 |
|


|
 

|
DRM Tour OHRID 29/07/2006
(Турнеја по децентрализирана Македонија) |
|
|
Саботно
сабајле, сонце пече а комбето каснеше веќе еден саат. Конечно
пристигна комбето во 8 часот сабајле во Влае, не собраа мене
и Жути и тргнавме на пат! Веќе окезени до уши, во комбето
не чекаа Роко, Ана, Хакер, Џими и нашиот возач на денот Грга
(Литиум рекордс) со девојка му. Патот ни помина доста брзо,
имаше смеење, спиење, мекици, кикирики и такви заебанции.
После пола саат спиење застанавме на Стража на Pee break и
на уше некоја мекица.:) Време беше да тргнеме и од таму, касневме
скоро еден саат на дешавката. Стигнавме у Охридот накај 12
саат, таму сонце пече, жива душа немаше доено уште за свирката
која требаше да почне во 11. Иначе свиреа охридскиот hc состав
Hardfaced. Наместивме појачалата, банерите, шипката за возење
и сл. По пола саат пауза почнавме да возиме, почнаа да се
собираат луѓе на дешавката. Се снимавме, сликавме итн... Али
набрзо се насобра гужва за свирката и стана тесно за возење,
а и убиени бевме од сонцето. Дешавката се дешаваше кај киното
(тука одма кај КИМ) До кај 2 саат заврши скејт демото, дадовме
и изјава за а1 телевизија која не се прикажа во етерот (фала
богу дека нема коа поврзале микрофон за најмалата камера у
светот и ај ќе праиме интервју). После тоа отидовме да се
избањаме и да јадеме. Беше време да тргаме за Скопје но некој
талентиран тип или девојка не е битно ни го имаше заглавено
комбето со својата незнам каква кола. Окапавме уше саат време
и конечно се ослободивме некако од таму, кога ни изгоре ламелата
од комбето по охридските угорници. Јеби га, ај некако се извадивме
и од таа фрка, но целиот пат накај Скопје го возевме никако
над 80 kmh ради ламелата. Стигнавме у 10 саат вечерта у Скопје
и правац на спиење. Ламела r.i.p. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
POZDRAV |
|
|
copyright © INLINE.XMKD.com 2003-2008
a division of XMKD.com
|
|
|
|