ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Луѓе лудуваат, убави нешта се случуваат... (Superhiks@Skopski saem - 06.11.2004)
SUPERHIKS KONCERAT
По многубројните настапи низ Хрватска, Словенија, Чешка, Австрија и Швајцарија, како и настапите на фестивалите Ходоквас во Словачка и Нисомниа во Србија, конечно дојде време и за големиот скопски концерт на Суперхикс. Популарната банда инструментале на 6.11. со концертот на скопскиот саем го прослави својот десетти роденден.
Одличната организација најавуваше незаборавен концерт. Салата беше преполна со момци и девојки кои овој ден го чекаа со месеци. А и пивото беше евтино.
Како предгрупа настапи младиот скопски бенд Ска Франциско. Момците сосема коректно си ја извршија задачата. Со својот настап покажаа дека на нив треба да се смета и во иднина. Откако отсвиреа една песна повеќе отколку што планираа, ги најавија оние поради кои сите ние бевме тамо..
Се изгасија сите светла во халата. Единствено беше осветлен натписот Суперхикс, а момците од бендот се искачија на бината со звуците од легендарната Also Sprach Zarathustra, насловната тема од филмот Одисеја 2001.
И почна шоуто за кое уште долго време ќе се раскажува..
Најпрво беше отсвирена Happy End, а потоа се редеа песните од двата албума (Чекај бе, викам.. каде бе, малку! и Трумано), стари синглови, песни од третиот албум кој е во подготовка и неколку cover-и.
На големиот славенички концерт присуствуваа и голем број на гости.. па така меѓу другите на бината се појавија и: Кечо (Two Sides) на бубњеви, Славе (ex Mosaique) на грамофони, легендата на македонското спортско новинарство, Атанас Костовски и секако, единствениот и неповторлив Раде Рогожаров.
Концертот заслужи чиста десетка. Суперхикс ја оправдаа довербата на многубројната публика. Скоро три часа Скопје скокаше во ритамот на нивната весела и динамична музика. Уште долго време ќе ги памтиме илјадниците раце кренати во вис, насмеаните лица во публиката, позитивната енергија која ни ја подарија со својот енергичен настап, бакљите на Гол, балоните на Оптими-ска... Луѓе лудуваат, убави нешта се случуваат..
Песната Удар, Пеце ја посвети на трагично починатиот новинар Даниел Михајловски. Голем човек и голем пријател на бендот.
Концертот заврши со Глупави песнии, песната која ги искачи на врвот на македонската музичка сцена. Од време на време по некој концерт и полни сали замислуваа, а сега тоа е нивната реалност. Тоа и го заслужуваат. Бидејќи се нашиот најквалитетен музички производ кој не претставува во Европа. Суперхикс дефинитивно прерасна во голем бенд.
После ваквата незаборавна вечер не ни останува ништо друго освен да си ги прераскажуваме впечатоците и да се надеваме дека наскоро повторно ќе се собереме со ист повод - нов концерт на Суперхикс. И за крај.. зар се сомневате дека ова беше концертот на годината?
п.с. Концертот се снимаше со пет камери, па да се надеваме дека наскоро ќе биде објавен на ДВД.
Поздрав од Филип, Џими и Марко!
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box