ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Смрт фашизму, слобода народу!
Фото бај: Димитар Лазаревски - Џими
Текст бај: Филип Серафимов

Во саботата (07.05) како дел од прославата на јубилејот - 60 години од победата над фашизмот, на плоштадот Македонија во Скопје се одржа голем рок концерт. На оваа манифестација која беше во организација на Министерството за култура настапија четири квалитетни македонски рок состави: Бла Бла Бла, Фолтин, Суперхикс и Мизар.

Концертот со мало задоцнување од најавениот термин го отвори групата Бла Бла Бла. Во поголемиот дел од својот настап свиреа песни од стариот албум, но отсвиреа и неколку песни кои ќе се најдат на нивниот нов албум кој е во подготовка. Звучеа моќно и прецизно. Со својот енергичен настап уште еднаш докажаа дека се еден од најдобрите македонски бендови.
По нив на сцената се појавија секогаш интересните битолчани, Фолтин. Нивниот настап беше одлично прифатен од публиката. Свиреа песни од сите три албуми. Отсвиреа и неколку песни кои се дел од нивниот нов албум Lo-Lee-Ta-Too кој наскоро треба да се најде на музичкиот пазар. Настапот го завршија со одлично изведената преработка на Toxic од Britney Spears.
муабети box
Chat Forum
email box

username



password
snow box