ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

ЛОРД ОФ ДА ФАКИНГ ДЕНС
„Добро вечер почитувани гости. Мене ми се падна шкорчето да искочам пред вас и да ви кажам дека, еве заврши конечно и оваа неколку месечна драма со пристинувањето на Lord of the Dance и да Ви се извинам поради откажувањата на концертите.....“
Логин Кочишки (Литиум рекордс)
Вака отпочна вчерашниот прв концерт на големата денс атракција LORD OF THE DANCE.
Епа, добредојдоа!
Концертите значи се одржуваат во Универзалната сала од понеделник 26-09-2005г. до  среда 28-09-2005г. Абе што да ви кажам дефинитивно според мене дечките од Литиум не ни морале да влечат шкорче за да искочат и да се извинат и да објаснат. Абе за се тоа ти да го донесеш цела таа нивна опрема и бина специјално озвучена, толку народ, значи, колку настапувачи на бина малтене толку и логистичка подршка од позади бина. Абе видите луѓе кога луѓето си дошле сосе машини за перење алишта и сушари, машини за шиење и така натака па што да ви кажам. ЛУДНИЦА. АЛАЛ ДА ВИ Е БЕ ЛИТИУМЦИ!!!

Ама децана се изнаскокаа на сценана. Да видиш мајката секој удар од сите 40 луѓе на сцена се слуша како еден, уиграност невидена. А башка еден батка (оној добриот) па кога ќе застанеше пред нив го правеше она исто како оној од DVD то што го пуштаа на телевизија. :) Не луѓе работава стварно не како Цацко со оној шо му ја скршија кичмата ама навистина беше феноменално. Само за жал поради малата сцена екипата на  Lord of the dance очигледно беше намалена. Но сепак децата си го одиграа своето на незаменлив и незаборавен начин. Приказната не беше битна, битна беше цела таа кореографија, цел тој колароид на бои од светлата, оригинални костими и перфектна уиграност. Едноставно се како што треба.  Само публикава малце да сватеше дака кога се иде на концерт ако имаш апарат не се уклучува блицот бидејки смета на сите, особено на тие на сцена, а и нема ништо да искочи од фотографијата – зијан дибидус! За среќа Универзална сала ја опремиле со блокада на мобилната телефонија па на раат си го изгледавме чудото, што го имаат гледано над 500 000  гледачи низ целиот свет........ Значи Народе чујте и почујте тоа што се кажува на рекламата е права вистина нема лага нема да зажалите ако отидете или се степате за некоја карта.
ДАМИ И ГОСПОДО... 
LORD OF THE DANCE

Поздрав
Џими
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box