|
денеска
е:
BALKAN BEAT BOX
- Сите сме цигани!
|
|
Цел свет лудува по фолклорната музика!
Еве што викаат дечкиве кога ќе кликнете
на About Us на нивниот сајт :
BALKAN BEAT BOX се Tamir Muskat и Ori
Kaplan здружени со талентираните музичари
и изведувачи Itamar Ziegler, Dana Leong,
MC Tommer Yosef, Eyal Talmudi, Uri
Kinrot, Ben Handler, Jeremiah Lockwood,
Peter Hess и одлични вокалисти од цел
свет кои се појавуваат како гости.
Тамир и Ори се активни на њујоршката
андергроунд сцена во бендови како Firewater,
Gogol Bordello, Big Lazy, Shot'nez,
Victoria Hanna... Исто така се појавуваат
и како диџеи на различни журки. BBB
e шоу кое произлезе од соработката
помеѓу овие двајцава со еден од најдобрите
израелски Vj-и Vj Alma Har'el, употребувајќи
снимки од разни изведувачи во живо.
|
|
|
Идејата
позади БББ е природна реакција
на музичари кои ги владеат, не
само алатките и дисциплините, туку
и Ди-џејството и екстремниот инструментализам.
На сето тоа додаете му го и интензивното
истражување на своето не-западно
минато, корени, како и други најразлични
култури. Во соработка со изведувачи
од Бугарија, Мароко, Шпанија, Израел,
Иран и со настани синхронизирани
со видео арт со танчери/ки од разни
места, БББ создадоа магично шоу.
Циркус што трае 2-3часа, инволвирајќи
многу дисциплини заедно со основната
група од 7-8 музичари и локални
изведувачи. |
|
Нивниот
албум е микс на електронска музика
со изворна фолклорна музика од
Балканот, Северна Африка и Блискиот
Исток. Со влијание од Бобан Марковиќ,
Rachid Taha, Fanfare Ciocarlia,
Manu Chao и Charile Parker, Balkan
Beat Box претставува див микс од
стилови и звуци кој е тука за да
докаже дека светот нависитна е
една голема сцена и сите ние сме
цигани. |
|
|
Мислам дека овија се
онија правите од новиот традиционално-електронски-фолклорен
бран (што е сега во мода), кои
не ја користат традиционалната
музика за да прикажат сопствена
изведба, туку ја вадат од корен
и директно ја ставаат на сцена!
Нормално со примеси на тапани,
басови, електроника, видео и
се што ќе им дојде при рака. |
|
|
|
|
Оваа година на ТАКСИРАТ ги имаме
Тони со Черкези и Димитри, а за идната
мислам дека БББ истотака би биле одличен
избор! Нормално заедно со некој од
нашиве локалци изведувајќи микс од
македонска традиционална музика, цигански
оркерстар и шо ти ја знам што друго.
Поздрав! |
|
|
|
муабети
box |
|
email box |
|
snow box
|
|
|