ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Music Non Stop - Kraftwerk во Скопје, 16.06.2005
Звучи толку нереално! Звучи толку неверојатно! Звучи како првоаприлска шега! Но, и тоа ни се случи! Легендарните Kraftwerk, пионерите на електронската музика настапија во Скопје! И не само што настапија, туку со својот незаборавен настап ги оставија посетителите од Скопје и од цела Македонија уште долго да ја прераскажуваат оваа јунска вечер. Слободно, уште од сега настапот на Kraftwerk можеме да го прогласиме за концерт на годината. Нема да згрешиме и ако го прогласиме за најдобар концерт во поновата македонска историја. Литиумци со организирањето на овој концерт дефинитивно ги поместија стандардите во концертниот живот во нашиот град. Веќе ништо не е како порано.
На билетарата пред влезот на саемот ме дочека натписот sold out. Тој факт ме израдува искрено, бидејќи барем за момент Македонија заличи на нормална европска земја. Дојдовме до ситуација која е голема реткост во нашата држава. Распродаден концерт. Ситуација која се надеваме дека ќе ги охрабри Литиумци и дека наскоро ќе го почастат Скопје со уште некое големо име од светската музичка сцена.
Халата беше преполна со публика од сите генерации. Приближно околу 4500 посетители. Од тинејџери па се до средовечни луѓе кои растеле со музиката на Kraftwerk. Точно во 9 часот започна концертот. Се отвори завесата, а на бината се појави култната четворка од Дизелдорф со своите лап-топ компјутери пред себе. Публиката еуфорично со аплаузи и извици на задоволство ги дочека германските пионери. Започнаа со The Man-Machine, а потоа не прошетаа низ целокупниот нивни материјал. Беа отсвирени и неколку песни од нивниот последен албум Tour de France Soundtracks. Веројатно најспектакуларен момент од концертот беше кога четворицата членови на Kraftwerk ја напуштија сцената и за време на The Robots им го препуштија местото на роботите со нивните ликови. Роботите кои се еден вид заштитен знак на групата.
Во завршниот дел од концертот се појавија со специфичните светлечките одела. Својот настап го донесоа при крај со две песни од Tour de France Soundtracks, одличните Elektro Kardiogramm и Aero Dynamik. По цели два часа и десет минути перфекција со Music Non Stop беше ставена точка на овој спектакл. Членовите на групата еден по еден ја напуштија бината отпоздравувајќи и на публиката. Публиката која во транс аплаудираше уште долго по завршувањето на концертот.
Затоа и не треба да не изненадат импресиите на Ralf и Florian кои им ги пренеле на Литиумци веднаш по концертот: Петнаесет денови по почетокот на турнејата ова беше најдобриот концерт и најдобрата публика. Пренесете им на сите во Македонија: Next year, we are here again with a new album.. and MUSIC NON STOP!
И што сега по Kraftwerk? Што можевме да очекуваме од Kraftwerk, ако не вистински спектакл? Аудио-визуелен спектакл кој не смееше да се пропушти. Огромна бина со екран во позадината на кој постојано одеше совршено синхронизирана видеопроекција. Перфектно озвучување и осветлување. Едноставно, ова беше концерт кој немаше ниту еден минус. Скопје звучеше добро! Скопје звучеше европски! И сите се чувствуваме супер заради тоа! Не е мала работа да се каже: Јас ги имам гледано Kraftwerk во живо.
Pozdrav, Filip!
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box