ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Се случи уште еден Таксират.
(
Шеста година по ред)

Организациски најдобар до сега, што е и нормално. Со озвучување и лајт какви што прилегаат на најголемиот македонски музички фестивал. Многу рано, веќе дваесетина минути по отварањето на вратите, халата речиси беше полна. Во првите редови беа металците кои нетрпеливо го чекаа почетокот на настапот на легендарните Kreator

Овој нивни настап беше нивни единствен на Балканот годинава, а воедно и предпромоција на нивниот албум Enemy of God кој треба да излезе во јануари наредната година. Вистинска ексклузива. Заради Kreator во Скопје допатуваа нивни фанови и од Бугарија и од Србија.
На почеток мора да напоменам дека не слушам метал. Но, германските метал легенди ме воодушевија со својот настап. Kreator беа фантастични и звучеа моќно. Публиката ги дочека како вистински ѕвезди, а тие се реваншираа на вистински начин. Фронтменот Mille Petrozza на бис се појави со македонско знаме и рече дека публиката е fucking amazing. Очигледно момците од бендот беа презадоволни од својот настап и од начинот на кој ги прифати скопската публика..
Добра вечер! Ние сме Let 3 од Ријека, Хрватска. Така Прља го најави настапот на хрватската рок атракција. Шоуто наречено Let 3 буквално ја растури првата хала на скопскиот саем. Стриптиз, крзнени одела, долги мустаќи, претставување на членовите од бендот со огромни лични карти. Се тоа со одушевување беше прифатено од многубројната публика. Отсвиреа неколку хитови како Profesor Jakov, PNNK, како и легендарната Izgubljeni. Ексклузивно беа отсвирени и неколку песни од албумот Bombardiranje Srbije i Čačka кој наскоро треба да се појави во продажба. Најголемо изненадување за посетителите на Таксират беше песната Zurle која претставува преработка на една македонска народна песна. Долготрајниот аплауз беше големо благодарам за нивниот одличен настап.
Следеа Athena. Ска панк бенд од Истанбул. Lithium Records, организаторите на овој фестивал се обидуваа да ги доведат веселите Турци уште пред некоја година. И ете, им успеа кога популарноста на Athena порасна уште повеќе по нивниот настап на Евровизија. Во нивната кариера се запишани и настапи со големи бендови како што се: Beastie Boys, Rolling Stones, The Cardigans, Die Artze и многу други. 60тина минути публиката уживаше во нивниот енергичен настап. Ја отсвиреа и химната на фудбалскиот клуб Фенербахче. Отсвиреа и кавери на големите хитови Should I Stay or Should I Go на Clash и One Step Beyond на Madness. За крај ја оставија евровизиската песна For Real. Атмосферата во халата го достигна својот максимум. Athena дефинитивно беа вистински избор на организаторот!
Следни требаше да свират The Wailers. Но следеше подолга пауза пред почетокот на нивниот настап. Тоа придонесе делумно да падне атмосферата во халата и да дојде до нервоза меѓу посетителите на фестивалот. Сепак веќе со првите тактови на од првата песна што ја отсвиреа Wailers сите беа на нозе. Немаше човек кој можеше да одолее на хитовите на Bob Marley.
Честа да го затворат шестото издание на Таксират ја имаа белграѓаните Darkwood Dub. Српските електропионири со нивниот прецизен настап ја развеселија својата публика која остана до раните утрински часови на скопскиот саем.
Помина уште еден успешен Таксират. За момент луѓето заборавија на своите секојдневни проблеми и уживаа во одличната музика. Шестото издание на Таксират беше забава која уште долго ќе ја паметиме. Лошо е тоа што наредната вака добра забава ќе биде наредниот Таксират.
Поздрав од Филип и Џими до следната луда журка!
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box