Денес во 08:30 часот на булеварот Јане Сандански избувна пожар во сендвичарата Попе. Од пожарот изгоре целата опрема во киоскот остана само надворешната конструкција. Пожарот ги оштети и другите две трафики што се до сендвичарата. Пожарникарните екипи пристигнаа на време така да огнот на време беше локализиран и не дозволија да се прошири на другите објекти. Причините за избувнувањето на пожарот се непознати. Материјалната штета накнадно ќе се утврдува. Ова е втор пожар на оваа локација, првиот беше пред некоја година каде што изгоре сенвичарата од другата страна на булеварот. |