ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

xmkd plagijat Таратур а-ла Брицо
За да се наоправи таратур ни треба: 1 краставица од тие големите, канче кисело млеко, сол, никако не се заборава на лукот и може малку оревче по желба. Али за ова нашево истоимено најомилено мезе за уз ракија, не ни треба ништо повеќе од добра воља.
Таратурци се погрижија за добрата музика во саботата вечер, па дури и за домашна ракија направена од дедому на Џон т.н. „Џоновача“ (од која, патем прав ѓон се прави чоек)! На свирката дојдоа едно чудо проддржувачи и навивачи на Таратурци и нешто плагијатори. Публиката иако верна, и требаше долго време, дури цели шест песни за да се опушти и да почне да скока. На што Војче-пејачот се придружи на публиката и се направи по некоја шутка од каде излегоа неколку повредени девојчиња, но без крвои и скршеници, се под мотото "Fast music doesn't mean violent dancing" кое е истакнато на ЦеДе-то на Таратур.

Свирката траеше нешто повеќе од еден час на наша жалост, но сите оние кои останаа продолжија со журка на омилената музика на Таратурци. Сепак најжалостно беше тоа што ова му беше последна свирка на гитаристот Влатче. Од сега па понататака, Таратур се редуцира од пет на четири состојќи, се надевам со ист добар звук како и до сега.
На свирката Таратур го промовираше својот прв албум "Live in Life radio" на кој може да се најдат сите песни исфрлени од Таратурци (кое промотивно се продаваше по супер евтина цена од 50 денари):

1. Некој не дупи
2. Селска
3. Сури паликуќа
4. Шета Џонка
5. Полицијата доаѓа
6. Круговите на Џон
7. Песна за Весна
8. Еколошка
9. Песна за вокалите
10. Таратур

надополнети со снимки од 30 март 2005г.:

11. Со цвеќе во рацете
12. Песна за Весна
13. Сури паликуќа

и една студијска снимка на:

14. Шета Џонка

Покрај свежата добра свирка што ни ја приредија, побрзав да го преслушам и албумот дома. ЦеДе-то на Таратурци им е одлично! Опаковката малку аматерски е изработена, но внатре уфрлиле и брошурче со текстовите на песните, па може чоек и да си ги потпевнува. По малку ме потсетија на старите добри ска-пунк бендови како "Toy Dolls".

ЦеДе-то сеуште не е достапно во продавниците, но се надевам дека набрзо ќе биде и тоа. Сите кои го сакаат ска-пункот може да земат да го преслушаат ова ЦеДе и тоа во оригинал. Не само заради тоа што е евтино, туку и за да ја поддржат оваа надежна група за набрзо да очекуваме од нив многу новитети и квалитетни студијски изданија.

Поздрав,
Ранте

 

муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box