ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Sick Of It All во МКЦ!

Видео:
Two Sides: 01 / 02 / 03
Smut: 01 / 02 / 03
Sick Of It All: 01 / 02 / 03 / 04 / 05 / 06 / 07 / 08 / 09

Одамна чекав да се случи вакво нешто во Скопје... Конечно и ние да можеме да се пофалиме со квалитетни свирки и вистински големи бендови од светски размер. Немаше потреба од големо рекламирање бидејќи уште со пуштање на првите шупкања, и излегувањето на првите плакати кои беа само со датум, веќе сите знаеа за гигот, и сите беа спремни да платат колку и ќе се побара само за да ги видат во живо. Како времето се ближеше така деновите се одбројуваа, се преслушуваа старите ЦДиња, се гледаа спотовите, и се коментираше за бендот. Конечно дојде и денот и се упативме сите кон МКЦ.

МКЦ полно, но не и преполно... Имаше место за слободна шетња, па така нема гајле...

Малку наквасување надвор, и правац на Two Sides. Момците почнаа да ја загреваат публиката, а публиката збесна на песните на Two Sides. Свиреа моќно, наштимано и прецизно... јес да на Зоки му се скина жица, па мораа да мењаат гитара и бас, пошто на Smut беа еден штим подоле т.е. од D... ;) Момците си го изработија својот дел перфектно, публиката задоволно ги испрати и на сцена следеа Џоле и Гајка... т.е. Smut. Искрено, од позади од кај што ги гледав не ми звучеа ич добро... Можеби тоа е бидејќи не го сакам многу овој наш бенд, но истите коментари ги добив и од другите луѓе што беа во околината. Се изнарипавме и на Smut, и дојде редот на она што го чекавме со душа.
Си го пуштија крупо напред да ги наштима, да им ги намести инструментите, тонецот да намести се како што треба за да се качат и да згрмат... Успут тука ми улета Васе и ми вика, брат ако сликаш, тргни се на страна зашто ќе се џиткаме сите, бендот ќе се џитка, нема да ти биде сигурно... И како што кажа тоа и се случи. Истрчува бендот на сцена... спрштува гитарата, и ете ти го Васе лета у публика. Лом! Почнаа да лудуваат сите... Права НС свирка... Само онака глеаш у бендот и наеднаш некој ти лета над глава... лудило. Каква енергија само имаше на сцена... Па уште како ни се погоди да оваа турнеја им е дел од 20 годишниот јубилеј... абе лом!

На сред концерт напраија wall of death, што и толку многу не го сакам, но очигледно целата публика го сакаше па така да немаше фрка. Искрено немам зборови за таа енергија и тој вајб што се ширеше во холот на МКЦ... искрено, оваа свирка ми е една од најдрагите свирки на која што сум присуствувал во Скопје,ако не и на прво место.

Уште сум под импресии иако помина веќе скоро цела недела... Сакам нешто вакво почесто да ни се случува... Воздра! Shroomie

Си седиме ние, како будали дремеме пред МКЦ... уште живо маче немаше пред врата, саат ипол порано! И поштено си чекаме, и си чеееекаме да дојде моментот. И почна да се собира гужва колку од толку. Си влеговме ние, да си фатиме добро местенце, напред за фоткање и сл. Си се бутнавме и ете ги почнаа да се качуваат, спремаат нашите Ту Сајдс ... Абе они си беа СУПЕР како и секогаш се разбира, нив ако ги немаме слушано! Кој?! Си исвиреа доста песнички, колку што им дозволуваше времето и ни ги претставја, SMUT како следни на сцена.
Се качија и SMUT а салата не прекинуваше да се полни! Кога се свртев што да видам! Нема место да се мрдне! Нема потреба од објаснување на настапот на SMUT, сите сме ги слушнале, сите сме ги виделе… а кој не ги слушнал нека иде нека се убие слободно! хи хи хи!
И ете го дојде и моментот што сите таму во салата го чекавме. Завршија SMUT и се појавиа легендите! Sick Of It All! Абе мераци! Почињаат со свирење и во ист момент имаш огромни шутки… врескања, рипања а у .. абе неам зборови, каква атмосфера… мљац мљац!
Искрено посакувам да траеше вечно, ретко вакви моменти низ Скопјево! Одлично организирано се нај нај… а и башка ваков светски NYHC бенд, не баш често ти доаѓа во Скопје! Епа за сите што беа ќе си памтат за секад, а за тие што не беа... веќе кажав! Вечно ќе се каат! Поздрав, Дона.
Txt: Shroomie & Dona / Foto: Haker / Video: Haker
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box