ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

plagijat Архангел на Скопски саем, 29.10.2005
Видео клип: $1.000.000
Го гледам на вести Ристо Вртев како изјавува дека ќе има концерт на Архангел на 29.10.2005. Колку се израдував тогаш! И со нетрпение го чекав денот кога тоа ќе се случи.
И дојде 29ти! Си купив карта во последен момент (некако нетипично за мене, ама тоа е), се спремив и отидов. Влегов нешто пред 21 часот, видов еден куп пријатели, купив пиво и се стационирав! Концертот го почнаа со новиот албум "Небесна машина", па после тоа следуваа сите оние нивни стари добро познати песни. Се изнапеав и се изнарипав! Траше неполни 3 часа. Прв пат ми се случува да не приметам дека поминало толку време. Во секој случај, супер концерт... иако мене ми е подраг оној од '98ма!
бај Paraskeva д молика
Збирно место саем... 20:00!!! Луѓе еден куп, се отвара прва врата, па влагаме низ обезбеџење, па втора врата и внатре сум... како да сум влегол у некој храм... за тоа допринесе и предгрупата која беше екстра! Свиреа Џоплин, Крафтверк, класики... Но тензијата беше се поголема како што се ближеше 21:00! Вртев, Вртев, Вртев,... Ристо, Ристо.... И се појави на сцена како некој Бог... удрија јако... како што доликува на еден вистински р’н’р бенд... После тоа се се редеше како карти на пасијанс... одекнаа сите песни кои публиката ги рокаше заедно со нив!!! Едноставно маестрално!!! Одамна го чекав ова нешто да се случи кај нас! Војна, Дно, Сениште, 1000000 долари, Златно жолто, Харткор, Нож, Владимир, Ибер Македонише... едноставно што и да кажам ќе биде излишно...магија...
П.с. Аaaaнааааа, закон беше!
бај shroomie д бор
За сите возрасти - нови радости, ТИЕ знаат најдобро што ни е потребно!!!
Тоа што ни беше потребно го добивме. Архангел - бендот со кој растевме и кој растеше заедно со нас. Бендот кој во саботата го прослави својот 18ти роденден. Полнолетство.
38 песни.. вистинска (речиси три часовна) рокенрол лекција. Архангел звучеше подобро од било кога до сега. Гино жесток на гитарата, Мите и Михајло совршено прецизни на бубњевите, Џоле и Петар Јанков фантастични на бас гитарите.
Секако, ништо без незаменливиот фронтмен - Ристо Вртев кој искрено и со нескриени емоции ги подели сите свои песни со повеќеилјадната публика во првата хала на скопскиот саем. Сеедно е дали го сакате или пак не можете да го поднесете - морате да го признаете фактот дека Вртев е еден од најмаркантните ликови во македонската рокенрол историја. Вистинска рокенрол икона. Сребрениот јавач на диви бранови. Тоа го покажа и во саботата. Се покажа во вистинското светло како лидер на еден навистина голем бенд.
Радува тоа што на концертот имаше многу млади момци и девојки кои веројатно за Архангел само слушнале од своите постари браќа и сестри, а ги пееа сите песни од почеток до крај.
"...твоите зборови, зборови волшебни..."
Архангелци ги отсвиреа сите четири албуми, но нас ни тоа не ни беше доволно, па мораа да се вратат на бис со Ладно оружје и Ubermakedonische.
Подобар крај на овој концерт не можевме да посакаме. Се беше толку совршено. И романтично и оргазмично. Фала ви момци!
бај Barrufet д бор ше многу кратко. Или барем мене така ми се причини.

Поминувам од раскрсницата кај стара рампа, на ќошот едно големо пано со рекламата за Архангел концертот. Од спротива поминуваат двајца другари, меѓу 17 и 19 години, грицкаат семки, во моментот на исплукувањето едниот му се обраќа на другиот:
"Абе, што е ова Архангел?"
.
.
.
1994, военото игралиште, 103-ка - 3 години БОР во македонското радио, 8-мо одделение. До 2 часот по полноќ чекавме Архангел да свират!! Неверојатен концерт!
.
.
.
"Абе, што е ова Архангел?"
.
.
.
...сонце и месечина...
Ете тоа е Архангел! Групата која многупати во почетокот на деведесетите години докажа дека на македонски јазик можат да се прават прекрасни песни, додека на луѓето помелозвучни им се чинеа српските и англиските. Без да ги запоставам Мизар и сите тогашни бендови, Архангел направи бум и ја обележа македонската сцена засекогаш.
.
.
.
2005, скопски саем... Архангел ги собра сите. Илјадници, мож појќе, мож стотици во зелени маички што си ги добија со картите! И уште толку разновидни ликови што пораснале или допрва ќе пораснат со Архангел. Сите една голема шума и тек таму по некој бор од плагиј.ат.
Навистина прекрасен концерт. Не потсетија на она што беа: 1, 2 и тоа што се сега. Г. Вртев како да знаеше дека овој концерт ќе биде нешто посебно и ги запамти сите свои текстови.
Публиката викаше на цел глас како таа да е на сцена "...моите милион долари..."
Скоро три часа дерење, пиво и силни емоции. И крај.
Ми остана само да го спомнам Џоле... Фала.
бај rante д бор


Тхт: Параскева, Шруми, Филип, Ранте / Фото: Марко
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box