ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Wickeda vo Castro

Видео:
Pinokio
Mariana
S Bobby pieme kafe

Во Скопје како што знаеме секогаш се се случува во една недела, а ако заради добрата организација и секогаш навременото префрлање пари од страна на Министерството за култура нешто се одложи и откаже, тогаш се се случува во еден месец. Фала богу, годинава тоа е септември кога каде и да се свртиш нешто се случува. Филмски фестивал, МОТ, Манаки, Македонија- Англија, па дури и Владо Јаневски го даде првото интервју. А, тука меѓу сите овие настани ни доаѓаат и веселите Бугари кои ги немаме видено од 2002 (не, не мислам на дел од новата Влада :) ). И тоа уште на отварање на нов клуб во Скопје. Што би рекле Англичаните: When it rains, it pours. Мора да се иде.А да биде баш во согласност со оваа поговорка, дента баш убаво си паѓаше дожд. Се беше спремно за добра свирка.
На плакатот пишуваше дека почнува во 9 со локалната предгрупа Canon. Почитувајќи го добриот скопски обичај никогаш не иди саат време порано, туку саат време покасно, со Ранти дојдовме во 10 и уште пред влезот во Кастро се беше собрал народ со пиво во рака. Тоа можеше да значи дека или е преполно внатре или пак не се дише, а најверојатно и двете. Барем знаевме дека сме дошле на време. Земавме воздух, плативме карта и влеговме и се почуствувавме како Кастро претходниот месец, ниту можевме да дишеме, ниту можевме да мрднеме. Се гледа дека се потрудиле да го средат малку клубот, го прошириле од страна кај сепареата, ставиле мало шанкче од другата страна, го намалиле пивото (браво за тоа), па дури и ставиле и еден убав фрескоживопис каде што сите знајни ни револуционери од Че до Гоце, од Елвис до Кастро жедни за слобода, со чежња гледаат во логото на Скопска Пивара. Нормално, не иде револуција без спонзор. Само што револуција не иде и без воздух, а тоа фалеше. Дали во сета возбуда беше заборавено да се уградат еркондишни или целиот систем на разладување е поврзан со поминувањето на возовите, кои за жал ги има три во денот, не знам. Не е проблемот во висината на картата, како што се водеше дискусија на форумот, ќе платиме карта, само да се размисли малку и на техничката страна од организацијата и да се предвиди кој простор колку може публика да прими и да има соодветна вентилација. . Нејсе, се погледнавме и како што Гоце би направил кога бил сардисан, веднаш тргнавме во офанзива кон шанкот по ладно пиво.
Внатре иако немаше воздух, сепак имаше добра атмосфера, па дури и жешка :) Ска ритамот не донесе до шанкот, Fun House (замена за Canon ) веќе беа на половина, момците богами добро се трудеа и веќе во првите редови имаа направено атмосфера. Тие што можеа скокаа, се пиеше и се потеше пиво, бендот пееше за чисти чорапи, додека јас веќе посакав и други чисти делови од горна и долна облека. Се на се добро загревање, Fun House имаат потенцијал да тргнат по чекорите на Суперхикс, ја им пожелувам да добијат барем половина од нивните визи и километража ( Андријана Јаневска е опционална). По нив, време е за малку разладување и бегање од шанкот, и пробивање низ гужвата во која човек стварно можеше вечерта да се изгуби (Извини Ранти!! ). На организаторот арно му текнало дека има и задна врата која води во холот на железничка станица со поглед на мониторите со возниот ред, во случај некој да сака да го фати рибарскиот воз после полноќ. Вистинско место за освежување, а и кој имаше среќа си влезе и бесплатно, па имаше повеќе пари за пиво.
После Фун Хоусе на бината се качува нов бенд со црнец, при што настанува за мене мала забуна бидејќи 4 години не сум ги гледал Уикеда. Дали ангажирале некој студент од размена ? Пеце излегува и брзо ја расчистува забуната, очигледно Уикеда доцнат, па во меѓувреме успеале да ги организираат Белгијците Family Jamming кои треба да свират на МОТ. Веднаш почнуваат прашањата дали Уикеда воопшто ќе дојдат, се спремаат веќе критики по форумите, а Логин смирено одговара и гледа накај влезот. За среќа, додека Family Jammin се штимаат влегуваат членовите на Уикеда, добро е, ќе има свирка. Белгијците се покажаа како стварно добра група, со својата пријатна мешавина на ска, реге и џез пријатно ги изненадија сите. Полн погодок на организаторот, така што картата веќе не изгледа така скапа :) За жал, поголемиот дел од нивната свирка ја поминав оправувајќи се од топлотниот шок во холот, па за нив повеќе можат да кажат другите како поминале.
Опоравен и освежен, се враќам внатре и веќе се осеќа разлика. Дали луѓето веќе беа исцрпени, дали имаа договорено да продужат негде во град или некои го фатија рибарскиот воз, веќе гужвата внатре можеше да се трпи. Се зазема позиција за подобро да се видат( што и не е многу тешко во Кастро, знаеме дека не е баш Сајмиште) се нарачува уште едно ладно пиво и журката може да почне. Уикеда излегуваат насмеани, се гледа дека се расположени за свирка. Ова е почеток на нивната европска турнеја, нестрпливи се да се покажат. Уште од вата секунда почнаа јако и не попуштија до крај.Морам да признаам дека не ги знам нивните нови песни, но веднаш се слушнаа и нивните стари хитови: Јас и Боби пиеме кафе, Маријана, толку пригодната Че Гевара (ама не спонзорирана од Скопско). Тие што издржаа, а ги имаше многу, имаа што да видат, слушнат и испотат. Не престана да се скока и пее во наредните саат и пол, а врв беше кога трубачот Сандо скокна меѓу публика. Веднаш се разбудија свадбарските гени (па сезона е), па за две минути веќе имаше пара на трубата. Уикеда не фрлаа букет, ама отсвиреа уште еден бис како шлаг на тортата и на задоволство на сите. На крај можам само да кажам браво за момците, стварно феноменално отсвиреа, а како што гледам на нивниот сајт и они уживале: Skopje,you guys are crazy!We expected it to be hot but we didn`t expected 500 mad people dancing during all the concert and singing the songs!We hope you enjoyed it,and for sure we did!We`ll soon put some pictures from the gig soon,and if you have any,you can also send them to us.We promise we`ll be back as soon as possible! Што би рекле Океан Пацифик: Бугарите се другари!!
На крај ни остана само со насмевка да излеземе и да се разладиме на дождот кој весело паѓаше и се сливаше по ѕидовите на Железничка. Супер почеток на сезоната, честитки до организаторите, да им се множат, првото беше машко. Па за нареден пат и еркондишн да свири како предгрупа :)
Pozdrav, Milan!
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box