|

денеска е:
- СЕГА СТЕ ВО АРХИВАТА ЗА Октомври
2006 |
 Почеток
на нови емоции! |
|
Долго време ми требаше за да ги средам
сите мисли и впечатоци од оваа свирка, а богами ни требаше
време и да ги средиме клиповите кои ги имате во изобилство,
и ќе бидат добро потсеќање за тоа што се случи минатата
сабота во Кастро. Но да почнам одпочеток!
21.10.2006 датум кој веќе беше долгоочекуван, а промоцијата
уште повеќе бидејќи веќе на неколку пати беше одложувано
тоа што требаше да се случи, иако многу одамна моците се
спремаа за тоа... нејсе! Конечно дојде (правото) време за
промоција на нивниот албум.
Клипови:
|
_____________________________________ |
WHAT THE FUCK??? - Epilog |
Последниот коментар беше избишан од блогот
на кој што секој може да го каже своето мислење и никој
не треба да има контрола над тоа и со тоа заврши сапуницата
што ви ја приредивме во последниве неколку дена. Се надеваме
дека ви беше интересно и поучно и дека барем малку допринесовме
да се размрда скејт сцената на кеј :). Повеќе...
Поздрав. |
______________________________________________ |
Шпиц и Уки - повторно... |
|
Пред
некој ден додека снимавме со Виктор налетавме на Шпиц и
Уки. Неможевме а да не застанеме да ги меморираме со видео
запис. Со клик
на сликата исто ко да сте биле таму... |
________________________________________
|
EVIL BIKERS Team Weekend - Canceled! |
|
Поради тешка повреда
на еден од возачите во текот на припремите, трката во Сабота
е откажана. |
________________________________________
|
Greisha Theory |
|
Крејзи рашн'с видео
клип!!! Клик
' ем!!!
____________________________________ |
WHAT THE FUCK??? (Revisited) -
Исповест на еден скејтер.
|
-петок, септември
15, 2006
[Quote]
Приметувам у последно време скејт сценава малце умре.
На кеј многу стана монотоно, онака нема жар, нема дремење
до касно као порано, немa заебанции, го нема истото дружење.
Онака некако се сите поделени, ги нема постариве фаци,
некако е тапа атмосфера. Незнам.... може и грешам, баш
сакам да остави некој коментар да видам дали само ја така
се чувствувам??!!??
pero live to skate, skate to live
[quote] Реф.: http://skirol.blogspot.com/2006/09/what-fuck.html
Темава што одлично ја постави Перо и ни ги размрда мозоциите
малце, мислам дека не ја обработивме целосно, многу прашања
останаа неодговорени, „пошто сме мала сцена не би било
убаво да се крие нешто што треба јавно да се каже...“
На крајот не откривме што е проблемот. Само се утешивме
дека ќе биде подобро. Како и да е, тоа зависи од сите
нас.
Повеќе...
Поздрав,
Марко |
_____________________________ |
One Plan. One Price. Webhosting. |
|
Лудница
човече... За 4000 денари годишно добиваш 20 гига простор,
400гига месечен трансфер, kомплетен Content Management System
или Blog систем со PHP, MySql, неограничен број емаил адреси,
беслатен топ левел домеин, може и .com.mk дополнително да
се регистрира и тотална контрола над пакетот. Детали
овде... За тие пари нашиве даваат 10 до 30 мега и 5
имеил адреси еј. Треба да си луд да закупиш простор кај
македонскиве хостинг провајдери. Кога ќе се свестат луѓево?
Ако некој сака вебхостинг, обратете го кај нас на емаил
hosting$xmkd.com од
сега стануваме и вебхостинг провајдери. :) Парите ќе одат
за унапредување на екстремните спортови во Македонија односно
парични награди на контести и слично што значи ќе одат директно
за вас. |
________________________________________
|
Downhill во Сабота на Водно - EVIL BIKERS Team Weekend |
|
Во Сабота на Водно
ќе се одржи даунхил трка со мтб. Се работи за неофицијална
аматерска трка во организација на Evil Bikers Team клубот
и може да се пријави кој сака. Досега има околу 20 најавени
учесници. Пријавувањето ќе биде на лице место. Збирно место
е Кочо Рацин во 10:00 а после во 11 се иде горе кај полицијата
па десно (кај чешмичката па нагоре малце) каде што е финишот
на стазата која ќе се спушта пробно за тренинг и загревање
се до 12:30 кога и ќе биде официјалниот старт на трката.
Стартот е од средно водно и припремената стаза е долга околу
3км. Има 3 скокови и еден wallride. Награди нема да има
ништо посебно, одноно гуми, ова она, чисто идејата е дружба
и забава. Хмкд екипата ќе биде тамо да го проследи настанот.
Ќе биде забавно. |
________________________________________
|

Francuskata atrakcija La Caravane passe vo sreda vo Club
Castro! |
|
Вечерва во Club CASTRO
гостува француската атракција “La Caravane Passe”.
Ова големо француско име ќе имаме чест и прилика да го
видиме вечерва со почеток во 22 часот. Помеѓу мизиката
од Балканските простори и францускиот рок, овој петчлен
состав нуди, односно наметнува одлична забава. Со циганскиот
мелос кој доминира, La caravane Passe секако спаѓа во
алтернативните состави чија музика е обоена со хип хоп,
реге, танго, клезмер и џез елеметни. “Ла караван
пас” има специфичен репертоар и јазик на кој
се изразува. Во прашање се текстовите кои ги пишува фронтменот
Тома, кој, францускиот јазик го миксира со разни јазици
како шпански, италијански, хебрејски, руски и за чудо
- и српскиот јазик.
“Ла караван пас” , што во превод значи (Караванот проаѓа)
постои од 1999 година. Со нивното издание “Go to Plechti”,
со кој и ќе се претстават на Скопската публика минатата
година влегле во избор за компилација во која се споени
најдобрите актуелни бедови на француската музичка сцена.
Може да се каже дека поприлично популарни во Франција,
особено во Парис каде што интересот за музиката од нашите
простори е огромна. Моментално се на турнеа низ Европа,
така што ќе имаме можност да ги видиме и во нашиот убав
град, токму во Club Castro вечерва со почеток во 22 часот.
Вднаш по концертот ќе следи reggae журка со DJ
Rasta Girl и ке трае до утринските часови.
Програмата која се одвива оваа недела во Kлуб Kастро е
дел од кампањата за креирање на позитивно мислење за програмите
за Намалување на штети, лицата што употребуваат дроги
и нивните семејства- “Биди дел од решението, не од проблемот”.
Кампањата е иницијатива на Македонската Мрежа за намалување
на штети, и е во соработка со ХОПС, Доверба, Пасаж и Глува
Соба / ЛИМ-ПИД и Club CASTRO . ВНИМАНИЕ!
ПРЕДОЗИРАНОСТ ОД ОСУДИ е мотото на оваа кампања која е
поддржана од Министерството за здравство.
Во склоп на кампањата, во петок со почеток 21 часот ке
настапи младиот и надежен Simphonic black/death metal
состав "STORM", а од 24 часот
ќе настапат “Break down”.
Влезот за овие настани е бесплатен, но мора да
се напомене дека капацитетот е строго ограничен.
Во останатите денови, во клубот ќе се одвива редовната
програма.
www.lacaravanepasse.com
|
_____________________________________ |
Creature skateboards – Born Dead
|
|
NHS Productions
ви го претставува Born dead, видео бај The Fiends и Eric
Ferrari. Возат Darren Navarrette, Sam Hitz, Al Partanen,
Josh Perkins, John Ponts, The Fiends, David Gravette,
Drew Potter, Cody Boat, Alex Horn и многу други.. Првиот
дел е делот на Al Partanen. Скоро цел дел е возење у базен.
Праи многу добри bs lipslide и bs tailslide на копинг
и прилично многу lip трикови. Многу паѓања, многу грабови.
Типот е ненормален! После него следи Josh Perkins. Праи
неколку добри bs feeble на хендреилови, 5-0, bs 50-50,
lipslide, fs boardslide но малце switch трикови... И на
крај здрвува добар smith grind на 19 скали хендреил..
мераци. Следи Sam Hitz. Уше еден ненормален bowl возач.
Типов праи доста добри слајдови и грајндови на копинг.
Добар стил, добри грабови и фрлање даски у провалијаJ
Натаму идат The Fiends. Неколку од нив се bowl rideri
ама другите возат street. Се праат прилично добри ствари
на хендреилови, добар bs flip преку три големи блока,
добри гап флипови и слично. Останатите скејтери до крајот
на видеото се убиваат од возење у базен, но има и некои
добри стреет снимки. Видеово е снимано на локации во Австралија,
Аризона, Орегон, Вашингтон и Минесота. This video is FREE.
If you paid more than NOTHING you BLEW IT.
Trailer |
Warning! Don’t go skateboarding. It’s stupid and you probably
won’t be that good at it anyway. Ова го пишува на почеток
на видеото :)
_____________________________ |
Три
фотки
|
|
__________________________________________
|
 Alternation & Fractura
@ castro |
|
После вчерашната одлична емо промоција
на албумот на Новиот Почеток во клубот кастро, еуфоријата
продолжува и утре, понеделник, 23 Октомври. За овој
термин е закажана свирка со не толку емо карактер,
но дефинитивно настан кој заслужува да го задржи вашето
внимание и да биде почастен со вашето присуство.
Повеќе... |
_____________________________________ |
Соло
првенствени насоки на 8000 метри |
Словенецот
Павле Козјек (47) искачи нова насока на јужно-западната
страна на Чо Оју (8201м) во соло стил. Почнувајќи од горниот
базен логор во 03:30 часот на 2-ри Октомври, Козјек искачи
1000 метри во сосема нов терен претежно од сенг и мраз
од каде стигнал до Полскиот Гребен, а од таму до врвот.
Најтешкиот детал бил на висина од околу 7200 метри каде
имало скоро вертикален мраз кој го заобиколил по карпа
со тежина од 5.6. И покрај длабокиот снег на Полскиот
Гребен, Козјек стигнал на врвот по само 14,5 часа качување.
За време на качувањето тој со себе носел само три термоси,
шест енергетски гелови, резервни ракавици, бивак вреќа
и камера. Симнувањето го направил преку нормалната насока
стигнувајќи во базниот логор околу пладне следниот ден.
Во 1989 година заедно со Андреј Штремфељ искачи во алпинистички
стил нова насока на Шишапангма (8046м), а има направено
и неколку тешки првенствени искачувања и во Перу.
Во исто време, на Шишапангма, Шпанецот
Инаки Очоа де Олза (39) искачи во соло стил нова варијанта
на северо-источната страна на оваа планина. Тој досега
има искачено 11 од 14-те врва повисоки од 8000метри.
|
http://www.alpinizam.org
______________________________________________ |
Unity Skateshop со нова локација
- одма спроти старата. |
|
Ко што веројатно
веќе знаете Јунити скејтшопот е преселен на нова локација
која се наоѓа одма спроти старата и сега е поголем, поширок,
нуди повеќе ствари а мене најинтересен ми е телевизорот
на кој нонстоп се вртат скејт и сноуборд видеа.
Клик
за повеќе фотки... |
_____________________________ |
Нова фотка од Игор. |
|
_____________________________ |
THAT - Forum Team Video 2006 |
После
The Resistance, True Life и Video Gangs ете го од пред
некое време и четвртото сноуборд видео кое ги прикажува
неверојатните вештини на сноуборд тимот на Forum Snowboards.
За ова видео специјално бил собран целиот тим, а режисер
е повторно Sean Kearns - ако ви текнуе на Whiskey - The
Adventures of boozy the clown? Ова видео е лудница од
почеток до крај и кога ќе заврши си го нае*ал ако немаш
снег у близина пошто ќе почнеш да кубеш коса и да корнеш
кожа од што ќе ти се вози сноуборд. Уствари ќе се качиш
на кров и ќе се пушташ по ќерамиди. :) Devun Walsh во
воа видео е веројатно на врвот на својата кариера и едноставно
го гледаш без здив. Море целото видео се гледа во еден
здив. Нема досадни моменти.
Тука се исто така и новајлиите на Форум сноубордс Jake
Welch, Stevie Bell кои растураат на голо. Интрата се наука
и прават бордерите да светат со сета своја сила на вољата
која ја имаат за овој спорт. And THAT is what I call an
amazing snowboard video! And THAT shows why some people
get paid a lot to ride a snowboard.
- фотки
од премиерата
- teaser на YouTube
- THAT Stevie Bell teaser
- најдоброто за на крај, наскоро премиера и кај нас!
Stay with your boots on!
|
Датум
на издавање:
07 / 08 / 2006
Продуцент:
Forum Snowboards |
_________________________________ |

Club Castro - Info za nedela na kampanja na HOPS i Club
Castro!!! Programa bogata so transki i domashni avtorski
bendovi! |
|
Чест ни е ва Ве известиме дека во организација
на Невладината организација ХОПС-Опции за здрав живот
и Club CASTRO ке се одржи недела на кампања
за намалување на стигма и дискриминација кон лицата кои
употребуваат дроги и кон нивните семејства, под мотото
ВНИМАНИЕ!!! ПРЕДОЗИРАНОСТ ОД ОСУДИ!!!
По тој повод, следната недела во Club CASTRO
ке гостуваат странски и домашни авторски бендови. Во вторник,
со почеток од 21 часот ќе настапат “Bill skins fifth”,
“White noise in a white room”, како и “Јаболко за даскалот”.
Еден од позначајните настани кои ќе ја одбележат неделата
е настапот на француската атракција “La Caravane
Passe”. Ова големо француско име ќе имаме чест
и прилика да го видиме во среда со почеток во 22 часот.
Помеѓу мизиката од Балканските простори и францускиот
рок, овој петчлен состав нуди, односно наметнува одлична
забава. Со циганскиот мелос кој доминира, La caravane
Passe секако спаѓа во алтернативните состави чија музика
е обоена со танго, реге, хип- хоп, клезмер и џез елеметни.
“Ла караван пас” има специфичен репертоар и јазик на кој
се изразува. Во прашање се текстовите кои ги пишува фронтменот
Тома, кој, францускиот јазик го миксира со разни јазици
како шпански, италијански, хебрејски, руски и за чудо
- и српскиот јазик. “Ла караван пас” , што во превод значи
(Караванот проаѓа) постои од 1999 година. До сега имаат
едно издание со наслов “Go to Plechti”, со кој и ќе се
претстават на Скопската публика. Со тоа издание минатата
година влегле во избор за компилација во која се споени
најдобрите актуелни алтернативни бедови на француската
музичка сцена. Може да се каже дека поприлично популарни
во Франција, особено во Парис каде што интересот за музиката
од нашите простори е огромна. Моментално се на турнеа
низ Европа, така што ќе имаме можност да ги видиме и во
нашиот убав град, токму во Club Castro во среда со почеток
во 22 часот.
Во склоп на кампањата, во петок со почеток 21 часот ке
настапи младиот и надежен Simphonic black/death metal
состав "STORM", а од 24 часот
ќе настапат “Break down”. Влезот за овие настани е бесплатен,
но мора да се напомене дека капацитетот е строго ограничен.
Во останатите денови, во клубот ќе се одвива редовната
програма. |
_____________________________________ |

Crowfish & Denny Te Chuva во Кастро! 02/11/2006 |
|
Crowfish
е панкрок трио оформено 1997 година од страна на Чавдар(вокал/гитара),Бојо(тапани)
и Георги(бас) кое даде живот на музичката сцена во градот
на црното море-Варна,а и бугарската cцена воопшто.Стилот
им е мешавина на динамичен мелодичен панкрок со лесни синг-а-лонг
рефрени,гитарски рифови,и доза на емоcore и инди/рок.
Нивната дискографија е составена од 3 албуми:
- 1999 "From crowfish to revelation"
(реиздание 2005) StainStudio records
- 2002 "Crowfish" Freecore records,Germany
(со овој албум стануваат првиот бугарски панкрок бенд воопшто
кој има издание за странска издавачка куќа)
- 2003 "Requiem for a broken heart" StainStudio
Од периодот на нивното постоење до сега имаат обележано
околу 200 успешни концерти ширум Европа,а момците спремајќи
го нивниот четврти по ред студиски албум,не се откажуваат
од музиката на која и се посветени,енергично есенва заминуваат
на уште една европска турнеја,која опфаќа триесетина концерти
во седум земји.Фигурираат како водечки состав на независната
музичка сцена во Бугарија.
web:www.myspace.com/crowfish
video:http://www.youtube.com/watch?v=U0qRsB3pZR4
Како домашна поддршка,скопската публика ќе има можност да
ги види Dennytechuva после завршувањето
на нивната турнеја низ Македонија.
www.myspace.com/dennytechuva
www.dennytechuva.blog.com.mk
Плакат:наскоро!
Локација: моментално единствениот фунционален клуб за свирки
во Скопје, CASTRO
Цена на задоволството:100 денари
Почеток:21h по швајцарски часовник
Датум: 02/11/2006 |
_____________________________________ |
Game of Skate и во Скопје или како први тако други
ама со скирол :) |
Во
Саботата на кеј за првпат во Македонија официјално се
одржа Game of Skate.
Сите што возат скејт ја играле, сите знаат што е тоа.
Сепак за тие што незнаат да објасниме :) Станува збор
за популарната игра-натпревар која го освојува светот
на скејтерите со својата едноставност и забава. Корените
на играта се во скејтерските секојдневија и интересно
е што истата се практикува меѓу скејтерите
во различни варијанти и правила како забава и покажување
на меѓусебните вештини уште од поодамна пред да се официјализира
и да добие облик и име како што има денес. Денес се вика
Game of Skate, има одредени правила кои не се фиксни него
може да си ги мења кој сака по потреба онака како што
му изгледа боље, се практикува и при скејт натпревари
од највисок ранг во светот.
Како се игра гејм оф скејт? Има повеќе варијанти од кои
сега ќе наброиме некои попопуларни: Се збираат група скејтери
(најмалку двајца) и почињаат (ова важи за сите варијанти).
Се игра на флет, на шипка, на боксче, у скејтпарк, на
скали, на гелендар.. било каде. Прво едниот скејтер (може
да се врти петка глава кој да почне или онака се согласуваат
сите кој да почне и сл.) прави трик по свој избор односно
„дава трик“ и без разлика дали ќе му успее или не другите
скејтери исто така го пробуваат истиот трик и на тие што
ќе им успее идат даље, и така се прави после друг трик,
па друг трик и се додека одреден трик му успее само на
еден скејтер кој е победникот. После може слична варјанта
на таа со тоа што скејтерите предходно се делат во групи
од по двајца или тројца или колку е потребно (зависи од
бројот) и играат исто ко погоре, пак се праат групи од
победниците и се така додека не победи некој со тоа што
само него ќе му успее трикот. Па после има варијанта да
ако едниот скејтер го застанал трикот тогаш и другиот
мора да го праи истиот, а ако не му успеал тогаш другиот
скејтер може да бира трик односно да даде друг трик кој
после овој другиот треба да го прави и така натака...
Значи има миљон варијанти што и ја прави оваа игра незаменлива
во поглед на забавата и возбудата која ја пружа бидејќи
најдиректно се спротиставуваат вештните на скејтерите
и нема уметнички дојам на судиите него се знае, или си
го застанал трикот или не. Исто така играта е добра за
учење нови трикови како и усовршување на веќе познатите
бидејќи со играва скејтерите меѓусебно се бодрат и се
„ буткаат“ напред со секој нов обид да се направи трикот
кој другиот го предложил. Епа до следниот Game of Skate...
ej чек, ќе забораев да кажам за овој што беше кој победи
и како беше... или најубаво да си прочитате на skirol.blogspot.com
од каде и потекна целата идеја за поорганизирано играње
гејм оф скејт и во нашава земја. Ајмо опет следниот викенд
:) |
_____________________________ |
 Iggy
Pop на ТАКСИРАТ 8!!! |
|
Епа
редно беше конечно да ја објавиме информацијава.. долго
време знаевме дека се преговара, долго време знаевме
дека уште ситни детали недостасуваа за се да биде финиширано..
и конечно еве го... го знаеме хедлајнерот на овогодинешниот
Таксират.
Буфффф! Повеќе... |
_____________________________________ |
 Ново
цд - нова промоција.... Нов почеток! |
|
Новиот
Почеток ве повикува на концертна промоција на првиот
албум насловен како “Еволуцијата би требало да започне
сега...” кој е конечно издаден за сопствената издавачка
- ficsixtynine records. Инаку истоимениот албум резултира
на изминатата 4 годишна работа на Новиот Почеток, бендот
кој порано беше познат под името Морфиум. Албумот е снимен
во крајот на Декември минатата 2005 година и 21 Октомври
2006 е денот кога јавноста т.е Македонската публика ке
можат да го купи промотивно по цена од 150 денари заедно
со влезот на самата промоција која ке се случува во клубот
Кастро (за тие што се уште не знаат каде е – бившо Escape,
под новата железничка станица.). Повеќе... |
_____________________________________ |
NOKIA Snowboard World Cup update |
|
Екипата на XMKD com се наоѓа директно на самиот настан организиран од NOKIA. Односно светското првенство во сноуборд. Се одржува во градчето Langsgraaf на тромеѓето Холандија, Германија и Белгија. Натпреварот ќе се одржи утре, петок 13 Окт 2006 во затворената сала, најголема во Холандија SNOWWORLD. До мене седат Александар Кацарски (нашиот представника) и Рок Фландер (фаворитот од Словенија)
>>клик за кратко видео

Александар Кацарски (Мк) и Рок Фландер (Сло)
xmkd: Рок што очекуваш утре на натпреватов?
Рок Фландер: Па се надевам дека ќе успеам да влезам во први 8, нема да биде лесно со оглед на тоа што тука настапуваат сите најдобри од цел свет.
xmkd: Значи утре ќе гледаме како ќе ги растресеш првите 8 швајцарци?
Рок Фландер: Да да :) се надевам на тоа.
xmkd: Какви се условите во салата? Малку чудно за разлика од отворени терени..
Рок Фландер: Да, малку е чудно, клаустрофобично и се, но подлогата е совршена.
xmkd: Што мислиш за нашиот Кацар?
Рок Фландер: Па го пратам од година во година, јас сум во овој спорт веќе 15 години. Има огромен напредок и шанси да ја оствари својата цел. Одличен натпреварувач со големи очекувања. Но треба едно да се знае, големи работи не доаѓаат туку така, за нив мора да се работи со години :)
xmkd: Кацар како се осеќаш за утрешната трка?
Кацар: па до пред година дена чуствував нервоза пред старт на вакви големи трки. Оваа година сум опуштен и знам дека нема што да изгубам, може само да добијам :)
xmkd: Како е твојата ситуација и подршка од Македонија во споредба со останатите натпреварувачи?
Кацар: Па како прво сум дојден сам со кола, возам 4000км за да извозам една трка, имам среќа дека ме води словенечкиот тренер Томаш Берник бидејќи ми стана пријател со тек на време. Во основа сум сам. Вежбам и живеам со словенците. Од Македонија имам исклучително мал буџет со кој тешко се справувам. Додека сите натпреварувачи имаат цела екипа околу нив, јас сум сам, па ќе видиме утре :)
xmkd: Фала дечки, со среќа утре!!
_______________________________________________
 [интервју]
Ексклузивно: dZihan & Kamien |
|
Како
и најавено на страната на Скопје
Jazz Фестивал, првата вечер на фестивалското отварање
со DJ-сет ќе настапи дуото dZihan & Kamien.
По тој повод Плагиј.ат ви го претставувa ексклузивното
интервју со Марио Камиен, кое во целост може
да го симнете тука.
Повеќе....
|
_____________________________________ |
Плагиј.ат ви го претставувa ексклузивното
интервју со Марио Камиен, кое во целост може
да го симнете тука.
Повеќе....
|
_____________________________________ |
RAKIJA
- Connecting People |
|
True,
true...
_____________________________________ |
 Првата
пушка, втората слушалка..
|
|
Време
е и за втората Плагиј.ат слушалка во новата сезона. Сигурни
сме дека локацијата ви е веќе добро позната. Па така,
доколку сакате да чуете револуционерно добра музика тогаш
ве чекаме во Шуш Буш.
Стандарно, почетокот е закажан за 21 часот. Дојдете на
време за да си фатите место. И нека не ве разубеди скопскиот
досаден дожд.. минатата среда беше одлично, овојпат ќе
биде уште подобро!
Првата пушка, втората слушалка..
Место: Шуш Буш
Датум: 11.10.2006
Почеток: 21.00 |
_____________________________________ |
ВО
ПРОДАЖБА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА SKOPJE
JAZZ FESTIVAL 2006 |
|
Билетите за годинешното 25-то
издание на SKOPJE JAZZ FESTIVAL се пуштени во продажба
во: Универзалната сала, Југотон и Чув де чув. Еве го
ценовникот:
19.10.
Клуб Хард-Рок 24:00
FESTIVAL OPENING DANCE PARTY
DZIHAN
& KAMIEN (dj set)............
во претпродажба: 250 / на врата: 300
ден.
20.10.
Универзална сала 20:30
ANDY
BEY QUARTET...........................................
600 ден.
Клуб Хард-Рок 00:30
WIBUTEE.............................................................
200 ден.
21.10.
Универзална сала 20:30
VINICIUS CANTUARIA
JOAO BOSCO/GONZALO RUBALCABA
GROUP....................................
800 ден.
Клуб Хард-Рок 00:30
STEFANO
DI BATTISTA QUARTET........................................................
200 ден.
22.10.
Универзална сала 20:30
BENJAMIN
HERMAN QUARTET
e.s.t.
ESBJORN SVENSSON TRIO............................................................
600 ден.
Клуб Хард-Рок 00:30
RUDI
BERGER AND THE THREE WORLD BAND.....................................
200 ден.
23.10.
Универзална сала 20:30
ORNETTE
COLEMAN QUARTET.....................................................................................................1000
ден.
КОМПЛЕТ ВЛЕЗНИЦИ ЗА СИТЕ ВЕЧЕРИ...................................................
2.200 ден.
(само за концертите во Универзалната сала)
www.skopjejazzfest.com.mk |
_____________________________ |
DC AND SNOWBOARDER’S FOREIGN CORE-RESPONDENT CONTEST
|
Еве
ви шанса. Имено DC и Snowboarder Мag се здружиле во овој
уникатен контест со цел да најдат солиден „Foreign Core-Respondents
Crew“ составен од 1 рајтер, 1 фотограф и 1 снимател за медиумски
да го покријат Air & Style сноуборд ивентот кој ќе се
одржи во Минхен зимава. 3-ојцата победници ќе се бираат
според нивните креативни трудови. Комплетните трошоци за
пат, престој и се ќе бидат покриени од DC и Snowboarder
Mag. Значи бараат аматери-кореспонденти со навистина креативни
и убаво „спакувани“ текстови, фотки, видеоклипови... кои
немора да бидат стриктно за сноубординг, него треба да бидат
вашите најдобри дела и креации и можеби ќе бидете еден/а
од 3-ојцата победници што ќе одат да известуваат за DC и
за Snowboarder Mag во Минхен зимава. За поднесување пријава,
фотки, текстови, видео идете на http://snowboardermag.com/dccontest/dc/
односно регистрирајте се на форумов
и аплодирајте! Со среќа! |
__________________________________________
|
Vertigo's
Best Summer Ever-August 2006-Report by Marko Georgiev |
|
After
years spent abroad, it was time to drop everything – I mean
everything, go home and fly like never before. This was
going to be Vertigo's International Gathering #2.
The first one was Turkey , where Vertigo
pilots and friends from around the globe met in Oludeniz
for two weeks of fun and fly. This year, it was Macedonia
, the home of Vertigo Paragliding Club!
Myself arrived in Skopje , the capital,
on July 1 with 6 long weeks ahead of me. To prepare for
the “gathering” and make everything possible for our international
friends to feel like not at home but in Vertigo's home.
And in that we succeeded!
Our best pilots in pursuit for results
were attending the EU PG championship in Morzine , France
. Out of 6 pilots alowed to participate in MKD national
team, 3 were Vertigo members. A succes on its own. They
were off to compeate, and we were off to fix the “tank”,
a '89 Toyota LandCruiser, military version. Vertigo's
moving force! The strongest vehicle I've driven in. That
vehicle has carried 11 pilots + gear atop 45% steep hill
– with no road on it! And with no problem as well. Read
More...
Report
by Marko Georgiev
Photo
story by Marko Georgiev |
www.vertigo.org.mk
__________________________________ |
DC го круниса кралот на New York |
Минатата
недела заврши натпрварот KING OF NEW YORK кој траеше цели
3 недели и се одвиваше на различни локации низ градот.
Голем придонес за успех на овој контест имаше Њујоршката
скејт заедница која безрезервно ги подржа органзаторите
во секој поглед.
Круната ја ќари Jimmy McDonald со конзистентно возење
на сите контести поединечно вклучувајќи го и финалето.
KONY е повеќе од стндарден стрит скејт контест туку е
собир и возење на целиот тим на ДЦ како и еден куп други
скејтери. Детален извештај со одлични фотки видеа и с
тоа има на следниов линк: http://www.dckingofnewyork.com/
|
_____________________________ |
Denny
Te Chuva на ДРУМ турнеја - станица Кичево - Update |
Се откажува
дешавкава денес пошто истура дожд у Кочани. Останува за
идниот викенд да видиме дали ќе не изненади времево :) |
|
|
On the
road again! Во Недела идеме за Кичево да ги подржиме со
скејт и инлајн вожња нашите другарчиња Denny Te Chuva на
нивната турнеја низ Македонија. Значи вожња во скејтпарк
на халф пајп и останати ствари што има таму.. може да видите
тука.
Заебанции во комбе, шлепери на граница, само да не завршиме
во станица :). Од дешавката ќе објавиме фотки и видео едит.
Епа кој е за ајмо... |
_____________________________ |
Skopje Jazz Fest |
|
_____________________________ |
Концерт
на GURU!!! |
|
Концертот на Hip
Hop иконата GURU се ближи. Познати се и Македонските
артисти кои ќе ја загреваат атмосферата пред жешкиот
настап на GURU, подржан од супер продуцентот Solar и
DJ DooWoop. Пред Македонската публика ќе можат да се
представат младите и надежни “Лесен Удар“, после нив
следуваат поискусните “исток-запад“, “Видо“ и “Урбана
Димензија (Toni Zen&Dj Cvare)”. За комплетен настан
и ужасно добар концерт ќе се погрижат и DJ Shorty P a.k.a
Panco кој ќе го отвори концертот и DJ Slave кој ќе има
свое мини Scrach(скреч) show На 14ти Октомври лошите
мисли оставете ги дома, а капите и дураците на глава
па правец МКЦ на незаборавен Hip Hop спектакл.
Поздрав,
Sure Shotz Entertainment & Lithium Records Crew |
_____________________________ |
The Magic Hour |
|
За некои тоа е дел
од секунда, за некои тоа е незамисливо, а за оние навлечените
тоа е The
Magic Hour... Со клик на сликата имате
можност да погледнете 13 минути во real time! :) |
_____________________________ |

Ballast vo Castro
|
|
Овој
месец започнува активно спремање за есенската концертна
зона. После отвараањето на Кастро клубот, откажување
на една свирка што требаше да се случува во една гаража,
конечно закажан нов сигурен датум. Станува збор за еден
од моите, а се надевам и вашите поомилени бендови – Ballast
од Канада.
Повеќе....
|
_____________________________________ |
Првите алпинистички искачувања на Солунска Глава |
|
- ИЗВАДОЦИ ОД КНИГАТА „АЛПИНИСТИЧКИ
ВОДИЧ - КАРПИТЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА“ издаден во 1977 од Златко
Смерке
Првото официјално искачување
на највисоката карпа во Македонија - Нежиловата карпа
на Солунска Глава, забележано е во далечната 1936 година
од Урош Жупанчич во соло стил каде што искачува насока
со тежина III и детали од IV со должина од 700 метри.
По негово име насоката денес e познатa како „ЖУПАНЧИЧЕВ
СМЕР“. Наредните искачувања се случуваат после многу години
- како поради војната, така и поради слабата организација
- сe до 1952 година. Под раководство на загребски алпинисти
се организира републички собир со цел - промоција на алпинизмот
на тоа недоволно испитано подрачје и општо во Македонија.
На овој собир искачени се седум првенствени насоки:
Повеќе... |
подготвено од Зоран Мајсторски
http://www.alpinizam.org
______________________________________________ |

Wickeda vo Castro
|
|
Видео:
Pinokio
Mariana
S
Bobby pieme kafe |
Во
Скопје како што знаеме секогаш се се случува во една недела,
а ако заради добрата организација и секогаш навременото
префрлање пари од страна на Министерството за култура нешто
се одложи и откаже, тогаш се се случува во еден месец. Фала
богу, годинава тоа е септември кога каде и да се свртиш
нешто се случува. Филмски фестивал, МОТ, Манаки, Македонија-
Англија, па дури и Владо Јаневски го даде првото интервју.
А, тука меѓу сите овие настани ни доаѓаат и веселите Бугари
кои ги немаме видено од 2002 (не, не мислам на дел од новата
Влада :) ). И тоа уште на отварање на нов клуб во Скопје.
Што би рекле Англичаните: When it rains, it pours. Мора
да се иде.А да биде баш во согласност со оваа поговорка,
дента баш убаво си паѓаше дожд. Се беше спремно за добра
свирка.
Повеќе.... |
Pozdrav,
Milan!
_____________________________________ |
HTCA 2005 Video for download! |
|
ХТЦА 2005 видеото
одсега достапно и за превземање од видео галеријата на
хмкд. 75 мега. А
започна и средувањето на видео материјалот од овогодинешниот
натпревар МИСЦ 2006. Да се надеваме дека ќе биде готов
брзо :)
____________________________________ |
Skate One Propaganda |
|
_____________________________ |

Суперхикс на антена 5 радио и МТВ Адриа |
|
За
сите фанови на Суперхикс кои оваа година се ускратени од
задоволството да ги видат во Македонија на концерт, на 4
Октомври од 22 часот ќе можат да ги чујат на брановите на
Антена 5 Радио во директен пренос од концертот кој ќе се
одржува истовремено во Словенија на фестивалот Голден Драм.
Ова е прв пренос на наш артист од друга земја или се лажам???
Оние што ќе го пропуштат директниот пренос нека гледаат
МТВ Адриа на кои им ги одстапивме правата да го снимаат
концертот! |
_____________________________ |
 Музички
маркет на независни издавачи |
Оф,
оф... мераци! На големо задоволство на сите оние што ја
посетуваа и изложуваа на коцка во неделните предпладниња
и киснеа во Record Records во останатите денови од неделата,
повторно се случува она што фалеше.
Во кафе барот Лудница секоја недела од 17:00 часот ќе
има музички маркет на независни издавачи. Го организираат,
односно земаат учество: E Go East Records, Симе ех Record
Records, Vasko FxPxOx & другарите, PMG Recordings,
Profundus и сите оние што имаат официјални и неофицијални
албуми, демо снимки, оригинални (исклучиво) ЦеДе-а за
продавање или менување, плочи, итн. Мислам дека е јасно
за што станува збор.
Целта е дружење на музичари и издавачи, љубители на музиката,
шанса на едно место и во исто време да се случува нешто
во континуитет, шанса за луѓе што сакаат да промовираат
своја музика а немаат друг начин да го напраат тоа. Како
дел од маркетот во план е и да се пушта музика на плочи,
да се презентираат спотови и слично. Се на се да продложи
да се гаи и почитува духот и артефактите на една урбана
музичка култура и луѓето од една поопшта урбана сцена
еднаш неделно да се најдат на едно место на една чашка
муабет...
Се гледаме таму.
|
_____________________________ |
|
муабети
box |
|
email box |
|
radio box |
|
gadget box |
|
срч box
|
|
weather box |
|
|