Слободно
може да
кажеме
дека минатата
среда (11.05.)
беше вистински
празник
за сите
вљубеници
во екстремните
спортови.
Денот започна
со скејт
сесијата
на кеј, а
заврши
со проекција
на филмовите
Concentrate
на
Fly Skateboards и Listen To Srečna Mladina на Obsession во клубот
Вега. По
проекцијата
на филмовите
забавата
продолжи
со свирка
на словенечкиот
бенд Srečna Mladina, бендот
кој го направи
и саундтракот
за видеото
Listen
To Srečna Mladina.
Очигледно,
овде многу
малку се
знае за
случувањата
на словенечката
сцена. Па
така, за
мене беше
големо
изненадување
кога дознав
дека Srečna Mladina е формиран
уште во
1993 година.
Голема
штета е
што клубот
Вега за
време на
нивната
свирка
беше многу
слабо пополнет.
Сепак, момците
професионално
до максимум
си ја завршија
својата
работа,
свиреа
како пред
нив да се
наоѓа многубројна
публика.
Нивниот
настап
беше некаква
мешавина
на жесток
панк, мелодично
ска, гаражен
рок и се
тоа испреплетено
со балканските
етно елементи,
па дури
и некои
елементи
на џез. Ова
дефинитивно
беше настан
кој мораше
да се посети.
Сите знаеме
колку “многу”
концерти
има во нашиот
град, а посебно
овака квалитетни..
па навистина
е штета
и тие да
не се посетат.
Поздрав, Филип. |