ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

Denny Te Chuva на Машински, 17.06.2005
По повод (ова сега го препишувам од флаерот) завршувањето на првата година студии по европски кредит трансфер систем на паркингот на Машинскиот факултет беше организирана журка. За добро расположение на публиката беа задолжени Juke Joint Express, Denny Te Chuva, Dedicated For Life, како и DJ-ите Midichlorion и Fluid.
Искрено, нас најмногу не интересираше настапот на нашите пријатели Denny Te Chuva. Па така тоа беше и единствениот дел од журката на кој присуствуваме.
Шон, Јане, Коста и Кечо својот деби албум Меѓу 4 ѕида го промовираа пред два месеци во клубот Вега. Албумот е фантастичен - одлична музика во комбинација со уште подобри текстови. Интересен е податокот што албумот е снимен во акустична верзија.
Но со свирката на Машински, Denny Te Chuva ја најавија и дисторзираната верзија на албумот Меѓу 4 ѕида. Во оваква верзија песните звучат уште подобро.Момците од Denny Te Chuva со овој настап покажаа дека моментално се најперспективниот бенд во нашава земја. Единствен проблем е што свират во Македонија. Бидејќи со квалитетот кој го поседуваат нивниот успех воопшто не е доведен во прашање. Но тоа важи за нормалните држави.
На концертот беше видливо дека веќе имаат голем број на фанови кои ги пееа песните заедно со нив. Атмосферата го доживеа својот максимум за време на изведбата на песната Проклет Балкан од Sidewalk. Секако за бис беше сочуван нивниот најголем хит, уште една песна од времето на Sidewalk - Зборови. Потребни ми се сега твоите зборови, пријателе...
Pozdrav, Filip!
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box