ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Rock and roll caffe ili Denny te chuva caffe?
Во овој месец се случија многу добри свирки, а тие збиднувања ги продолжи и токму овој настан кој ви беше добро познат на сите. Ден петок 27.01.2006, ден пред викенд кога се сите слободни... утредента немаат обврски, па може да се заглават било каде, а плус и влез гага... па таа понуда едноставно неможе да се одбие. 20:00 пред сала градски парк... по нешто за загревање пред свирка... и внатре сме. Полу полна сала, која не престануваше да се полни. Како и по обичај, македонска работа, свирката доцнеше цел саат, па така имаше доста време да се рашеташ, напраиш муабет со другарите, па и да пивнеш нешто ако ти се пие. Дојде 21:00 и на сцена се качија локалните “херои” Borgoth. Специфичен стил на метал, со сајзери со чуда кој ја разбудија подзаспаната публика. Бендот си имаше дел своја публика напред, па тка мрдаа само тие напред, а другите продолжија да легачат позади и на трибините.
Брзо завршија, 3-4 песнички и на сцена следеа, момците од PMG.
Излезе Мирко заедно со гитарист, басист, и дечкото со лаптопот. Почнаа да се забавуваат, а воедно тука почна и публиката да се забавува. Мрдаа сите во ритамот на Мирко, а највеќе се крена атмосферата кога ја свиреа добропознатата Скопјанка! Задоволни момците, а воедно и публиката ја напуштија сцената, за да може на неа да се качат Пере заедно со неговиот бенд. Да претпоставувате... на сцена се качија Playground. Со своите... па незнам баш како да ги издефинирам песните... успеаа само да ја подзаспијат веќе размрданата публика, па така многу-многгу и не им обрнува внимание. Се симнаа од бина, и следеше големо штимање... мала пауза... Публиката почна да скандира... бидејќи следни беа вистинските херои на вечерта. Од старт почна да се скандира Шон!, Дени Те Чува!, Кечо е закон... и други работи, кои само одеа во плус, во психата на бендот за да напраат уште поголема фешта.
Се качи Шон и свирката почна со Зборови... Во публика се дешава хаос! Сите пеат... а Шон самоуверено свири на гитара и пее заедно со целата публика. Сите се на нозе... и почна фуријата. Кечо излезе на сцена со каубојски шешир, кој уште повеќе допринесе за дигање на атмосферата... пеење, прштат гитари, шутки... бесења, стјџдајв... качување на ушка... абе тотално лудило... сите играат, сите пеат, сите се забавуваат! За во моментот на кулминација, се извадија 2 бакљи во публика кои почнаа да фрлаат црвен пламен кон таванот. Лудило!

ДАЉЕ>>>

муабети box
Chat Forum
email box

username



password
snow box