XMKD ShopВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНовостиEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 
       

 

 



 
Испрати Новост
денеска е:
- СЕ НАОЃАТЕ ВО АРХИВАТА НА XMKD
xmkd plagijat Архангел на Скопски саем, 29.10.2005
Поминувам од раскрсницата кај стара рампа, на ќошот едно големо пано со рекламата за Архангел концертот. Од спротива поминуваат двајца другари, меѓу 17 и 19 години, грицкаат семки, во моментот на исплукувањето едниот му се обраќа на другиот:
"Абе, што е ова Архангел?"
Повеќе... / Видео клип: $1.000.000
___________________________
xmkd plagijat Главна вечер на PEACE UNLIMITED FESTIVAL (МКЦ, 28.10.2005)
Уште една одлична рокенрол забава во организација на Civil. Во петокот во рамките на главната вечер на фестивалот Peace Unlimited на бината на Младинскиот културен центар се појавија два скопски и два битолски бендови. Паркети, Д.Н.О., Two Sides и Фолтин. Повеќе...
Тхт: Филип / Фото: Сања и Џими
___________________________
xmkd 5-0 by Igor!

________________________________

xmkd plagijat Рок ми бејби!!!!
Под мо­то­то: Го­лем рок спе­ктакл – Live in Life, след­на­та са­бо­та (на 5. но­ем­ври), во клу­бот на Life ра­дио (со по­че­ток во 21 ча­сот), сто про­цен­ти во жи­во ќе на­ста­пи скоп­ска­та су­пер-кул­тур­на ме­га-хит гру­па Кул­тур­но Умет­нич­ки Ра­бот­ни­ци, на­га­ле­но на­ре­че­на КУР. Си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни да го ви­дат овој из­во­нре­ден со­став во сво­ја­та нај­но­ва по­ста­ва ќе тре­ба да под­го­тват сим­бо­лич­ни 100 де­на­ри, кол­ку што чи­ни влез­ни­ца за кон­цер­тот. Па­тем, по спе­кта­ку­лар­ни­от на­стап на за­је­чар­ска­та Ги­та­ри­ја­да ова ле­то, овој кон­церт всуш­ност ќе би­де ог­не­на кр­ште­вка на но­ва­та по­ста­ва на Кул­тур­но... Повеќе...
Поздрав,
Shroomie

___________________________
xmkd Архангелееее!!!
Еве го и последното соопштение од Lithium Records пред спектакуларниот концерт на Архангел:
Се е подготвено за почетокот на големото славеничко шоу на АРХАНГЕЛ. Дури 38 песни се подготвени да бидат изведени на овој концерт. Или попрецизно кажано, само трите инструментали кои се наоѓаат на четирите изданија на АРХАНГЕЛ, нема да бидат изведувани вечерва. Изразено во минути или народски кажано, повеќе од три часа ќе трае овој своевиден спектакл на АРХАНГЕЛ. Секој ќе има можност да ја слушне својата песна фаворит.
За самиот концерт се подготвени и неколку други изненадувања кои ќе бидат видени на лице место. За крај, само останува да напоменеме, бидете спремни и дојдете на време.
Започнуваме по протокол. Влез од 20 часот, почеток на концертот во 21 часот.
________________________________
xmkd ПОТСЕТУВАЊЕ!
Мало потсетување до сите, дека денес во 18:00 часот во Детскиот театарски центар ќе има уште една проекција на СКИРОЛ 2 видеото, и трибина за екстремните спортови! Значи неколку дечки ќе зборуваат за спортот со кој тие се занимаваат, пред водител, публика... Сеуште не се знае што ќе тера прво, дали трибината или видеото, али сигурно е тоа дека ќе почнеме точно во 18:00 часот и ќе завршиме во 19:30. И од тука право на свирка у MKC. Епа бидете таму!:) Се глеаме..

________________________________

xmkd plagijat Ден трети, на фестивалот Неограничен Мир.

Уффф... прв пат од кога тргнавме со сајтчево да не можам да склопам текст. Едноставно не можам да најдам зборови со кои ќе го опишам тоа што се дешаваше вечерва во Детскиот театарски центар. Тоа можеше само да се доживее. Ама ај некако да почнам.Повеќе...
Поздрав,
Џими
 ..
___________________________

xmkd Ден втори,на фестивалот Неограничен Мир.
Идам накај Детскиот Театарски Центар таму каде што ви обаснував вчера, и си викам леле сега Поган Паган од вчера знаев дека ќе биде нешто техно (така го водам) бидејки моето конзерватино уво навикнато само на Р`Н`Р и на ништо друго (сем у кафана нормално на тамбурица) неможев да замислам ако ќе ја издржам оваа вечер. Повеќе...
Поздрав,
Џими

___________________________
xmkd Extreme Sports - Трибина!
"Extreme Sports" клубот од Скопје и XMKD.com организираат ТРИБИНА на тема „Екстремните Спортови во Македонија“.
Што е па сеа тоа трибина? Тоа е дискусија или муабет кој се води отворено пред публика и медиум/и. Во трибината учествуваат неколку луѓе зависно од темата за која што се зборува, водител и публиката. Па така во склоп на проекцијата на СКИРОЛ во петок, ќе се одржи и оваа трибина. Трибината ќе ја води Ана Зафирова од Врти Сучи, а ќе говорат неколку луѓе од различни екстремни споротви. Трите главни точки за кои ќе се збори се: Зошто екстемни споротви? Кои се проблемите со кои се соочуваат младите extreme спортисти во мк? Како би можеле да се решат? Трибината ќе биде и медиумски покриена, а целта е јавно да се идентификуваат проблемите и видот на акции кои треба да се превземат. Писмен извештај од трибината подоцна ќе бидат доставен до релевантни фаци у градов и пошироко како би се почнал по активен пристап за развој екстремната сцена во нашава земја.
Епа луѓе дојдете во што поголем број како би се развила што поголема дискусија и би се постигнал што поголем ефект. ТРИБИНАТА се организира со подршка од НВО ЦИВИЛ во склоп на нивниот фестивал "PEACE UNLIMITED".
Значи во петок во Детски Театарски Центар во 18:00ч. " За тие што ќе идат на концерт после у мкц, без гајле, ќе завршиме до 7 ипол и со трибини и со проекција па од таму право у МКЦ!

________________________________

Site sme od Skopje!
_________________________
Studentski Zivot!
ah...
_________________________
xmkd Kickflip by Stefan!

________________________________

xmkd Le Tigre - Deceptacon
deceptacon
Klik na slikata za video klip od mnogu smesno no interesno igranje nareceno Aerobicon od strana na negoviot izumitel Miguel Gutierrez. Gutierrez i Howie Rigberg igraat na spotot za pesnata Deceptacon od Le Tigre. Toa e pesnata na koja vozat Ana i Arce vo noviot Skirol!
http://www.letigreworld.com/ / Tekst
___________________________
xmkd ПУФ 25.10.2005 (txt&foto by Jimmy)
Седев во сендвичара, нормално ждерев и ми беше криво што тоа неможев да го направам во нашата Стара чаршија. Со другарчињата што се враќавме од фестивалот коментиравме за сегашната запуштеност и некогашната живост на нашата Стара чаршија ( ТУРСКА ЧАРШИЈА). Си одевме од Детскиот театарски центар старо кино Напредок таму каде што пред неколку години имаше само ЦРТАНИ ФИЛМОВИ за ГОЛЕМИ. Тоа се наоѓа во Старата чаршија кога се влегува од кај Битпазар па калдрмата што води накај ликовна академија и нормално накај старо 21, Џаџо, џамијата извините но ја заборавив како се вика. Значи, влегуваш у Турска чаршија од кај Битпазар и првиот поголем сокак десно. И таму од денес 25-10-2005 па се до 30-10-2005 година ќе има еден фестивал кој веќе 6 (шеста) година се организирааааааааа. Повеќе...
Поздрав,
Џими

___________________________
xmkd Еве го пак!
Значи како што најавивме ќе има уште една проекција на филмот „СКИРОЛ“ и тоа во Петок, 28 Октомври 2005, во Детски Театарски Центар - поранешно кино „Напредок“ (знаете кое е). Кој бил многу мал тогаш, или не бил толку „напреден“, нека праша некој постар батко. А за останатите тоа е во стара чаршија таму од стоковната коа ќе тргнеш накај битпазар па тука малце лево, десно, право, назад и ете го! Па така кој не е тотално изнервиран од првата проекција и сеуште има желба да го види филмот нека намине ако ништо друго, да се потсети на старите денови во кино „НАПРЕДОК“. Во склоп на проекцијата ќе се одржи и ТРИБИНА на тема „Екстремните Спортови во Македонија“ од страна на „Екстрим Спортс“ клубот од Скопје. Повеќе за тоа ќе објавиме за некој ден. Се гледаме!
________________________________
xmkd plagijat Doghouse + Endless Effort во Life Radio (21.10.2005)
Беше пукната некоја цевка, па целиот клуб на Лајф Радио беше раскопан. И извесен период немаше концерти.
Во петокот, на денот кога во Универзална се отвараше скопскиот џез фестивал, во клубот на Лајф Радио со жестока панк свирка беше продолжена годинашнава концертна сезона.
Повеќе...
Филип
___________________________
xmkd Патичиња во 091!

________________________________

xmkd Saso Bogdanovski - Freeride mountainbiker od Bitola
________________________________
xmkd Скиролче 2 Премиера
Се деси и премиерата на скирол 2. Кој виде нешто виде, кој невиде ќе има ваљда многу наскоро уште една проекција, најверојатно во склоп на ПИС АНЛИМИТЕД ФЕСТИВАЛ или па у лајф радио. Да се надеваме дека вторава ќе биде поорганизирана и деловите од филмот ќе бидат пуштени по ред, а и двајцата мамлази ќе успеат да дојдат на време:) До тогаш, бидете така. Уште неколку фотки овде...
Поздрав!
________________________________
xmkd plagijat HAPPY DAY и за внатрешноста!!!
Lithium Records (како организатори на концертот на Архангел) и членовите на бендот Архангел, објавуваат нов HAPPY DAY!!! Истиот се однесува на сите фанови во внатрешноста на државата кои немаа можност да набават билети по популарни цени во исто време како и жителите на Скопје.
Имајќи разбирање дека досега, фановите од внатрешноста, морале да плаќаат многу поскапо за да присуствуваат на некој концертен настан, Архангел и Lithium Records се одлучија на ваков потек со кој ќе им овозможат утре и само утре и тие да можат да набават влезница по популарна цена од само 300 денари и се разбира со гратис маичка. По овој happy day, цените на влезниците, во цела Македонија ќе бидат повторно исти, 400 денари + гратис маичка.
Продажбата на билетите е само еден дел од специјално организираните Архангел promo party, кои ќе се случуваат во долеспоменатите кафе барови, преку цел ден. Тоа значи 24 часа Архангел музика низ цела Македонија!!!
Street тимовите на Lithium Records се иницијатори и локални организатори на овој посебен настан, и истиот се случува во следните градови и простори:

Тетово - Rock Кафе
Кочани - Кафе Манаус
Битола - Кафе Висаж
Прилеп - Кафе Апореа
Куманово - Кафе Агора
Струга - Кафе Калабалак
Радовиш - Кафе Rock City
Велес - Кафе Баба
Охрид - Кукузел
Берово - Кафе Exclusive
___________________________
xmkd plagijat Peace Unlimited Festival 2005
Овака.. вчера бев на роденден.. супер журка, одличен избор на музика и грч ладно пивце. Тамо беше и Јане од Danny Te Chuva. И ми вика: Во четврток свириме во ДТЦ (Детски театарски центар), бившото кино Напредок.
Кршоина!!! Многу се израдував зашто одамна не сум бил на нивна свирка. Од летоска кога свиреа во Куршумли ан.
Нивниот настап ќе дел од фестивалот Peace Unlimited кој ќе се одржи од 25.10. до 30.10. во организација на невладината организација Цивил. Еве што се ќе можеме да проследиме во овие неколку денови:
Повеќе...
___________________________
xmkd Новиот ПЕНДРЕК!
Новиот пендрек маг уште од поодамна е стигнат во 091 и Јунити скејтшоп. Има и од Скопје неколку фотки во него од тогаш кога беа тука словенците. Е да, имаме најбољи ќебапи у цела ех Југославија. Бољи ни биле дури и од Сараевските!

________________________________

xmkd 21 Oktomvri: Protoculture, Eskimo, John Phantasm


Значи забавата на 21октомври заедно со Protoculture, Eskimo и John Phantasm е преместена во клубот LA FABRIQUE

Start: 21.00 End : 05.00
Line up:
22.00-00.30 John Phantasm
00.30-02.00 Eskimo[live]
02.00-05.00 Protoculture dj set

Цена на билети [ Чув де Чув ] - 600 ден

Поздрав,
Нина

______________________________
Najskapo pominata vecer!
Epa najdragi citateli na nasata najdraga web strana, eve vi uste edno eXtremno doziuvanje. Za vreme na nasata mini turneja prvo go posetivme Beograd... sto da vi kazam cudo od grad, cel Beograd kako eden goelm skejt park. Ne za djabe tipcite od rollerblade dva dena se krseja niz gradoot a nie zaedno so niv. Najgolema greska na ovaa turneja bese sto trgnavme bez aparat i kamera... znam znam golema steta, glupi sme.. a bas imase mnogu da se vidi. Poveke...
Pozdrav DIvi
_________________________
xmkd plagijat Jeru the Damaja во МКЦ (16.10.2005)

Младинскиот културен центар има многу значајно место во мојот живот. Бев седмо или осмо одделение (не ми текнува точно) кога отидов на мојот прв концерт во МКЦ. Свиреше еден од најдобрите бендови во поранешната ни држава - Elektricni orgazam. Zlatni papagaj, tata placa sve racune!
Повеќе...

___________________________
xmkd Новиот, NEWSLETTER бр.10, на LITHIUM RECORDS е пред вас !!!
1.       членовите на бендот АРХАНГЕЛ, реагираат и ги демантираат информациите пласирани во вчерашното издание на ВЕСТ (19.10.2005) а во врска со одржувањето на манифестацијата БЕЛИ НОЌИ во Скопје. Во овој текст се наведува (намерно или ненамерно) дека во рамките на споменататаманифестација, на 24.20.2005, ќе настапат и АРХАНГЕЛ !!!!Почитувани организатори на овој настан (кои и да сте), Ве молиме јавно да јапромените оваа информација, поради 3 важни причини: 
-          АРХАНГЕЛ не настапуваат на оваа манифестација !!!
-         
АРХАНГЕЛ имаат самостоен концерт, закажан за 29.10.2005 !!!
-         
АРХАНГЕЛ воопшто не биле контактирани од било кого, а во врска со евентуален настап на оваа манифестација, или пак за евентуално користење на самостојниот концерт на АРХАНГЕЛ како дел од оваа кампања - манифестација !!!      
Почитувани организатори на БЕЛИ НОЌИ, манипулирањето со името на АРХАНГЕЛ
     и користењето на големиот кредибилитет што истите несомнено го имаат во      Р. Македонија, го сметаме за тенденциозно а со единствена маркетингшка цел -     подигање на реномето на оваа манифестација.     Ве молиме од денес па понатаму да не го користите повеќе името на АРХАНГЕЛ во     вашата кампања, на било кој начин.       2.  Меѓудругото, ОБЗНАНУВАМЕ дека, од денес 19.10.2005, Lithium  Records и АРХАНГЕЛ во соработка со CIVIL и PEACE UNLIMITED фестивалот,  започнуваат кампања со име: ЗВУКОТ НА ГРАДОТ.      Кампањата ќе ги поврзе двете клучни културни случувања во градот во наредната     недела;  Peace Unlimited фестивалот и концертот на АРХАНГЕЛ. Тоа значи дека од     25.10.2005 па се до 30.10.2005, Скопје и скопјани ќе го слушаат ЗВУКОТ НА    ГРАДОТ. Кампањата за популаризација на урбаниот звук и промовирање на Скопје    како балкански културен центар ќе продолжи и во наредниот период, со вклучување на     повеќе луѓе и настани, кон гореспоменатата идеја. За ден-два ќе ја имате и одличната програма на Peace Unlimited фестивалот кој се труди да не ги заборави македонските урбани музички херои.

 

3.      1.377 продадени влезници за само еден ден !!!!!! Во споредба со истиот тој прв ден, на  продажба на влезници за концертот на KRAFTWERK, 1.311 продадени и дотогаш  рекордна продажба, излегува дека АРХАНГЕЛ и дефинитивно се најинтересниот бенд за македонската публика, во моментот. Ако одиме по онаа народната: По утрото денот се познава... тогаш можеме само да претпоставуваме колкава ќе биде вкупната  бројка на посетители на концертот закажан за 29.10.2005 во Скопскиот Саем.  П.С. Концертот на Крафтверк беше распродаден ден пред концерт!!!

 

4.      Прославата на 18-годишнината од постоењето на АРХАНГЕЛ е повод и за неколку      мали наградни игри и изненадувања кои се приготвуваат во кујната на Lithium Records       и АРХАНГЕЛ.       Првата од нив започнува од денес (19.10.2005) и ќе трае во наредните 3 дена      (22.10.2005). Истата ќе биде објавена на сајтовите на Lithium Records  (www.lithiumrecords.com.mk ) и Он. Нет (www.on.net.mk).            
Прашањето е следно:
 Од денес, на 20 локации низ градот (автобуски постојки), се
      поставени  исто толку city light-ови, како најава за концертот на АРХАНГЕЛ. На      нив се наоѓаат исто толку песни-текстови на АРХАНГЕЛ. Еден е       сосема нов и досега необјавен.       Пронајдете го и напишете ни каде тој се наоѓа и како е името на песната? Три најбрзи,       точни, одговори ќе бидат наградени со влезници за концертот на АРХАНГЕЛ.      Одговорите праќајте ги на info@lithiumrecords.com.mk .П.С. Да ја олесниме прошетката низ градот,вечерва на нашиот веб сајт ќе ги објавиме и 20 локации!!!

      

5.      Не заборавајте или поточно имајте во предвид, дека подарокот МАИЦА со логото      на АРХАНГЕЛ, важи за секој продаден-купен билет, од овластено продажно место.           Секоја дезинформација, од типот на: поклон маица следува само за happy day-от, се      ништо повеќе од обична...дезинформација. Значи продолжете со истото темпо, маици има во доволен број.

----- Original Message -----

From: "Stefan Jovanov" <stefan.jovanov@gmail.com>
To: "Lithium Records" <info@lithiumrecords.com.mk>
Sent: Thursday, October 13, 2005 3:29 PM

Subject: Stip: Zoshto ke odam na koncert na ARHANGEL?????

 

Zatoa shto…

 

1……11 ludje bile del od istata prikazna - ARHANGEL

2……snimija 4 studiski (antologiski) albumi

3……izdadoa 1 album vo zivo

4……imaat snimeno 42 pesni

5……gi ima na 7 kompilaciski izdanija

6……5-te albumi mozat da se najdat na 14 (razlicni) izdanija

7……imaat albumi na 3 formata (CD, MC, LP)

8……imaat prodadeno poveke od 90.000 nosaci na zvuk

9……svirele vo 12 evropski drzavi

10…otsvirele 437 koncerti

11…bev eden od 8.000 sreknici vo dekemvri 1998
12…imaat 7 video spota

13…snimija filmska muzika - “Zbogum na XX vek”

14…ja snimija “Never Talk…” – CD “Tribute To Ushko”

15…ja imam “Cudesen Svet” (demo verzija)- MC “Dossier Page One”

16…se najdobri na LP “Omladina ‘89”

17…lesno se zaljubuvam i opivam na ARHANGEL

18…svirat “dolgi” 18 godini

и по CECA – KRAFTWERK, а по KRAFTWERK…се е логично... АРХАНГЕЛ !!!!

________________________________

Верувале или не, вториот македонски скејтборд филм е готов! И ќе има премиера во Сабота!
Предолго очекуваниот филм конечно ќе го доживее своето прво платно, а може и ѕид. Скејтерите во Македонија со нетрпение го очекуваа и многу се израдуваа. Пред да го претставам ова р/демек дело да кажам нешто повеќе за неговата историја. А тоа е првиот македонски скејтборд филм кој можете да си го симнете овде . Некаде во далечната 2001 година кога сеуште имавме скејтпарк, снимивме нешто набрзинка и уште побрзо го измонтиравме. А на снимениот материјал уствари првичната намена му беше емисијата Concrete Wave каде што истиот и се емитуваше на extreme и други канали низ светот. Искочи како што искочи и решивме да праиме нов. Овој пат подобaр, поквалитетен, посоодветен на светскиот скејт-видео тренд. Донекаде и успеавме. Сепак беа потребни 4 години. Повеќе од мрза него од работа :) Сега имавме и камера за разлика од првото видео каде камерата беше позајмена и работевме со лимитиран видео материјал. И така се правеше филмот...
Главните кривци за двата филма се мате и марко, при што за првиот филм им текна да се викаат „Весела Продукција“, а за вториот „NO NAME“ продукција (демек поозбилно). А у меѓу време се создаде и XMKD продукција која произлезе од сајтот www.xmkd.com, па така сега имаме едно шаренило од продукции кои во основа се една иста продукција со недефинирано име. За мене „Весела Продукција“:) Ништо чудно иднот филм да излезе под етикетата на некое трето име и се така натака... Како и да е, важно е да се прават скејтборд филмови и луѓето да се радуваат на нив, а sk8 сцената да ни напредува!
Е сега да кажам и за содржината на филмот. Поделен е на два дела. Разликата меѓу двата дела е во тоа што во првиот се скејтерите кои имале среќа да снимат доволно материјал за цела песна односно по дефиниција еден скејтерски дел. Освен Ана и Арче кои се на една песна/дел. Во тој другиот дел се група скејтери заедно со по неколку трикови кој како бил фатен во кадар. Треба да се напомене дека филмот не ја претставува моменталната фактичка и целосна состојба на скејтбордингот во МК бидејќи е сниман во подолг временски период и не се опфатени сите скејтери. Во првиот филм бевме мање више 10 скејтери и лесно беше да се снимат. Односно сега има многу скејтери во МК кои се исто толку добри, подобри и послаби од овие што се на филмот, но од некоја причина не се нашле на него. Може ќе ги има во следниот:). А исто така и скејтерите кои се во филмот, моментално возат многу подобро, полошо, а некои и воопшто веќе не возат. Сепак се добива слика за тоа што се случувало во тој период и се гледа напредокот на скејтбордингот во нашава земја. Па така во првиот дел ќе ги видите Нуредин, Ана, Арче, Риат, Мики и Перо, како и делот "Пријатели" и делот "Моменти". А во тој другиот дел ќе ги видите Стефан, Василе, Мате, Зифи, Марко Велес, Марко Скопје, Перо малиот, Марко, Лудо, Мало, итн. Музиката во видеото е од најразлични правци и одлично се вклопува во атмосферата. Видеото трае нешто повеќе од половина час и наскоро ќе биде достапно на ДВД.
Па кој го интересира филмов нека се нацрта во МКЦ во Сабота 22 Октомври 2005 во 19:00 часот, и нека се опушти.

________________________________

xmkd Koncerti na Doghouse

Почитувани,

Белградскиот панк рок состав DOGHOUSE на 21 Октомври ќе настапат во Лајф Радио клубот.

DOGHOUSE се оформени во 1998 година и досега имаат издадено 2 албума ( “Trax 2000 година и Promised land 2002 година) за издавачката куќа Automatic и едно EP ( October 2004 година).

Досега имаат настапувано на многу  фестивали во СЦГ и во странство вклучувајќи го и EXIT фестивалот во 2002, 2003 и 2005 година.

Ова е нивни прв настап во Република Македонија а освен во Скопје ќе настапат и во Тетово во Рок кафе клубот ден подоцна на 22. Октомври.

Како предгрупа ќе се поајви младиот emo core состав од Куманово Endless Effort.

Влез е 150 денари а почетокот на концертот е најавен за 20:30 часот.

________________________________

xmkd SKIROL 2 - Premiera vo MKC! 22 oktomvri 2005
Премиерата на доoooooooлгоочекуваниот втор скејдборд македонски филм ќе биде одржана на 22.10.2005 Сабота во Младинскиот Културен Центар во склоп на „Белите Ноќи“ - настан организран под покровителство на Град Скопје во 19:00 часот. На филмот ќе ги видите Арче, Нурче, Мики, Мате, Василе, Стефан, Ана, Марко, Блажо, Перо, Зифи, Риат и уште некој. Филмот е поделен на два дела, еден да речеме официјален со топ скејтерите у најдобра форма и еден неофицијален со останатите. За монтажата на филмот се погрижи Мате, а за снимањето Марко (освен деловите на Нурче и Арче во Охрид каде што се снимаа они самите). Кој незнае, МКЦ се наоѓа спроти мнт преку улицата, накај новото пасошко позади телевизија што е, или од другата страна на вардар гледано од дрво декор (паркингот пред трговски).
Значи оваа Сабота бидете таму!
Се гледаме,
СКИРОЛ 2 CREW

________________________________

xmkd ROYALE od HAKER na GOCE by DIVI!
_________________________________________
xmkd Што е со каснењето на меиловите на xmkd?
E, пошто добивме доста поплаки дека маиловите пратени на @xmkd.com каснат. Па да објасниме што е работата. :) Се работи за нова техника за спам и вирус контрола наречена Greylisting. Финтата е дека кога првпат ви стига емаил од некој, серверот автоматски го одложува пристигањето во инбокс за да напраи спам конторла. Контолата ја врши врз основа на веќе постоечки спам филтри како и врз основа на вашето примање и праќање пораки. Па така емаил адресите ги става на Whitelist, Blacklist или Greylist. Значи на емаил адресите кои се во blacklist-а им е блокиран патот до вашиот инбокс, оние што се во whitelist-a стигаат автоматски без каснење, a оние што се на greylist стигаат со закаснување поради проверката од страна на маил серверот. На овој начин се блокираат спам пораките, а се избегнува пораките кои не се спам да бидат класифицирани како спам односно нема "False Positives". Еве овде и на англиски како го објаснуваат од PowWeb може така појасно ќе ви биде:
Greylisting: The Next Step In The Spam Control War

Greylisting is a highly effective method at stopping spam and viruses from being delivered to your mailbox without any content filtering or "false positives". You can turn it on or off for your domain, or adjust the minimum dely (in seconds) mail will be defered by to suit your needs.

You can whitelist anyone who has attempted to send you an email. You should only whitelist people who have problems with greylisting. Since greylisting is only applied to mail from a remote network you do not need to whitelist PowWeb accounts. If you use auto whitelisting, then the server remembers who you send mail to, so if they reply they won't get greylisted.

Greylist Help

The grey indicate that these were only attempted to be delivered once. If the message is not resent within 2 days, the entry will be deleted. The white are messages that were redelivered. Their mail will not be delayed again until they are removed from your greylist. Entries are removed from your greylist if they do not send you mail for 7 days. Auto whitelist entries are deleted after they have not sent you email, or you have not sent them email, for 7 days as well.

Configuration Help

A short delay will allow other ISPs to resend the mail sooner (some spammer's try resending it right away!!). A longer delay will allow spam traps or other people to report spam, and the IP will get blocked, but means a longer delay for people who have not already passed through the greylist. The default is 300 seconds (5 minutes).

Note: Most spammer's do not resend mail at all, at least not from the same IP or using the same email address.
Значи има две опции и една у средина:). Или да се исклучи грејлистата и одма да стигаат маиловите задно со спамови и вируси или тие од кои што прв пат добивате маил да стигаат одложено но да не стигаат спамови. Средната опција е што може да се подеси колку отприлика да биде одложувањето. По дефаулт е 5 минути. Сега го стаивме на 2 ипол да видиме како ќе биде, а може и да го исклучиме. Вие одберете како да го подесиме! Предлози на шаутбокс, ако нема значи ок е вака.
___________________________
муабети box
Chat Forum
EMAIL box

username



password
превод box