Први мај навака натака со Цив, башка луѓево од Скопје на апсолвентска екскурзија ни поминаа до Виена на по пиво.. Вечерта тргнаа накај Минхен а нас толку не држеше гзот, скиите ги фрливме спонтано у ауто и тргнавме и ние накај Минхен за да се допиеме со нив.. после едно 3сата стигнавме и се „паркиравме„ дирекат во Хофбројхаус пивницата кај што почна класична фешта. Пиво јадење пиво пиво пиво и .. види слика
Германски шлемови на глава, масовно заплашување на туристи од Кореа, пеење старо мак. песни и изведување на карате ударци по улиците на Минхен..
ок.. ги испративме нашите горди македонци за Парис а ја и цив пијани, во 1 после полноќ не ни остана ништо туку да ја летнеме накај скијање.. Застанавме после сат време на бензинска да „дремнеме„ едно 7 сата види слика
и сабајлето збичивме накај Тукс, нашата најубава планина... види слика
Налетавме на паудер миљон и како нездрави почнавме да скијаме, но набрзо душата не издаде и почнавме да кашламе ко стари дедовци... ЕЕЕ тоа беа денови коа праевме целодневки на снег без да се задишеме.,, и така.. ајде сеа доста бујрум клипче едно (запази цив како лета преку карпи) клик за даунлоад
_____________________________ |