Ептен важно
известување!
(за тие шо
имаат ЕМАИЛ адреса на xmkd.com) |
Вака
сеа! Поради АПГРЕЈД или такозван UPGRADE на
нашиот емаил сервер (од сеа ќе функционира ко
сат), у петок од 20ти мај 06.00h сабајле па
едно 12 сата, вашите стари емаилови кои ви стојат
во inbox кај нас на сервер нема да ви бидат
достапни. ТОА ЌЕ ТРАЕ САМО 12 САТА. Другите
функции, како на пример праќање нови емаилови,
добивање нови и така натаму ќе си бидат ок.
Вашите
стари емаилови ќе ви бидат достапни после едно
12 сата, што значи од околу 18.00 h попладне
истиот ден, 20ти мај 2005. Се надеваме дека
нема многу да ни се лутите и да фрлате со дрва
и камења по нас, али тоа е за ваше добро! :)
Така
да после ова, нашиот емаил сервер ќе функционира
100 пати боље па може и подобро од гугл! ете
така..
|
|
поздрав
и наздравје нов емаил сервер
__________________________________ |
DOBRA STARA VREMENA! |
|
|
|
Malce
Retro.
Pozdrav
Dimitar Lazarevski - Jimmy
Skopje, Macedonia
____________________________ |
Фотка
од Be-Mag |
Fridolin
Elbo
Сликава
е од Be-Mag, а типот на сликата е Fridolin Elbo.
Иначе Fridolin прави Royalе на многу долг и опасен
handrail како што можете да забележите.Се
надевам дека добро го слетал доле:)
|
Pozdrav!
_________________________________ |
ГЕРО
КРСТЕСКИ - Видео клип by Metal Bikes |
|
Клик
на сликата за даунлоуд на одличен bmx видео клип
од Геро Крстески.
Поздрав.
___________________________________ |
Kraftwerk
- Скопско Лизгалишче, 16 Јуни |
|
-Ми
вика еден другар психијатар у New York
ќе доаѓале Kraftwerk да свират,
а ја му викам: "врло важно што ќе доаѓаат Kraftwerk
да свират у New York, важно
е што ќе доаѓат у Скопје да свират"
-
Милчо Манчевски
Повече...
___________________________________ |
Srecna
Mladina - Event 11.05.2005 |
|
Слободно
може да кажеме
дека минатата
среда (11.05.) беше
вистински
празник
за сите вљубеници
во екстремните
спортови.
Денот започна
со скејт
сесијата
на кеј, а заврши
со проекција
на филмовите
Concentrate
на
Fly Skateboards и Listen To Srečna Mladina на Obsession во клубот
Вега. По проекцијата
на филмовите
забавата
продолжи
со свирка
на словенечкиот
бенд Srečna Mladina, бендот
кој го направи
и саундтракот
за видеото
Listen
To Srečna Mladina. чигледно,
овде многу
малку се
знае за случувањата
на словенечката
сцена. Па
така, за мене
беше големо
изненадување
кога дознав
дека Srečna Mladina е формиран
уште во 1993
година. Голема
штета е што
клубот Вега
за време
на нивната
свирка беше
многу слабо
пополнет.
Сепак, момците
професионално
до максимум
си ја завршија
својата
работа, свиреа
како пред
нив да се
наоѓа многубројна
публика.
Нивниот
настап беше
некаква
мешавина
на жесток
панк, мелодично
ска, гаражен
рок и се тоа
испреплетено
со балканските
етно елементи,
па дури и
некои елементи
на џез. Ова
дефинитивно
беше настан
кој мораше
да се посети.
Сите знаеме
колку “многу”
концерти
има во нашиот
град, а посебно
овака квалитетни..
па навистина
е штета и
тие да не
се посетат.
Поздрав, Филип.
___________________________________ |
Shorty's
How To Go Pro Premiere |
Па
редно беше и Shorty's да напраат ново видео:)
Клик на линкот доле за да прочитате нешто повеќе
за ова видео, каде се одржала премиерата, што
мислат луѓето за ова видео и сл. Наскоро очекувајте
го видеово и кај нас, за колку време незнам, тоа
зависи од E-Mule-то:)) |
|
Поздрав!
XMKD
________________________ |
DC HOOPS COMMERCIAL NOW ON MTV, MTV2 AND ESPN |
Се
сеќавате ли на баскет клипот од DC? Нормално дека
се сеќавате:). Епа тој е 100% вистински, односно
не е направен со некои специјални ефекти, скриени
агли или монтажа. Е сеа тој стана и официјална
реклама на DC што се емитува на NBA плејоф-от
на ESPN како и на MTV и MTV2 за време на емисиите
"SportsCenter," "Meet the Barkers,"
"Viva la Bam," "Cribs," "Trippin',"
and "Punk'd," и тако даље... Клипов
е слика и прилика, како една обична заебанција,
која откако беше објавена на вебсајтот на DC,
привлече доволно внимание за да прерасне во реклама
која ќе биде видена од повеќе милиони гледачи.
Следете го линков
кој ве води до посебна страна на која можете да
прочитате повеќе за историјата и правењето на
овие клипови, да ги видите 30 и 60сек. верзии,
како и еден неизмонтиран клип на кој ги има и
оние клипови кои не влегле во рекламата. Најтежок
за снимање бил клипот кога Colin пуца од рампа
со halfcab to switch бидејќи истовремено треба
да се фати и погодокот и слетувањето на трикот.
Најголемиот дел од клиповите се снимени од околу
десет обиди, онака спонтано, однонсо додека филмерите
на DC чекале да дојде некој скејтер на снимање
или пак за време на паузите за ручек при секојдневното
скејтање на тимот на DC во последниве 6 месеци,
што овие момци ги прави баскет мањаци и дефинитивно
истакнува дека освен одрани коленици и свиткани
глуждови скејтбордингот позитивно влијае врз развојот
на психофизичките способности како координација
на движењата, подобар осет за простор, време,
сила, гравитација и други физички појави :-).
И на крајот како најважно самата физичка активност
и дружењето за време на практикувањето на овој
спорт (или урбана култура ко што би рекле:)) го
зголемува присуството на адреналинот и ендорфинот
и создава позитивни мисли и добар осечај, а со
тоа и позитивни и весели луѓе. А такви луѓе и
те како е добро да се шетаат наоколу. :-) Него
ај да не забегуваме многу од темата, клик
на сликата и гледајте... |
Поздрав ____________________ |
Галерија
1 и втори мај кај ДИВИ у викендичка |
|
Eve
gi slikite od hotel Promaja na 1vi i 2ri maj...
Blagodarnosti do Divi za site vospalenija na muskuli
i reuma ;)
video klip ovde
aLIENKa |
_______________________ |
Dame
- BMX! |
|
Поздрав ____________________ |
Видео
клип >>>>
LISTEN TO SRECNA MLADINA in Skopje |
|
Клик
на сликата за даунлоуд!
Слики и текст наскоро... |
Поздрав ____________________ |
Nova
fotka od Miki! |
|
Поздрав ____________________ |
Жити
се... |
|
|
Некој
француз, некаде у Франција ваљда :) со 67кмх на
скии се улетуе на снег и пробува да постави рекорд
во скијање на вода али со скии за на снег..
Ајде клик на сликата за клип од 700кб.. будала..
|
Поздрав ____________________ |
Смрт
фашизму,
слобода
народу! |
Фото
бај: Димитар Лазаревски - Џими
Текст бај: Филип Серафимов |
|
Концерат
на плоштад по повод 60 години од победата над фашизмот!
Клик на сликата за слики и текст преку кои Филип
и Џими ви ја пренесуваат атмосферата што ја затекнаа
таму во саботата! |
Поздрав ____________________ |
Утре
на КЕЈ и во ВЕГА! |
|
Уште
еднаш потсетување! Утре, Среда (13:00ч) на кеј за
првпат во македонија ќе возат неколку од најдобрите
скејтери во словенија, а исто така и од бугарија.
Ваков меѓународен собир на скејтери немало до сега
кај нас па може да очекуваме да падне добра вожња.
Словенците доаѓаат во склоп на нивната турнеја низ
екс југославија за промоција на нивното најново
видео со наслов "LISTEN TO SRECNA MLADINA",
а бугарите успат да фатат добра вожња а и самите
да допринесат во атмосферата. После вожњата на кеј
се иде у ВЕГА клубот каде од 20:00ч стартува премиерата
на бугарското видео "CONCENTRATE", а потота
и словенското. Во паузите може ќе пуштаме и по некое
xmkd клипче. Исто така во склоп на премиерата ќе
има и свирка на придружниот бенд "SRECNA MLADINA"
кој е и автор и изведувач на оригиналниот саундтрак
на видеото. Бугарите и словенците се веќе пристигнати
така да може и вечер да падне вожња на кеј, онака
за загревање:) Специjално за настанот изработен
е handrail кој утре ќе биде пуштен на скалите на
кеј. Епа тоа е тоа. Бидете таму и се гледаме. |
Pozdrav!!
XMKD
__________________________________ |
BMX Flat LAnd Фото Галерија!! |

Клик на сликата за влез во една импресивна bmx
flat land фото галерија сликана на X-Games 2003
+ бонус bmx видео клипчиња овде: Клип
01, Клип
02 ...
|
Pozdrav
Даме ! _________________________ |
Пak Паѓање!! |

Незнаеме кој е ама еве го пак! Значи дечкото
паднал од BMX.
|
Pozdrav!_________________________ |
Паѓање!! |

Сликава ни ја прати Даме. Кој е дечково и како
си ја сменил фацата не знаеме но јака му душа,
добро се држи.
|
Pozdrav!_________________________ |
Bail
од видеото TRANSWORLD - Are You Alright |

Кога
ке го видите клипов, верувајте дека нема никад
да ви текне да пробате ваков гап :) Ова е исечок
од Transworld - Are you alright. Епа ај да не
должам многу, клик на сликата или на линкот долу
за download на клипов за кој зборам од прееска.
|
Kлик
тука за download ! |
Pozdrav!!
XMKD
__________________________________ |
Фотки, фотки... |
 
Еве по неколку нови слики од Гого и од Диви. Сликнати
се денеска во Влае, поточно на шипката кај Макпетрол.
Епа тоа е тоа... клик тука
за да ги видите фотките од Гого,
а клик тука
за Диви.
Или клик на фотките горе:) |
Pozdrav!
________________________________ |
EXTREME
UNICYCLING! |
|
Интенресен
спорт кој кај нас досега го имаме забележано кај
жонглерите од FuzzBubble... Погледнете ги клиповите
и се ке ви стане јасно! :) |
Клип
01 / Клип
02 / Клип
03 / Клип
04 / Клип
05 |
Pozdrav!
XMKD
________________________________ |
|
|