ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

12 Јуни 2005, XMKD ЛАЈФ НА СЦЕНА ВО:

La Bienalle di Venezia, 51

Екипата на XMKD присуствување на еден многу значаен настан пред неколку дена кој се одржа во Венеција, Италија. И тоа 51 биенале на уметности кое на секој две години ги собира нај актуелните артисти од целиот свет на едно место.

Отварањето беше на 12 jуни а изложбата ќе трае до 6 nоември 2005 година. Проф. Антони Мазневски, еден од нашите најголеми уметници на нашата актуелна ликовна сцена заедно со кураторот Соња Абаџиева, во центарот на Венеција ја представија Македонија со проектот на Мазневски „Бродот на Моцарт„


Значи како прво си помиваме феноменално, така да кој не бил во Венеција ете му повод да отиде. Е сеа нема многу места за возење, уствари нема ИЧ места за возење али затоа пак има гондоли, убави девојки, досадни италијани, миљарда туристи, екстра пица итн.. аа има и убава архитектура, многу галерии, роматнични тесни улички... Уше скејт парк им фали!



Ние имавме среќе си најдовме „ефтино„ хотелче иначе ќе требаше да продаваме некој бубрег за да можеме да преживееме 2 дена. Ок, имавме среќа и така! Спиевме блиску плоштадот Сан Марко (види слика долу)


и блиску палата Ѕорѕи, каде што е седиштето на UNESCO и каде што нашиот уметник го изложуваше својот проект. (види слика доле и пак малку подоле)


„Бродот на Моцарт„


„Бродот на Моцарт„


„Бродот на Моцарт„


„Бродот на Моцарт„


„Бродот на Моцарт„

Ајде сега брзо за да знаете што видовте на сликиве погоре, кликнете и на овој линк кој ќе ве однесе на веб страната на музеј на современа уметност, скопје и каде ќе може да прочитате и некој паметен збор повеќе за делото на професор Мазневски клик тука >>>





Покрај тоа што се скршивме од шетање, бевме и да го посетиме другиот дел од биеналето, односно останатите земји излагачи. Тоа беше организирано на два големи простора и плус различни локции низ Венеција. Најголемите простори се Аrsenale и Giardini. Ако фатите карта на Венеција во рака одма можете да ги лоцирате местава зошо се огромни! Е сеа подоле малку фотки од Arsenale и Giardini, односно од другите излагачи:






павиљон на Шпанија или Португалија, фотографии;




Дел од павиљонот на САД, уметник од New York со модел на НЛО..

Moжеше да се влезе внатре и да се гледаат некој си симулации, анимации и сл. Тим на „доктори„ облечени во бело те редат со разни апаратури и те внесуваат внатре...








Дел од павиљонот на Кина, огромно дело од бамбус. Од конструкцијава се праи топ VERT али ај, кој ќе се разбира со кинезиве..


Одбор за пречек на влезот во Giardini (ова во превод значи градина, делот од изложбата кој се дешаваше надвор)




Дел од павиљонот на Унгарија, интересен проект, малку морбиден?

Проектот на Австрија, некој тип со презиме Шабус го фатил проектов и напраил планина со дрвена конструкција и го „обвил„ постоечкиот павиљон.

Изгледа интересно али во живо е малку тапа и недозреано. Не сме дошле да гледаме саем за дрвени конструкции... од уметност ниту У али ај...



Ова е дел од павиљонот на Србите, односно Србија и Црнагора. Ништо посебно, али убаво..


Шведска и Норвешка! Павиљонот кој е изграден незнам кога точно али е изграден од ове две држави. Изгледа многу импозантно и фраерски! По мене најубавата градба во Giardini.






се ова погоре се слики од павиљонот на Шведска и Норвешка


Канада имаше интересен перформанс и тоа видео бим проекција на тенок млаз од вода како платно




за крај уште неколку слики од авторот на проектот кој ја представува Македонија, проф. Антони Мазневски






поглед кон внатрешноста на дворот на Palazzo Zorzi


Антони Мазневски и кураторот на проектот Соња Абаџиева

 

поздрав и до следното биенале за две години!
фото и теXт: Иво Мирковски

муабети box
Chat Forum
email box

username



password
snow box