ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 




xmkd Bloodhound Gang vo Skopje

Предвесниците на популарните JACKASS, контроверзните, експлицитните, налудничави Bloodhound Gang доаѓаат во Скопје. Спремете се, на 21 Јуни на Скопското Лизгалиште во склоп на нивната светска турнеја по повод промоција на новиот албум “Hefty Fine“, а само неколку дена после настапите на фестивалите Рок ам Ринг и Рок им Парк да присуствувате на концерт каков не сте ни замислувале дека ќе гледате. Настап полн со шокови, изненадувања, лудории, инзворедна музика... Башка влезница само 300 денари бидејќи Литиум слави 10 годишница со вас!
Прогнозерите најавуваат убаво време, Ние гарантираме забава до бесвест (Нови дечки)!!!
До тогаш, повторете ги добро познатите рефрени:
You and me baby ain’t nothing but mammals, so let’s do it like they do on the Discovery Channel…

Апостолките во раце се глеаме на Скопско лизгалиште.

“No reason to live, but we like it that way”

   Ова е животното мото на Bloodhound Gang кое можете да го прочитате на сите нивни албуми. Тие се непристојни, лоши и изопачени. Со своите текстови навредуваат секого, културолошки се несензибилни, тотално политички некоректни, антисоцијални, безобразни, расипани и валкани. Тие дури ги напаѓаат и оние од нивниот вид. Bloodhound Gang немаат големи амбиции и немаат желба да станат подобар бенд. Ги мразат своите фанови и воопшто не им е јасно зошто тие ја слушаат нивната музика, а за воља на вистината и нивните фанови ги мразат нив. Дури и официјалниот веб сајт (www.bloodhoundgang.com) кој има функција на фан клуб, е наречен - Bloodhound Gang Cyber Hate Club.

Кои се всушност Bloodhound Gang?


    Креативни генијалци кои можеби се емоционално изгубени и претпочитаат да живеат на мрачната страна од човештвото или пак социјални случаи на кои им е непријатно од нивниот добар boy band изглед, или пак се работи за рехабилитирани сексуално девијантни перверти кои неодамна се преобразиле во фамилијарни луѓе... можеби од се по малку.
Токму со оваква предлошка, Jimmy Pop – фронтменот на Bloodhound Gang ги опишува членовите на бендот: басистот Evil Jared Hasselhoff, гитаристот Lupus Thunder, тапанарот Willie The New Guy и човекот позади грамофоните DJ.Q-Ball.

Што оваа дружина на весели и откачени момци има направено во изминативе години, на музички план, се разбира?

   Сигурно многумина од вас се сеќаваат на песната со ужасно смешен текст The Bad Touch, која беше вистински хит во 1999 година.
“…You and me baby ain’t nothing but mammals, so let’s do it like they do on the Discovery Channel…”.
Jimmy Pop ја напишал oваа песна една досадна вечер испитувајќи што се може да најде на својата кабловска телевизија. The Bad Touch многу бргу стана вистински хит и го фрли бендот во врвот на светската музичка сцена. Песната им овозможи да гостуваат на најгледаните национални програми, како на The Tonight Show. Им овозможи да си купат и куќи, им овозможи жестоки сексуални средби со девојки, на кои не би можеле ниту да им достават пица додека биле во средно школо, славата пристигна!!!

А што се случуваше пред The Bad Touch?

   Бендот се формира во далечната 1992 година, но дури во Ноември 1994 го издаваат своето прво деби Dinglberry Haze кое е продадено во “преку“ 100 примероци. Во Март 1995 потпишуваат за Columbia Records и го издаваат својот прв албум Use Your Fingers. Албумот не е многу успешен, па некои членови дури и си заминуваат.
    Потоа следува неколку месечно затворање во сопствениот креативен неред и по многу испушени цигари, флаши испиени алкохол и менување девојки, на почетокот на 1998 година го издаваат фамозниот, One Fierce Beer Coaster за Cheese Factory Records.
Овој албум постигнува импресивен успех и го носи бендот на првата вистинска американска турнеја и им ги овозможува првите концерти во Европа.
Публиката во Европа едноставно ги обожава.
Веќе во 2000 година, Bloodhound Gang го издаваат Hooray for Boobies, албум на кој се наоѓа и хитовската The Bad Touch.
По мала пауза, која ја користат на веќе познат начин, со сите можни пороци, на сцената се појавуваат со песната Fire Water Burn која се наоѓа и на саундтракот на култниот документарец на Michael Moore - Fahrenheit 9/11.
Во Септември 2005-та го издаваат последниот студиски албум Hefty Fine поради кој и се упатуваат на голема светска турнеја која го опфаќа и Скопје.

Урбани легенди?

Следуваат турнеи кои никого не оставаат рамнодушен, без оглед на тоа дали се работи за одушевување или грозење. Публиката е освоена со електричната музика и ексцентричните перформанси. Се плетат еден куп урбани легенди поврзани со нивните настапи од кои некои не се вистинити, а некои се дури и неверојатно вистинити.
Една од нив вели: ...кога на еден свој настап Jimmy Pop и Evil Jared си повраќале еден на друг во уста, новинарите го прашале Jimmy дали тоа и го голтнал, а тој “со згрозување“одговорил: “Тоа ќе беше одвратно”.
И што понатаму?

Дојдете на Скопско Лизгалиште, 21 Јуни 2006-та година, а потоа зборувајте и озборувајте. Bloodhound Gang и понатаму се истите како што и погоре ви ги опишав. Можеби за нијанса и поекцентрични.

_____________________________
xmkd Луда журка у мегалитската обсерваторија КОКИНО!
klik za pogolemka slika!
Топ ќе биде ова луѓе. Со преспивање, кој може да отиде ич да не му ја мисли.
_____________________________
xmkd plagijat Бонус концерт на La Plebe во The Club!!!

Сите оние што поради било каква причина не успеаа да ги погледнат веселите La Plebe во Тетово, Штип или на Biker Fest имаат шанса за поправен!!!
Поради фантастичниот прием од публиката, одличната атмосфера на нивните претходни концерти и прекрасното ни пиво (кое го пијат во огромни количини), откачените Мексиканци се решија да ја почастат Македонија со уште една луда (и незаборавна) панк забава. Бонус концертот на бендот чиј последен албум го продуцираше и миксаше легендарниот Bill Gould (поранешниот басист на Faith No More) ќе се случи на 14.06. (среда) во The Club (Буњаковец, доле.. нели). Почетокот е најавен за 21 часот, а влезницата ќе чини 150 денари.
Ќе има и подршка од некој од локалните бендови, но сеуште не е одредено кој.
И за крај ќе ги цитираме стиховите од песната Drink со кои уште еднаш ќе ве поканиме на одлична журка, многу пиво и мексикански hot chilli панк.

Drink, drink, drink for you and me,
drink, drink, drink cause we can see.
Time will go and it will pass,
let me fill your glass!

Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Grupa Tvog Zivota [шанк панк бенд од Осијек]

Со активноста на музички план Osijek станува еден од центрите на балканската сцена. Во минатите неколку години Osijek исфрли неколку навистина добри бендови. Од нив би ги издвоил Debeli Precjednik, Guzva u 16-ercu и секако Grupa Tvog Zivota. Затоа, плагиј.ат за свој соговорник го има бубњарот на Grupa Tvog Zivota, Hadz. Уживајте! Повеќе...

_____________________________
xmkd plagijat Плоштадска свирка, 03.06.2006

3ти јуни, плоштад (градски се разбира, кој друг) , свирка, ск8 и инлајн контест, сонце, сокче, луѓе што поише може да се посака?! Малце не беше усогласен терминот на свирката и контестот,значи, контестот почна покасно, односно свирката подрани, али у главном се беше ок.
Беа најавени Новиот Почеток, Ска-Франциско, и најмладите Фан Хаус и Borgoth. Повеќе...

Fotki by Don@, text by Don@&Tea
_____________________________
xmkd plagijat La Plebe + Sidewalk @ Rock Cafe, Тетово
emo
Недела стандардно е ужасно досаден ден. Ден како резервиран за излежавање и вртење на телевизиските канали. Утредента си на работа и самата помисла на тоа те уништува. За среќа, еден фантастичен концерт кој се случуваше на само 42 километри од Скопје овојпат го растури неделното сивило. Концерт кој е супер увертира за седмицата преполна со занимливи и несекојдневни музички настани во Скопје и Македонија.
Повеќе...
_____________________________
xmkd OFFest 2006 - Programa

klik

_____________________________
xmkd ТУРНЕЈА ПО ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани пријатели на добриот...независен македонски звук....,

Задоволство ни е да ве известиме дека...конечно....ТУРНЕЈА ПО ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА МАКЕДОНИЈА или т.н.р ДРУМ фестивал или пак ТОТАЛНА REXONAтизација (во зависност кој под кое име не познава), започнува во Сабота, на денот на почетокот на светското првенство во фудбал, 09.06.2006, во клубот Rock Caffe во ТЕТОВО. Причините за ова четиридневно поместување на веќе најавениот почеток на турнејата се повеќе од прозаични и не го заслужуваат вашето внимание во никој случај.
Еден ваков проект е најважно да почне и вакви мали поместувања не би требало да не дефокусираат од главната цел, нели? Впрочем, еден дополнителен датум плус е нешто што може сите да не радува. А во случајот станува збор за влегувањето ин а НЕГОТИНО во целата турнеја. Значи, 11 града се веќе дел од мрежата.
Во продолжение ви ги преставуваме и останатите, потврдени, датуми за турнејата на PMG COLLECTIVE.

ЈУНИ 2006: PMG Collective
Петок 09.06 - Тетово (Rok Cafe)
Недела 11.06 - Прилеп (Апореа)
Вторник 13.06. - Струга (Оаза)
Среда 14.06 - Радовиш (Rock City)
Четврток 15.06 - Кочани (Манаус) Skate Contest
Петок 16.06 - Штип (Дом на Млади)
Сабота17.06 - Велес (Ноктурно)
Недела 18.06. - Охрид (Ballance)
Вторник 20.06 - Неготино (Dallas)
Среда 21.06 -  Битола (Интермецо)
Четврток 22.06. - Гевгелија (Blue Star)

Благодарност до сите Вас за трпението што го покажувате и...повелете на некој од концертите во вашиот град...или пак оној блиску до него. Или пак, доколку сте доволно иницијативни, поканете не да го посетиме и вашиот град !!!!

Време е за Истина, Време е за Правда !!! Време е за ТУРНЕЈА ПО ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА МАКЕДОНИЈА !!!!

_____________________________
xmkd plagijat I object, Sidewalk & Fpo
emo
Аrmed With Intelligence е бендот што рокаше од некаде 2001 па до пред некое време. Бендот се состоеше од 5 добро познати членови, кои се слагаа меѓусебно добро. Во суштина, AWI е формиран и како еден органски отпадок од бендот It Takes All Kinds од NY. Ова е и еден од моите најомилени бендови од времето, кај кои доста пати ги имам препрочитувано текстовите по дома.
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Баш си EMO
emo
До каде достигна музикава, со својата публика, сакања/мрзења, подржувања/пљукања на едни врз други. Таман мислиш дека во животот мизерен си видел се и неможе веќе ништо да те изненади, кога ете ти... Како гром во коприва те погаѓа нешто, што ти застанува во грло, те боде како трн во око, и мораш да го изразиш својот револт.
Повеќе...
_____________________________
xmkd Компјутерска терминологија

TCP/IP - Три црни пива/И Пуканки
DHCP - Дупли Хмељ за Црни Пива
WINS - Вино Има, Наточи за Сите
ASP- Ајде Сите Пијте
PPP- Пијам Пиво Попладне
DVD- Дај Вино Друже
ISA- Идат Старите Алкохоличари
GPS - Горско Пиво за Сите
ODBC - Однеси Два Балантајна на Цурине
DNS - Дај Ни Соленки
ARP - Ајде Радосни Пијаници
PAP - Пеколно Алкохоличарите повраќаат
ADO - Алкохолот Доаѓа Одма
..NET - Нека Етанол Тече
SRC - Сепак Ракија за Цурите
AGP - Алкохол Господата Пијат
DDR - Донеси Домашна Ракија
FTP - Ферментација Топла Препорачувам
UTP - У Тегла Пијам
AGP - Ајде Голтни Пивце
TELNET - Точено Ефтино Литро Ноќе Елиминира Тегоби
PING - Пивска Индустрија Некогашен Гигант
WWW - Водка Води кон Вандализам
3D- 3 Домашни
GPRS - Големо Пиво и Ракија Сместа!
BMP - Бил Мамурен После...
USB - Уживај во Стрејт Бурбон
DSL - Дај за Сите Лозова
P2P - Прати 2 Пива
CSS - Цврцкај само Смирноф
DOS - Дај Отвори Смирноф
ISDN - Исто Само Дупло Наточи
PDF - Пиеме До Фајронт
MP3 - Мали Пива 3
JPG - Јагодинско Пиво Големо
TTF - Точи Таа Финландијата
UPS - Удри По Шљивовица
SQL - Стави Коцка Лед
VoIP - Вињакот Одма Испиј го Пијандуро!
WIN XP - Водка Исклучиво на ЕКС Пијам

_____________________________
xmkd plagijat ДРУМ, не е политичка партија!
Во 10 града низ Македонија во склоп на ДРУМ (Децентрализирана Рок Уметност низ Македонија) момците од литиум ќе ја здрмаат Р. Македонија. Сето тоа со цел афирмација на музичката уметност и популаризација на екстремните спортови во Македонија. Турнејата или поубаво речено ова случување низ цела Македонија(во мојов краток живот прва) ќе трае 8 Месеци (Јуни 2006- Јануари 2007) Ќе бидат посетени повеќе градови меѓу кои Велес, Штип, Кочани, Струга, Радовиш, Гевгелија, Тетово, Прилеп, Битола, Охрид. Ќе настапуваат бендови кои се под капата на Литиум плус нивните другарчиња: Two Sides; Robotek; PMG Collective; Mooger Fooger; Green Out; Borgoth; Parketi; Denny te Chuva!!! Вкупно концерти: 80!! Значи на повидок фантастична дружба, музика, скејт и инлајн сесии со момците од xmkd.com, видео проекции!
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat La Plebe - мексички панк со труби во МК!
Los pinches Mexicanos La Plebe vienen a Macedonia! Tocaran tres putos conciertos:

04-06-200; Rock cafe, Тетово
support: Sidewalk (MKD)
08-06-2006; Дом на млади, Штип
support: Sidewalk (MKD)
09-06-2006; (Biker-Fest) Белви, Скопје
support: TBA
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Cibelle
На втората вечер (9 јуни) од OFF FEST 2006 е најавен настапот на харизматичната бразилка Сибел [Cibelle], која покрај британскиот трип-хоп бенд Massive Attack, е најзвучното име на фестивалот. Моментално е актуелно издавањето на нејзиниот втор албум “The Shine Of Dried Electric Leaves”, во кој до израз доаѓаат феноменалните вокални способности на оваа млада музичарка. Албумот според многумина е ремек дело, токму поради комбинацијата на базична акустична инструментација и електронско процесирање, бучни гитари, детски играчки, чисти мелодии и оригинални звучни текстури.
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat ВНИМАНИЕ!!! Офанзива на Dedicated For Life
Скопскиот дет-метал бенд Dedicated For Life ќе ја има честа да го отвори концертот на финскиот метал бенд Apocalyptica, најавен за 30 мај на Скопскотo лизгалиште. На репертоар на ДФЛ покрај песни од двата албума, ќе се најдат и нови песни, што се планирани за новото издание.
Освен тоа, деновиве во етер е пуштен новиот спот за песната "Forever Gone", работен со видео материјали од промоцијата на албум "By All Means", што се оддржа во ноември 2005 во МКЦ. Спотот може да се погледне на нивниот сајт: www.dedicatedforlife.com , кој е уште една од низата новости поврзани за овој бенд.
Повеќе...
_____________________________
xmkd Last.fm - Better Than We Know Ourselves
Last.fm е релативно новиот музички сервис кој знае за нашиата омилена музика подобро од самите нас. Слушаш музика на винамп или итјунес и се тоа иде у датабазата на ласт.фм нормално ако им дозволиш. Што е тука доброто? Датабазата се пуни со податоци за еден куп други како тебе и лесно можеш да најдеш музика баш како што ти одговара. Преку листање на песните што твоите другарчиња ги слушаат и преку препораки генерирани автоматски според твоите досега ислушани песни. Трк на Last.fm, регистрирај акунт, инсталирај го плугинот за твојот омилен плеер and your in business! Еве подоле и листа на слични сервиси но овој ласт.фм изглеа најбољи е...

*Last.fm: www.last.fm
*Pandora: www.pandora.com
*MusicIP: musicip.com
*Search Inside the Music: research.sun.com/projects/dashboard.php?id=153 (see also Paul Lamere: blogs.sun.com/plamere
*Audiobaba: Audiobaba
*MusicStrands: www.musicstrands.com
*Echo Nest: www.echonest.com (see also Brian Whitman: variogr.a and Tristan Jehan: web.media.mit.edu/~tristan/)
*The International Conferences on Music Information Retrieval and Related Activities:
www.ismir.net
_____________________________
xmkd ПАРКЕТИ И БИЛЕТИ ЗА КОНЦЕРТОТ НА “BLOODHOUND GANG”
Од 1ви Јуни ќе бидат пуштени во продажба билети за концертот на “Bloodhound Gang” кој ќе се одржи на 21ви Јуни на Скопското Лизгалиште. Поради јубилејот 10 години од првиот организиран концерт на Литиум Рекордс, тимот на Литиум реши да ги почести конзументите на масовната култура со цена на билет од само 300 денари, за девојки 300 денари!!! Билетите ќе се продаваат во Југотон. Како предгрупа број 1 ќе се појават Битолските перјаници Паркети.
_____________________________
xmkd КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ НА ЕГЗИТ!!!
Ќе гледате финале на светско првенство или ќе одите на концерт на Кирил Џајковски??? Направете го и едното и другото! На 9ти Јули на главната сцена на ЕГЗИТ фестивалот настапува нашиот единствен КИРИЛ + Видео бим со проекција на финале. Гледајте фудбал и танцувајте на етно-електронскиот сет на Македонскиот музички маг…Плус гости: Влада Дивљан, Есма... финале Vs. финале… Кој е светски шампион? КИРИЛ...КИРИЛ!!!
_____________________________
xmkd НАВАЛИ НАРОДЕ
Кругот е затворен! Суперхикс го заокружи 10 годишното постоење на Македонската и светска музичка сцена. Со 2 години задоцнување. Понатака...здравје, ќе биде и трет студиски албум и четврти и петтиот елемент... Изданието ќе можете да го набавите во новиот број на ТЕА модерна. Притиснете PLAY и уживајте за само 30 денари! И покрај сите напори (факс, писма, архива...) одговор од Министерство за Правда во КПД Идризово се уште не е пристигнат. Ако се случи нешто спектакуларно Вие ќе бидете првите кои ќе дознаете.
_____________________________
После успешната саботна промоција на Југоисточниот универзитет во Тетово, БлаБлаБла ја продолжува акцијата со настапи по културно образовните институции низ земјава. Следна цел е Библиотеката Браќа Миладиновци во Скопје. Настапот и промоцијата на новиот албум наречен Oversky Balkanishe Re-Form ќе се одржи во Петок 26/05 со почеток во 17 часот. Но со ова БлаБлаБла не промовираат само ЦД туку започнуваат и акција за слушање музика во библиотеките (фонограмска архива) низ Македонија. Што тоа значи: Повеќе нема да морате да бидете обврзани својата лектира само да ја читате, сега можете и да ја изнајмите за слушање. Литиум Рекордс се придружува кон оваа акција на БлаБлаБла и по тој повод на библиотеката ќе и остави и една донација од 30те досега издадени албуми (по 3 примерока). А на промоцијата новото ЦД ќе може да се набави по промотивна цена, а влезот е бесплатен.
_____________________________
xmkd plagijat Children of fall - "Bonjour Tristesse"
Children Of Fall е бенд формиран од добро познати бендови кои своето творештво го пласираа во ерата на 90те. Бенд кој доаѓа од север, бенд кој има премногу настапи во последно време, бенд кој каде и да отиде го бараат назад пак, бенд кој ужива глобален респект, бенд кој звучи перфектнмо... Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Here are the young men, the weight on their shoulders: Ian Curtis
Што ги прави Joy Division различни од New Order? Ian Curtis! Момчето со измачен глас кое, покрај душевните болки, премногу му веруваше на David Bowie. Толку многу за да си го одземе животот на 18 Мај пред 26 години. Повеќе...
_____________________________
xmkd ДЕНИ ТЕ ЧУВА ВО ЖИВО НА КАНАЛ 103
Во седмото продолжение на акустичните сесии на Канал 103 во рамките на емисијата „Тажен и прекрасен свет“, оваа недела, со почеток во 22 часот ќе се претстават ДЕНИ ТЕ ЧУВА. Ќе настапат во полн состав, а ќе отсвират и дел од новиот дисторзиран албум кој е во подготовка.
_____________________________
xmkd Bloodhound Gang во Скопје!!!
Предвесниците на популарните JACKASS, контроверзните, експлицитните, налудничави Bloodhound Gang доаѓаат во Скопје. Спремете се, на 21 Јуни на Скопското Лизгалиште во склоп на нивната светска турнеја по повод промоција на новиот албум “Hefty Fine“, а само неколку дена после настапите на фестивалите Рок ам Ринг и Рок им Парк да присуствувате на концерт каков не сте ни замислувале дека ќе гледате. Настап полн со шокови, изненадувања, лудории, инзворедна музика... Башка влезница само 300 денари бидејќи Литиум слави 10 годишница со вас! Прогнозерите најавуваат убаво време, Ние гарантираме забава до бесвест (Нови дечки)!!! До тогаш, повторете ги добро познатите рефрени: You and me baby ain’t nothing but mammals, so let’s do it like they do on the Discovery Channel… Апостолките во раце се глеаме на Скопско лизгалиште. Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Баскерфест 2006 - Скопје
Ви текнува ли кога ќе сте искочеле надвор од земјава и ќе сте посетеле некоја од големите европски метрополи или некој поголем град на оние изведувачи што ги красат плоштадите, метроата, парковите и сл? Незнам за вас, но јас стално сум заглавувал на такви места! А еве една извонредна прилика истите тие дешавки да ги погледнеме во нашиот град. Повеќе...
_____________________________
xmkd I OBJECT!/FxPxOx/SIDEWALK @ the club :: 7 Juni
www.myspace.com/fxpxox
www.myspace.com/iobject
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd Крејзи мадафака!
klik
Видео, буп'т'буп, крејзи гај! Гет д'пикч'р? Клик д'пикч'р! :)
_____________________________
xmkd Суперхикс со нов албум и со свирка во КПД „Идризово“!

СУПЕРХИКС Live in Skopje во продажба со Теа Модерна, Тин Шема и Крстозбор.

Дата: 24 мај
Продажни места: колпортери, трафики, шопови, драгстори, дилери низ цела Македонија.
Тираж: 30 000 комада.
Времетраење: 65 минути
Име на Албумот: Саботна Фиеста, Неделна сиеста.
Цена: 30 денари (малку помалку од едно евро)
Промоција?
Е сега вака:
Lithium Records поднесе официјално барање до Министерството за правдаи г-ѓа Мери Младеновска да одобри официјална промоција на албумот во Казнено поправниот до „Идризово“ (кликните да го видите). Доколку добијат позитивен одговор, ние (групата Суперхикс) ќе одржиме бесплатен концерт за сите воспитаници во домот, со цел:

  1. воведување на културни активности или процес на така наречена ресоцијализација на затворениците
  2. подобрување на условите во кои моментално престојуваат затворениците и применување на ЕУ стандардите
  3. акција „со култура против насилството“

Доколку ова не успееме да го реализираме, вие планирајте да си купите цеде.
Ако успееме да ја оддржиме промоцијата во КПД „Идризово“ ќе можете да го следите благодарение на договорениот директен пренос на Спорт 4 Телевизија (од неодамна ја има на сателит).

p.s Ако некој има добри врски во министерсто за правда ве молиме пишете на [email protected]

_____________________________
xmkd plagijat Fear is on our side - I Love You But I've Chosen Darkness
Депресија, девојка ти е џенем, ти кажуваат дека ти си само едно дете на богати родители кое живее во странство. А да, во странство е се поинаку! Поразлично! Како е поразлично? Колку е поразлично? Сите сакаат малку внимание, Кој и што е странство? Кој е суб-култура? а поп-култура? 6ка кариес? Интерпол пееле убаво! Биле инспирирани од Џој Дивиж'н. Моте уште ги слуша Џој Дивижн! Се враќал на корените! Игорче се љути дека неговото noisepoetry не се нашло на плакатот од Sick Of It All. Кло свират во лудница! Убаво било! 7ме7 свират во Лајф радио. Не знае никој како било, сигурно никој не бил! А толкава прашина се дигна! Не е битно!!(ма битна је мала битно(c)Edo Maajka). Во меѓувреме, ах да Џој Дивижн. Бендот кој постави дефиници! Стварно постави? Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Паркети за download!

Hey mommy, I don't want to eat salami anymore! Еве ги пак кај нас на гости.. ван енд онли.. Паркети фром Битола!!!
Поголема најава за нив и не е потребна.
Нашите мили и драги пријатели веќе го спремаат материјалот кој би требало да се појави на новиот албум.. Снимени се неколку песни. Од тоа дел се на англиски, а дел од нив на македонски. Очигледно Паркети имаат план да тргнат и во освојување на странскиот пазар.
Да се надеваме дека што поскоро ќе можеме да го преслушаме целиот албум, а до тогаш ЕКСКЛУЗИВНО на плагиј.ат, Паркети не частат со две песни што ќе се најдат на него.
Download, звучките до даска и уживање!!

She's a sweet vegetarian
Сакам да те галам

Parki | 16:11:24 на 10.05.2006

Како со две бре ве частиме со 20 :)
happy download
_____________________________
xmkd plagijat Концерт на КЛО во Лудница

Вечерва, 06.05.2006, во клубот Лудница, со почеток околу 22:00 часот, КЛО ќе настапат за прв пат пред поширока публика.
Досега КЛО имаат настапено во живо кај Ѓорги Јаневски во „Тажен и Прекрасен Свет“, емисија на радиобрановите на Канал 103. Се работи за еден пријатен, меланхоличен и релаксиран настап, вклучува две гитари (Дејан Змејкоски и Александар Ников) и прекрасниот ангелски вокал на Соња Димитриоска, на моменти плус флејта. Она што остава навистина силен впечаток се токму вокалите на Соња, која потсетува дури и на Hope Sandoval (Mazzy Star) и дава посебна димензија на нивната жива изведба. Освен Mazzy Star, бендот црпи влијание од My bloody valentine, Cocteau Twins, Cranes и сл. Од нивните песни, Starlight се најде на компилацијата Зависна Листа.мк-Нов Бран, додека нивниот демо албум можеше да се чуе само на Канал 103, циркулирајќи низ потесен круг обожаватели.
Доколку се погоди времето, ќе има отварање на „Летната Бавча“, кадешто концертот ќе се одржи во нов soundsystem.

Поздраф, S.
_______________________________________
xmkd plagijat Straight Jackin во Скопје!

Скопје почнува да наликува на нормален европски град, во поглед на музичкиот код кој се негува и конзумира во секојдневието како главен оброк во скоро сите понормални општества. Годинава на наше општо задоволство може да се избројат многу интересни и квалитетни концерти, свирки, журки, кои се случија кај нас во изненадувачки краток период. За восхит се и најавените претстојни концерти кои ги очекуваат луѓето од Скопје и Македонија. Како дел од интересните претстојни концерти кои ќе се случуваат во наредниов период во Скопје, ви ги претставувам белградските регерокери и хипхопери, обединети под името “Straight Jackin”, кои ќе одржат целовечерен концерт во МКЦ на 13ти Мај. Појќе мор!

_____________________________
xmkd plagijat Промоција на новиот албум на Mooger Fooger!

На 5 мај во клубот Escape, Mooger Fooger ќе го промовираат нивниот нов албум. На промоцијата ќе свири и кумановскиот бенд White Noise in a White Room. Првиот албум на Mooger Fooger-"Mooger Fooger" го освои првото место за најдобри македонски албуми во 2005та според Радио Канал 103. Додека хитот Oki Trаsh се најде меѓу првите 20 на Крос Радио листата на најдобри синглови за 2005 на ниво на Балканот. Зад овој бенд стојат Сецко (Last Expedition), Дојчин, Огнен-Оки, Виктор (The Daltons) и Мио (Borgoth). Слично како и на претходниот, така и на овој албум на различни песни има различни гости кои го збогатуваат дополнително звукот на бендот. Живите настапи на Mooger Fooger се препознатливи по нивната бучност и дисторзираност. За овој настап се подготвени пар вокални изненадувања.

Поздраф!!
_______________________________________
xmkd plagijat Massive Attack доаѓаат со Elizabeth Fraser!!!

Поради големиот интерес на македонската јавност за настапот на групата МАСИВ АТАК на 11 јуни во Скопје, во рамките на годинешното 5-то издание на Оф-фест, ве информираме за следното: Македонија, на инсистирање на групата, е избрана како една од точките што ја сочинуваат светската турнеја со која британските легенди ќе го промовираат своето најново издание, компилацијата на хитови Collected. За оваа “бест-оф” прилика, МАСИВ АТАК патуваат со огромна техничка поддршка и бројна придружба, како и со 11-члена екипа на музичари, меѓу кои најпознати се Елизабет Фрејзер - пејачката на култните инди-поп херои Кокто Твинс, како и нивниот верен соработник, реге-легендата Хорас Енди. И она што најмногу ги интересира љубителите на бристолската група: влезниците за скопскиот концерт на МАСИВ АТАК - за чие следење пројави интерес и музичката телевизија МТВ - ќе бидат пуштени во продажба на 11-ти мај, а нивната цена ќе биде објавена деновиве.

Поздраф!!
_______________________________________
xmkd plagijat '7 me 7'

Сакаме да ве известиме дека во сабота, на 6 мај, групата 7me7 од Косово ке одржат концерт во Скопје, во Life-Radio, или поточно на улица Анкарска број 23, во населбата Тафталиџе, позади Млечен Ресторан. Групата доаѓа од Урошевац, и е во косовски рамки една од најпознатите групи. За повеќе информации погледнете ја нивната интернет страница, кадешто истотака можете да погледнете и видео-клип од нивниот хит ''Човекот со чадор''.

Концертот почнува во 21:00 часот и влезницата чини (само) 100 денари.

_____________________________
xmkd Жену Варам
Забранетиот спот „Жену Варам“ од ЛЕТ 3! Клик на сликата за даоунлоуд. А овде и повеќе за тоа каде и зошто. А овде и една емпетројка - првиот сингл од албумот „Једина“: PNNK.mp3
_____________________________
xmkd plagijat Sick Of It All во МКЦ!
Видео:
Two Sides: 01 / 02 / 03
Smut: 01 / 02 / 03
Sick Of It All: 01 / 02 / 03 / 04 / 05 / 06 / 07 / 08 / 09

Одамна чекав да се случи вакво нешто во Скопје... Конечно и ние да можеме да се пофалиме со квалитетни свирки и вистински големи бендови од светски размер. Немаше потреба од големо рекламирање бидејќи уште со пуштање на првите шупкања, и излегувањето на првите плакати кои беа само со датум, веќе сите знаеа за гигот, и сите беа спремни да платат колку и ќе се побара само за да ги видат во живо. Како времето се ближеше така деновите се одбројуваа, се преслушуваа старите ЦДиња, се гледаа спотовите, и се коментираше за бендот. Конечно дојде и денот и се упативме сите кон МКЦ. Повеќе...

_____________________________
xmkd plagijat Татјана Јашмаковска - Обоени Душевни Состојби

Ве покануваме на самостојна изложба на Татјана Јашмаковска на 27.04.2006 година во 20:00 часот во галеријата на МКЦ. Повеќе...

_____________________________
xmkd plagijat Less Than Jake во Melkweg, Amsterdam

Минатиот петок се собравме на повесела музика, ска/панк составот од Флорида Less Than Jake по којзнае кој пат се вратија во Melkweg. Бендот пред нив, Jeremy's беше уште еден панк рок бенд со женски вокал кон ненормално потсекаше на Gwen Stefany, но со суканици. Прв впечаток, ништо посебно, но песната "I Want A Girl" дефинитивно влече внимание. Навистина интересно звучи текстот "I want a girl that wants me more than anything" кога го пее женско. Повеќе...

_____________________________
xmkd E GO EAST records
Ве покануваме да присуствувате на официјалното лансирање на издавачката куќа.
Настанот ќе почне во Медиум (Мала Станица) во среда (26 Април) во 13 часот, со претставувањето на спотот за песната Bare Naked на групата Bei The Fish и со промоција на синглот Евтин Автомобил на Неле .К. потоа следат уште два настана:
Дружба во Custom Pub од 18-20 часот, а од 20 часот настанот се сели во кафе барот Браво, каде се планира и получасовно акустично претставување на авторите на двата сингла.
_________________________________
xmkd plagijat Reggae на школка

Помалку или повеќе дури и летото фати, а тоа е време да се излезе надвор и да се прошета во паркот. И таму слушаш добра музика, гледаш многу луѓе.... Значи повторно како и последниве 2 години во грацкиот ни парк ќе има реге журка.
Повеќе...

_________________________________
xmkd plagijat Massive Attack на 11 јуни во Скопје!!!

Легендарната британска атракција Massive Attack ќе биде главна ѕвезда на годинешното 5то издание на фестивалот Off Fest што во организација на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 7 до 11 јуни. Групата ќе настапи на 11ти јуни на Скопското лизгалиште, во рамките на големата европска промотивна турнеја на своето ново CD - Collected. На тој начин, конечно, по многу неуспешни обиди, нашиот главен град ќе биде домаќин на групата која што е толку посакувана кај нашата публика.
Повеќе...

_________________________________
xmkd plagijat Edo Maajka - Stig`o cumur

Stig'o cumur!!!
Ете го и третиот, долго најавуван и уште подолго очекуван албум на Edo Maajka.
И вредеше ли целото ова чекање?
Секако. Edo повторно е во елемент. Уште еднаш растура и им ебе матер на сите без пардон. Stig'o cumur е далеку пожесток од своите претходници. Edo е едноставен и директен. Освен To mora da je ljubav, на овој албум нема да да најдете хитоидни песнички како што беа Prikaze и No Sikiriki на првите два.. Песни кои како да беа правени за радијските топ листи и кои беа хит кај најразлични генерации луѓе, од 7 до 77 години.
Повеќе...

_________________________________
xmkd Уште неколку дена и ќе се случи ХАРДКОР!
Лична покана од Мало и од Васко до сите скејтери, блејдери, бајкери, сноубордери, параглајдеристи и други Х луѓе од цела Македонија, во понеделник, 24 Април 2006, во 20:00 часот, во холот на МКЦ, обединете се заедно со њујоршкиот хархор состав кој сите одамна го чекаме "SICK OF IT ALL"!!! Со безрезервна подршка од домашните херои "TWO SIDES" и "SMUT". Без онакви шипки за качување, без обезбедување меѓу публиката и бендот, со качување на бина заедно со бендот и со евтино пиење, пред вас е еден навистина пријателски концерт, затоа што хардкорот е пријателска музика. Да ги побиеме верувањата на нашите родители, дека тоа е музика што потикнува агресивно и недолично однесување, кршење флаши од глава, повредување на другиот? Хардкорот е внатрешен повик во секој од нас, повик против тиранијата, против оние кои ги предизвикуваат најзакоравените социјални проблеми во општеството, против ставот „да му умре козата на комшијата“. Кога се шетате низ град, правите муабет за ова или за она, и ќе видите, направите, ќе слушнете нешто навистина добро, "добро" од дното на душата, добро затоа што за да се оствари некој го вложил целиот свој потенцијал, тогаш некој ќе рече: ХАРДКОР еј! Хардкор се партизаните, Бошко Буха, Ибе Паликуќа, хардкор е Питу Гули, хардкор е борбата на народот за слободата. Хардкор е музика со порака, добронамерна порака која некои луѓе упорно не сакаат да ја слушнат. Во понеделник оваа порака уште еднаш ќе ечи директно од гласните жици на сите нас, како што ечеја бомбите на Питу, на Бошко Буха. Се гледаме таму!
___________________________________________

Архива на ГЛУПОСТИ!!!

муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box