ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Шпиц и Уки
Како луѓе вчера сум се наспал што да ви кажам лепота доаѓаш од работа гравче и кобасица Сафалада за нејзе ќе треба да ви пишам посебна статија за нејзината убавина и сочност и...... ДОСТА околу тоа.:) Значи се наспав станува палам сметачот и ете Марко на ICQ. Шо правиме вечер ај на пивце некаде ама првин на плоштад да сликаме АЈ, АЈ. Се наоѓаме таму. Нормално фаќам такси пошто Москвичот брат ми го земал (иначе кој сака да купи Москвич Алеко нека повели да исконтактира со мене со плин е). Стигам кај чичко Стоилко и ете од таму звик на добар Блуз и Р`Н`Р.
Шо поблиску тоа подобро звучи и нормално како што знаев Легендите на уличните уметници нивните величества Шпиц и Уки (нека ми извини третиод дечко не му го знам името иако има чест да свири со нив). Атмосверата ке покушам да ви ја опишам иако имате и фотки и клип па споредете сами.. Кога сум веќе ка опишувањето Ви должам многу големо извинување бидејки иако бев присутен на концертот на Легендите на хард рокот DEEP PURPLE ништо не ви напишав како шо било, ама ако ми верувате уште неможам да се свестам од емоцииииииии. Тој концерт дефинитивно не се опишува, него само се присуствува. А, ова ќе покушам.
Значи да се навратам на плоштад. Есента почна полека да доаѓа, свежо али одлично за прошетка иако повеќето од луѓето се спремаа за утрешниот празник 8 септември. Некои да прошетаат во природа некои да чистат дома, а и некои да отпочнат со правење зимница како на пример неговото величество АЈВАРОТ иако некои го лиценцираа и го нарекоа ајвер али тоа не е наша работа мада можеме да ги потсетиме до каде е таа работа. Значи плоштадот. J Мирно, минувачи не во доволен број ама сосема доволно за да се направи одлична атмосвера на настапот на триото со Шпиц и Уки.
Луѓето свиреа одлично нивните гитари едноставно ѕвонеа во отворениот простор и ја правеа уште по релаксирачка атмосверата на плоштадот Македонија. Кој како поминуваше одмараше. Легендите на уличните уметници си го правеа своето како што треба и професионално. Тогаш си помислив зошто нема уште некој вака да искочи за да заживее нашиот плотад со нов изглед. Знам има неколку типови кои одлично баратаа со спреови па сликаа и продаваа слики на лице место и би ги прашал КАДЕ СТЕ? Има и доста наши музичари кои отидоа по белиот свет за да свират на улица, а зошто не искочите тука на нашиот плоштад зарем Ви е срам. Дефинитивно со Шпиц и Уки плоштадот станува се пожив и подобар. Одлично се вклупуваат во атмосверата. Па ајде има место за сите.
Но како Шпиц и Уки има и други наши ценети личности кои го разигруваат и пополнуваат плоштадот. Тоа се нашите екстремисти личностите кои едноставно си играат со велосипедите, ролерите и скејтбордите. Но за вчерашното возење сепак ќе му оставам на Марко да го опише да не испадне дека само јас бев присутен таму во таа идила на Р`Н`Р и екстремни спортови. За крај ги повикувам сите кои сакаат нашиот плоштад да заживее, бујрум и би замолил, да Градскиот совет направи подобри услови за тоа, полицијата да не ги вознемирува нашите улични уметници и нормално ценетите станари (комшии) кои живеат тука да не фрлаат разни работи кон плоштадот и луѓето бидејки е тоа за НАШЕ ДОБРО.

Поздрав за сега J

Џими

муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box