________
|
Како
започнавме? |
![Како започнавме?](/bike/images/gjubre.jpg)
|
Еве се
како започна.
Пред четири години во Скопје почна по интезивно
да се вози Mountain Bike со што секоја недела се
повише и повише се собиравме.На самиот почеток бевме
пет возачи. По извесен период таа бројка се зголеми.
Препуштени сами на себе почнавме да скокаме скали,
ѕидчиња и некои такви тумби и скокчиња што не ни
беше некаков пробле.Но откако се зголеми бројката
на возачи почна и поагресивно да се вози на пример
како што рипавме по три до четири скали Повеќе... |
Вештер
____________________________________ |
Straight
Jackin во Скопје! |
|
Скопје
почнува да наликува на нормален европски град,
во поглед на музичкиот код кој се негува и конзумира
во секојдневието како главен оброк во скоро сите
понормални општества. Годинава на наше општо
задоволство може да се избројат многу интересни
и квалитетни концерти, свирки, журки, кои се
случија кај нас во изненадувачки краток период.
За восхит се и најавените претстојни концерти
кои ги очекуваат луѓето од Скопје и Македонија.
Како дел од интересните претстојни концерти кои
ќе се случуваат во наредниов период во Скопје,
ви ги претставувам белградските регерокери и
хипхопери, обединети под името “Straight Jackin”,
кои ќе одржат целовечерен концерт во МКЦ на 13ти
Мај. Појќе
мор! |
_____________________________ |
КАЧУВАЧКИ
ЛОКАЛИТЕТ СТЕЊЕ, Преспа 09. 04. 2006 |
Битолчаните
отсекогаш биле и ќе бидат меѓу врвните во планинските
спортови. Од таму се и носители за отворање на
новиот качувачки локалитет во Македонија, Стење на
самиот брег на Преспанското езеро.
На 09 Април на прекрасно сончево време се отворија
две нови насоки и покрај првата насока, сега веќе
постојат три нови насоки. Карпата не пружа многу
за отворање нови спортско качувачки насоки, но и
тие што ќе се направат ќе бидат одлични за загревање,
за средно па и за тешко спортско качување.
Стење се наоѓа 55 км од Битола. Карпата е северно
ориентирана, а е варовник кој на прв поглед изгледа
кршило, но не е така. По темелно чистење се добиваат
одлични делови за насоки.
Впрочем треба да го посетите и да се качувате, исто
како и ние што направивме. Имено Горан, Марјан, Стево
и Вања(АК“Вертикал“) како домаќини и Владо, Пуци,
Иле, Дики и Виктор(АСКК“Екстрем“) беа посетителите
на Стење на 09(недела) Април, каде Горан, Иле и Пуци
отворија две насоки.
Повеќе... |
Поздраф!!
_______________________________________
|
Основни техники за качување на мраз... |
|
Кога велиме
„техники“ всушност мислиме на начинот на работење
со цепините и дерезите. Тие начини зависат од типот
на подлогата која ја качуваме – дали е снег или
мраз и од нејзината наклонетост/стрмнина. Најпрвин
ќе ги споменеме основите на движење по снег и мраз
без дерези: Повеќе... |
Поздраф!!
_______________________________________
|
Plan B Video Day! |
|
На левата слика
го гледате првиот бексајд флип кој го спукал Дени
Веј пред 80.000 луѓе, загревајќи се за мегарамп натпреварот
во Мексико Сити.
Покрај Дени во Мексико на мегарампот возат и Боб Брнквист
кој свртел фронт флип како и Switch Mute 180 то HUGE
frontside air handflip, Пјер кој направил солиден
кикфлип инди 360, а секако и Rob "Wookie"
Loriface кој доби оправдано отсуство од школо за да
скрпи одличен frontside stalefish 360. Сето тоа преку
гап од околу 15 метри од мегарампот висок околу 5-6
метри. Дешавката сеуште е во тек така да посетете
го сајтот http://www.dannyway.com/
за уште по некој апдејт.
А на десната слика имате еден извореден видео
клип од легендарниот Пат Дафи кој одамна не сме
го виделе во ваква акција!
Епа кликајте на сликите и гледајте! |
Поздраф!!
_______________________________________
|
Жену Варам |
|
Забранетиот
спот „Жену Варам“ од ЛЕТ 3! Клик на сликата за даоунлоуд.
А овде и повеќе
за тоа каде и зошто. А овде и една емпетројка - првиот
сингл од албумот „Једина“: PNNK.mp3 |
_____________________________ |
Практичен пирс! |
Хе
хе, му текнало на некој...
|
Повеќе...
_____________________________ |
Sick
Of It All во МКЦ! |
|
Видео:
Two Sides: 01 / 02 / 03
Smut: 01 / 02 / 03
Sick Of It All: 01 / 02 / 03 / 04 / 05 / 06 / 07 / 08 / 09 |
Одамна
чекав да се случи вакво нешто во Скопје... Конечно
и ние да можеме да се пофалиме со квалитетни
свирки и вистински големи бендови од светски
размер. Немаше потреба од големо рекламирање
бидејќи уште со пуштање на првите шупкања, и
излегувањето на првите плакати кои беа само со
датум, веќе сите знаеа за гигот, и сите беа спремни
да платат колку и ќе се побара само за да ги
видат во живо. Како времето се ближеше така деновите
се одбројуваа, се преслушуваа старите ЦДиња,
се гледаа спотовите, и се коментираше за бендот.
Конечно дојде и денот и се упативме сите кон
МКЦ. Повеќе... |
Txt:
Shroomie & Dona / Foto: Haker / Video: Haker |
_____________________________ |
|
|