ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:
За постари ГЛУПОСТИ клик овде!!!

xmkd plagijat Pixies во Загреб!!!
Спремајте ги пасошите! Во главниот град на Хрватска, Загреб пристигнува еден од најголемите бендови во историјата на музиката воопшто.. култните Pixies!!!
Повеќе...
_____________________________
xmkd Denny Te Chuva снимаат нов албум
По одличниот настап на Rock 'n' Roll caffe, момците од Denny Te Chuva продолжуваат да работат со полна пареа.
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat EDO MAAJKA - "STIG?O CUMUR"
Конечно дологочекуваниот трет албум од Едо Маајка ќе се најде на пазарот. На 20. Март оваа година излегува во продажба STIG?O CUMUR. Албумот го најавува Single-от "To mora da je ljubav", на кој гостува Реми од хрватската Елементал. Single-от веќе беше емитуван на локалното радио 101 во Загреб, што би требало да претставува нашата 103јка. А сите ние и вие можеме се до 24.03.2006 можеме/те да го спуштите на вашиот хард диск и да добиете едно претстава што да очекувате од новиот Един албум зошто тој е нашиот Босанчеро! To mora da je ljubav.mp3

Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat MASSIVE ATTACK во Белград
Сите што не беа во Загреб или на EXIT 04 имаат трета шанса :
Концертната агенција Multimedia, од Белгад, потврди дека британскиот бенд MASSIVE ATTACK ќе одржат концерт во Белград , во недела, 11 јуни 2006, a продажбата на картите ќе започне на 10 март 2006.
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Почнува продажбата на карти за EXIT 06
Продажбата на влезниците за EXIT 06 почнува на полноќ 05 март 2006!!! Промотивната цена изнесува 2990 дин., додека редовната цена ќе биде 6940 дин за блок карти. При секои продадени 1000 карти цената на истите ќе се зголемува за околу 300 дин.
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Clap Your Hands Say Yeah, Munchen 20.02.2006
На 20.02.2006 Ampere, Munchen на вратата стоеше SOLD OUT! Тие Dr.Dog + Clap Your Hands Say Yeah ја распродадоа салата која се наоѓа на самата река Исар која тече низ Минхен. Со нетрпение чекав да го видам бендот кој прави крш со својот албум, до скоро тие немаа потпишано за ниедна издавачка куќа за на крајот да потпишат со Британската Wichita Recordings! Секоја чест!
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat SMUT koncert
На 25 Февруари-Сабота во Младинскиот Културен Центар-М.К.Ц. во 21:00 македонскиот hard-core состав SMUT ќе одржи концерт по повод 10 годишнината од нивното постоење. Атмосферата пред настапот на SMUT ќе ја вжештат нивните гости Hardfaced -Охрид и Victim Yield - Куманово. По многубројните настапи на SMUT надвор од нашата држава момците се одлучија да го прослават својот роденден на еден поинаков начин со тоа што ќе поканат гости кои ќе земат учество во изведувањето на некои песни од репертоарот на SMUT.
Еден од почесните гости ќе биде и Ago-Temnata Strana со кого SMUT ја направија hard-core рап верзијата на добро познатата “Во името на народот”. На дел од песните ќе настапи новиот член Златко, па публиката ќе има можност да чуе и дел од песните за новиот албум. Покрај hard-core шоуто на SMUT и пријателите може само да ви ветиме една добра hard-core забава по која се препознатливи концертите на SMUT! На нивните настапи публиката и бендот функционираат како едно!
_____________________________
xmkd plagijat У 9 сите кај швицарска амбасада.
Што е Градизам? Зошто е Градизам? Денес петок 17.02.2006 година се одржува фантастична изложба, проекција т.е. се случува Градизам. Задолжителна е за сите оние што сакаат да влијаат на Градот, и обратно Градот да влијае на нив, за оние што ги копка што е тоа Градизам? Градизам, Градизам, Градизам...
Повеќе...
_____________________________
life radio Мартовски музички десант во LIFE Радио
two sides
Секоја сабота свирки во LIFE Радио и во живо на 89.1 и тоа на:
4 Март 21:30 – TWO SIDES (aooo)
11 Март 21:30 – PANACEJA (Hrvatska) (jaooo)
18 Март 21:30 - ФУСНОТА (aooo)
25 Март 21:30 – БЕНЕВЕНТАН ТРИО (а,aooo)
(Фантастичен бенд, мора да ги чуете : Кисел, Џоле и Дино, само ... Дино ќе се врати од Африка до тогаш?!)

За во Април веќе се потврдени EMBRIOTHOMY и FPO, како и на хеви-рокерите GRANULOM од Бугарија.

Па невероватно ej, почело је почело. Идам да се шишам!
_____________________________
xmkd plagijat Петочно издание во холот!!! - еј па тоа е денес уствари! јеееее!
Како што веќе сите знаете денсинг салата во МКЦ е пломбирана, и така и ќе остане уште еден месец. Причините за ова се наводно недозволено точење на пијалоци во денсинг салата, иако години уназад тоа не било никаков проблем, али ете сега почнало тоа на некој да му смета, па решил да ја затвори, и со тоа да ни наштети на сите нас... Но се зафркнал. Свирка ќе има... Значи не се откажувајте и не правете планови, холот во Мкц во петок ќе дрма, дел од добра музика, а дел од добри шутки и рипање/скокање.
Повеќе...
_____________________________

xmkd plagijat Во петок 17.02 Таратур и Fun House во Браво
Во локалот Браво Сојузот на Извидници на Македонија по повод светскиот ден 22.02 на извидниците и роденденот на основачот на извидничкото движење Sir Lord Robert Baden Powell организираат свирка на која ќе настапат два бенда. Членовите на овие два бенда се од редовите на извидниците. Извидниците ќе се погрижат за добра доза на Ska, можеби Џоновача, а никогаш не се знае може ќе има и таратур. Во Браво, петок 17.02. Таратур и Fun House. Ју чуз!
Повеќе...
_____________________________
xmkd Што има ново кај Схикси?

Знам  де! Не немаше подолго време..пак! ама сфатете дека и ние имаме други ангажмани: миење садови, зимски прошетки во парк, одржување телесна температура со греана ракија итн.
Добро, ај да почнеме од најважните работи:

  • КОНЕЧНО!!! Материјалот за Лајв Албумот е конечно измиксан, ќе се појави најдоцна за еден месец како додаток (повторно) во еден наш популарен магазин. На него ќе се најдат нешто помалку од дваесетина песни и тоа сите од концертот во Скопје (се сеќавате нели? ноември, 2004-та, скопски саем хала бр.5)
  • Давајте предлози за име на Лајв албумот! Најсреќниот од кумовите ќе добие награда маичка и беџ Суперхикс. superhiks$lithiumrecords.com.mk
  • ДВД-то сепак ќе го почекате уште некое време. Сакаме да изгледа и звучи екстраординерно па затоа “Just a little patience“ то би рекле ГНР. Во секој случај, излегува оваа година.
  • на материјал за нов студиски албум се работи на големо. Веќе се средени неколку теми ама пак цитирам “Just a little patience“..
  • Папак (беше задолжен за тромбон и правење бељи во Бандата... го паметите нели?) стана татко на малата Ангела. Нека е живо и здраво, Папито мајсторе!!!
  • Турнеи по европиве оваа година - Јоктур! Иако веќе бевме закажале една за февруари и една за мај, сепак решивме максимално да му се посветиме на новиот материјал и да го добиете и чуете најдоброто од нас до сега.
  • Можна е мини турнеја низ Македонија.. Кога? Здравје боже, наскоро.
  • Поздрав, Пеце.
    _____________________________
    xmkd plagijat Соодветен крај за "Лудилото"
    Како подобро би го затвориле циркусот наречен In-sane ако не со конкретни зборови произлезени од нивното интервју кое се случи на свирката во Скопје. Искрено, неможев да присуствувам лично на свирката и многу ми е жал. Но тоа не претставуваше никаков проблем. И се јавив на Дон@... и спремив прашања, и го пратив маалото во поход! Тука сакам уште еднаш јавно да и се заблагодарам што ми помогна околу целава работа. Епа да не го должам јас многу, да видиме што имаат момциве да кажат.
    Повеќе...
    _____________________________
    xmkd Who are this people???
    Еве едно видео клипче да се посмеете малце:) клипов се дешава на некои шо ти ја знам какви аудиции у САД и ги извадиле најсмешните моменти... како и да е клик на сликата за download!
    _____________________________________________
    xmkd plagijat Arctic Monkeys - Whatever People Say I Am, That?s What I?m Not
    Во колекцијата на еден од поненормалните режисери со кои растеме и се развиваме Tarantino, се наоѓа и овој филм. Случајно налетав на оваа информација и како дете кое поминало низ оној панк период, филмот ми го преврти однопаку стомакот, ми заигра внатре, ми ја стави онаа чудна блажена насмевка на лицето и ме пукна од смеење.
    Повеќе...
    _____________________________
    xmkd plagijat Hard Core Logo, story of a band!
    Во колекцијата на еден од поненормалните режисери со кои растеме и се развиваме Tarantino, се наоѓа и овој филм. Случајно налетав на оваа информација и како дете кое поминало низ оној панк период, филмот ми го преврти однопаку стомакот, ми заигра внатре, ми ја стави онаа чудна блажена насмевка на лицето и ме пукна од смеење.
    Повеќе...
    _____________________________
    xmkd Gi znae li nekoj.. drogashite?
    Epa koj ne gi znae, klik na slikata za da gi doznae:)) (videoclip)
    __________________________________________
    xmkd plagijat Голем џез концерт: Francesco Bearzatti & Георги Шарески со секстет во МНТ
    Конечно финален датум на долго очекуваниот проект на секстетот Берцати(италија) и Шарески(македонија). Значи што не очекува во МНТ (големиот, белиот на малата сцена) на 11 Февруари 2006 во 20.30 часот?
    Повеќе...
    _____________________________
    xmkd plagijat ALTERNATIVE FILM / VIDEO Белград 2005
    Во четврток и петок во Мала Станица, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи презентација на филмови и видеа претставени на Фестивалот Alternative Film/Video Белград 2005.
    Повеќе...
    _____________________________
    xmkd plagijat Мор њуз фром Nihilist
    Како продолжение на одличните свирки во Младинскиот културен центар во склоп на фестивалот Платформа, се надоврзува уште една одлична промоција. Имено станува збор за промоцијата на новиот албум на добропознатата скопска група Nihilist.
    Повеќе...
    _____________________________
    Февруарска концертна офанзива во LIFE Радио
    Секоја сабота свирки во LIFE Радио и во живо на 89.1 и тоа на:

    4 Фев. 21:30 - ДИНА
    11 фев. 21:30 - ONE OF US
    18 фев. 21:30 - MOOGER FOOGER
    25 фев. 21:30 - GRENDENI

    Секој понеделник кабаре со Кили и Ана од 21:30
    Секоја среда Reggae Nights со Charli and Friends од 21:30
    Секој четврток Dj Славе од 21:30
    Секоја недела Long play night со Рубенс Муратовски од 21:30

    Секој ден од 16:00 до 17:00
    After Work Happy Hour: за сите видови жестоки пијалоци – плати еден доби два

    Секој ден од 19:00 до 21:00
    Пиј пиво за време на Buki Show за само 50 ден.

    Секој петок од 10 фев. Со старт во 10:00
    Karaoke, Playback & Unlimited Music Show Party со Buki & Sax

    ВАЖНО

    Пополни пристапница и стани член на Life радио клубот! Со тоа добиваш :
    - 50% попуст на сите влезници на концертите
    - 20% попуст на сите пијалоци
    - 20% попуст на сите концерти чиј што медиумски спонзор е Life радио
    _____________________________
    xmkd plagijat TINNY NOISE FESTIVAL@ТОЧКА 31.01.06 - crazy madafaka!
    Колкумина од вас ги гледале Happy tree friends?
    Епа, ова што го гледавме вчера беше од прилика тоа, само во живо! Повеќе...
    _____________________________
    xmkd plagijat In-Sane хит д роуд
    Момците од In-Sane задоволни од концертите во Виена и Братислава со своето heartcore комбе тргнаа накај Македонија. Опуштени, но уморни од патот поразговаравме на една бензинска во Австрија. Повеќе...
    _____________________________
    xmkd FEEL THE MODERN SOUND!!!
    Tapa vi e vo nedela, epa neka ne vi bide. Dojdete vo Ludnica!!!
    _____________________________
    xmkd plagijat Грендени во Лудница и Лајф радио
    Од Профундус ни стигнуваат супер вести.. за уште два концерта во февруари.
    На самиот почеток на оваа година составот Грендени ја пушти во етер својата нова песна Нуклеотид за која е изработен и видео запис кој наскоро ќе може да го видите на телевизиските станици. Повеќе...
    _____________________________
    xmkd plagijat ПЛАТФОРМА нуди соработка
    Музичкиот клуб Платформа, на сите заинтересирани бендови во Македонија им нуди можност да го промовираат својот материјал преку концерт во МКЦ, Скопје.
    Рок на пријавување до 05.02.2006.
    За повеќе детали обратете се на contact$plagij.at
    _____________________________
    xmkd plagijat Дуковски со „Die Andere Seite„ (Другата Страна) во Виена
    Претставата „Другата Страна„ од Дејан Дуковски доживеа премиера во австрискиот Фолкстеатар (Volksteatar), односно алтернативната сцена Хундстурм (Hundsturm). Хмкд-аџии и плагијатори беа, снимаа, сликнаа и ете ви да гледате!
    клик тука за клип од представата, 4.30мин и 6 мега тежок
    Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________
    xmkd plagijat Меет тхе Бркови
    Ladies and Gentlemen, време е за Folk’n’Roll! Затоа запознајте го младиот загрепски бенд Brkovi, што веќе година и пол кик ес со своите жестоки песни, мегаломански концерти во култните загрепски клубови, и one&rolly имиџ.
    Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________
    xmkd plagijat In-Sane во Македонија!
    Јануарското концертно лудило продолжува и во февруари. На гости ни пристигнува одличниот бенд од Словенија - In-Sane кој на македонската публика ќе се претстави со концерти во Скопје, Тетово и Штип.
    Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________
    xmkd „ПИМП МАЈ РАЈД” И ВО ЕВРОПА!
    Београд, 24 јануари 2006 год. – МТВ се подготвува на европската варијанта на емисијата „Пимп мај рајд” („Pimp My Ride“) каде што старите автомобилски кршови ги променуваат во обновени и технолошки усовршени превозни средства.

    Дали ви е веќе здодевен вашиот стар куп на железо на четири тркала? Дали секогаш ви е срам кога вашиот автомобил произведува чудни и непрепознатливи звуци? Без страв – емисијата „Пимп мај рајд” доаѓа и во Европа. Имено, МТВ е веќе длабоко навлезена во подготовките за европската варијанта на американската забавна емисија што на сопствениците на старите дотраени автомобили им нуди прилика за невообичаена трансформација на нивните возила. Стилистичките и техничките исправки што понекогаш го одземаат дури и здивот често вклучуваат и вградување на врвната забавна електроника како што се ДВД-плејери, т.н. хоументертајмент-системи, автомати за готвење кафе и диџеј-мешалици.

    Емисијата „Пимп мај рајд” што во САД и Голема Британија ги опфати во голем стил, сега се подготвува на скок во меѓународните води. Во почетокот на сосема новата серија на емисијата ќе и биде потребен голем куп на старо железо, затоа во таа прилика таа чука на вратата на сите сопственици на старите истрошени возила што би биле подготвени својот транспортен имот да го препуштат на експертите на „Пимп мај рајд”. 

    Сите заинтересирани лица што поскоро нека одат на интернетната страна www.pimpmyrideint.com. Страната содржи и интернетна пријава, а своите одговори на поставените прашања можат да ги испратат и на електронската адреса  [email protected]. Материјалот може да го испратат и преку обична пошта на адреса:

    Pimp My Ride International
    PO Box 1381
    London NW1 8XT
    UK

    Рокот за пријава изминува во крајот на февруари.

    МТВ Адриа е 24-саатна франшизна музичка телевизиска програма што од 1 септември ја замени програмата МТВ Јуроп (MTV Europe). МТВ Адриа може да се следи преку сателит или преку кабловскиот дистрибутивен систем. МТВ Адриа го одразува животниот стил на младите луѓе на територијата на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора и Македонија. Програмата е повеќејазична и ја водат младите водители и кретиавни лица од сите држави во регионот. Со тоа се создава единствена мешавина на меѓународни и локални музички содржини што ја дополнуваат европските и американските емисии на МТВ. Во почетниот период, во програмата на МТВ Адриа повеќе се нагласени меѓународните емисии како што се Џекес (Jackass), Дисмисд (Dismissed), Пимп мај рајд (Pimp My Ride) и Панкд (Punk'd) коишто на МТВ го добија статусот на емисии со најнапредни и најсмели телевизиски содржини. Во втората фаза на развојот, програмата на МТВ Адриа ќе го зголеми опсегот на авторските содржини на сопствената продукција.
    _______________________________________
    Откако заврши свирката на Фолтин во ВаВа , јас ги замуабетив Перо (кларинет), Гоце (бас) и Славе (тапани) и ги однесов во ходникот на клубот каде што се сложија да ми одговорат на некои прашања кои ме копкаа мене, а се надевам и вас. Во текот на разговорот Гоце и Славе се сложија дека треба да зборува Перо, а тие одвреме навреме дофрлаа и ставаа закачки. За веродостојноста на одговорите, нормално, никој не може да одговара, па дури ни самите тие.
    Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________
    xmkd plagijat Sundance Film Festival 2006
    Од четвртокот целото внимание на филмскиот свет е насочено кон американското гратче Park City. На 19ти јануари започна веројатно најпознатиот фестивал на независен филм, Sundance.
    Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________
    xmkd BAD BASE JUMP
    Сакате ли да видите нешо стварно ептен гадно? Клик на сликата за download на клипчето... никад нема да ви текне да пробате base jumping:)
    _____________________________________________
    xmkd plagijat Last Expedition во МКЦ (за последен пат?!?)
    Телефонски повик, два-три SMS-а, неколку редови на plagij.at.. и вечерта доби сосема поинаков тек... а беше обичен понеделник кој не ветуваше ама баш ништо.
    Веста дека Last Expedition ќе свират за последен пат молњевито се рашири низ Скопје.
    Во МКЦ влегов околу 20:30. Сеуште со сомнеж дека вечерта тамо ќе се случува еден толку значаен настан за нашата концертна историја. Незнам, можеби ви звучи смешно.. ама за мене овој концерт имаше големо значење. Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________
    xmkd plagijat Кабаре мит Ана унд Кили
    Еден голем REFRESH и мало потсетување за веста која беше објавена пред неколку недели. Имено сакам да ви потврдам за креативноста, квалитетот и забавата која како финален производ се конзумира во најавуваните "музичко-сценски перформанси на мултиталентираните и реномирани уметници Кирил Поп Христов и Ана Костовска".
    Како идеално решение за бегство од стереотипите на нашето постхумно Скопје, ви го претставувам одличното и единствено понеделничко "КАБАРЕ" кое живее во доцните часови затворено во одаите на Life Radio клубот. Повеќе...
    _____________________________________
    xmkd plagijat BaBa Fest: Село гори, баба се чешла
    Велешкиот клуб BaBa продолжува да ја шири својата добра репутација во субкултурен контекст - и надвор од Велес. После настапите на Д.Н.О., Мизар, идните jazz легенди "Flying Pekingeisers" и на DJ сетовите на 103ка и PMG, на ред е првиот фестивал (засега во мини-издание): BABAFEST. Од 18-ти (среда) до 22-ри (недела) овој месец ќе има зошто да се дојде во Велес. Повеќе...
    _____________________________________

    xmkd КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ “DIRTY QUEEN” НА ПОИНТ БЛЕНК

    Како што веќе најавивме во предходното известување, амбициозната скопската петорка Поинт бленк (Point Blank) овој четврток на 19.01.2006 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје во рамките на фествалот Платформа ќе го промовира своето прво албумско оставарување Dirty Queen кое се појави во ноември изминатата година како додаток на Тин шема постери во 20 000 примероци. Инаку на концеротот покрај најавените Бил скинс фифт (Bill Skins Fifth) како предгрупа ќе настапат и кумановската емо кор надеж Ендлес ефорт (Endless Effort).
    Интересно за споменување е дека после долга работа на нивната интернет страница - www.pointblank.com.mk, таа ќе биде аплоудувана ден пред концеретот, а на накој начин и официјално ќе биде промовирана на самиот жив настап на Поинт бленк.
    Во изминативе два месеци бендот напорно се подготвуваше за оној нивни битен настап, па сите оние што ќе дојдат на концертот со сигурност ќе може да го видат составот во нивното најдобро светло.
    Цената на билетот е во симболичен износ од 150 денари.
    Бидете таму!

    ______________________________________
    xmkd plagijat Викенд на Македонска Музика бај КАНАЛ 103
    Дали музичкото радио Канал 103 се враќа на правиот пат? Канал 103 беше единственото субкултурна појава за да стане вистински маинстрим. Сега со некои промени во радиото работите се враќаат на свое место(помалце или повеќе) и покрај сите пречки за неговото постоење, кои за жал постојат и денес. Канал 103 успева да застане на нозе. Шурбе, Тони и Јане, Ѓорѓи Јаневски, Сандра, Фрешко, ПМГ или сe на сe 35 музички соработници го вложуваат својот ентузијазам, љубов кон музиката и пред сe како што тие самите изјавуваат љубовта кон Скопје и луѓето кои живеат во Скопје. Сето тоа ''нормално'' без финансиски надомест, а со една цел: свој придонес во изградбата на поподнослив културен простор за живеење.
    Повеќе...
    _____________________________________
    xmkd plagijat "I Am The Fly" на PIKOLOMINI и "John Wayne" на Роботек меѓу првите десет на годишната листа на синглови на Crossradio !!!
    Многу поздрави од Шурбе и Crossradio. Ни ја подадоа нивната ТОП листа на сингли за минатата година, па видете што вика таа: Обработката на култниот хит на британците Wire "I Am The Fly" на младиот македонски композитор, аранжер, продуцент и изведувач Давид Ангелевски, попознат како ПИКОЛОМИНИ, го освои шестото место на годишната листа на синглови на Crossradio. Убедливо најмногу гласови собра песната "Let's Go" на новосаѓаните ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ, закитувајќи се на тој начин со титулата сингл на годината. Повеќе...
    _____________________________________
    MACEDONIAN EROTIC FOLK SONGS AND POETRY
    Девојка ме моли
    Да спиеме голи,
    А јас неќу, неќу
    Стра' ме ќе гу згмечу.
    Даде ми коштанче,
    Подигнав и фустанче,
    Даде ми лажичка,
    И го турив в пи***.
    И уше многу вакви закон песнички ако кликнете тука!
    ПОЗДРАВ
    ________________________________
    xmkd plagijatАјмо Таксират 007 клипчиња на кило!

    1. Трибјут ту ЕКВ 01
    2. Трибјут ту ЕКВ 02
    3. Трибјут ту Азра 01
    4. Трибјут ту Азра 02
    5. Blla Blla Blla
    6. Borgoth
    7. Дисциплин А Кичме
    8. Џа или Бу
    9. Едо Маајка
    10. Forbiden Apple
    11. Глоријан
    12. Hard Faced
    13. Кирил Џајковски
    14. Небо
    15. Nexus
    16. Трибјут ту Шарло Акробата
    17. Новиот Почеток
    18. Трибјут ту Азра 03
    19. Рамбо Амадеус
    20. Роботек
    21. Трибјут ту Азра 04
    22. Суперхикс
    23. Till
    24. Тони, Митко и Черкези
    25. Golide
    26. Зли Бубњари

    Епа ај фрлете се сеа на даунлодање до бесвес!
    ______________________________
    xmkd plagijat Топ листа надреалиста според Плагиј.ат
    Се улежавме малце.. новогодишни празници се. Се јаде, се пие (многу повеќе од дозволеното), а плус и се селиме во нови канцеларии (поздрав за civ!). Уште неколку дена ќе бидеме во зимски сон, а после тоа.. пак продолжуваме турбо.
    Заврши 2005, па како и сите, така и ние решивме да ги прогласиме нашите фаворити. Демократски и фер, ова е официјалниот избор на plagij.at: Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________________
    xmkd hahahah:))))
    Еве ви три смешни клипчиња... за даунлоуд знаете:) клик на соодветната сликичка за клип:)секоја слика е различен клип. хахахах:))
    _____________________________________
    xmkd plagijat За вас само земјотрес #1
    Нова година е за два дена, а за уште 3 дена од тогаш се случува многу интересна дешавка. Добро познатите организатори и добро познатото место ќе бидат здомилиште на 3 супер домашни бендови и уште еден ненормално добар странски бенд. Станува збор за првата свирка во 2006 година која ќе се случува на 03.01.2006 во вулкан од 20:00 часот. Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________________
    Одамна работеше едно многу добро дуќанче што продаваше интересни дискови и плочи кое за жал пред извесно време испушти душа, па за да може мирно да почива моравме да му одадеме почит нему, а воедно и на двајцата чичковци кои работеа таму. Ден сабота, добар ден за свирка, а уште подобар просторот каде што се одржува. Појќе на њњњ.плагиј.ат...
    _____________________________________
    xmkd EQUIPOIZE CREATIONS НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА
    Во последните три дена од годината што изминува, скопјани ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија на златно-сината улица „Македонија”. На 29, 30 и 31 декември Cosmofon подготви новогодишна програма на улица „Македонија” каде што сите минувачи ќе ги забавуваат професионални музичари и акробати, приредувајќи претстави и забава за сите генерации. Една од главните ѕвезди кои ќе не забавуваат на улицата во текот на овие три дена се EquipoiZe Creations, група од Грција која професионално се занимава со виртуелни театарски композиции. Нивната уметност и перформанс се совршена комбинација од жонглирање, музика, танц, уличен театар, акробации, анимации и циркуски вештини. Грчките медиуми ги опишаа како “авантура со циркуска уметност која раѓа возбуда”, кога настапија на Олимпијадата во Атина минатата година. Групата е составена од 6 професионални забавувачи (Xristos, Marion, Alexandros, Gianna, Stella и Axileas), кои изведуваат соло точки, дуети и групни жонглирања, пантомима, театарски перформанси и акробации. Појќе ...
    _____________________________________


    Архива на ГЛУПОСТИ!!!

    муабети box
    Chat Forum
    email box

    username



    password

    snow box