SNOWBOARDING in Macedonia
SNOWBOARDING in Macedonia

skateboarding
English Version coming soon...Can't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding

Колку често возиш сноуборд во сезона?
Секој ден.
Еднаш неделно.
Еднаш месечно.
Поретко од еднаш месечно.
Снежна прогноза:
Шапка
Маврово
Крушево
Отешево
Боровец
Банско

Време:
Скопје
Кликни за повеќе...
Битола
Кликни за повеќе...
Охрид
Кликни за повеќе...
Прилеп
Кликни за повеќе...
Повеќе...

Google

 

skateboarding

skateboarding

SNOWBOARDING in Macedoniaskateboarding

CETNIKS

> Репортажи: XMKD SNOW Сесии | ски центар: Hintertux (Austria) |ски центар: Kitzbuehel (Austria)  | Шапка бај Пеце | ски центар: ски центар Шладминг (Австрија)


Ски центар Обертауерн, Австрија (Obertauern)
кликајте на сликите за поголеми...
>> xmkd клип од Обертауерн
(3min. 7Mb)

кликајте на сликите за поголеми

>> xmkd клип од Обертауерн тука (3min. 7Mb)
Gamsleiten 2 - една од најдобрите и најстрмните стази во Европа, се наоѓа во скијачкиот центар Обертауерн.

Скијачкиот центар Обертауерн се наоѓа во областа Штаер, Австрија. На околу еден час возење од Салцбург, 2 часа од Минхен (Германија) и 3 часа возење од Виена, овој ски центар е достапен на огромна публика од овој дел на Европа.



>> xmkd клип од Обертауерн тука
(3min. 7Mb)

Се карактеризира како еден од помонденските ски центри заедно со Кицбил, Лех/Цурс и Ст. Антон. Има 28 ски лифтови и жичари кои прават еден огромен круг по околните планини наречен tauernrunde. Ова нуди секакви услови за скијање бидејќи кругот (односно стазите) е ориентиран како на југ така и на север. Значи од северна осојна страна со тврд снег се до јужна сончева страна со голем број на бачила и места за сончање.


едно од многуте бачила

Ски центарот има капацитет од 38.250 скијачи во минута. Се наоѓа поставен на две планини а самото градче е во средина, во долината помеѓу двете планини каде што и поминува главниот пат кој води северозапад - исток, односно кон Салцбург или кон Виена. Скијачите можат да го поминуваат овој пат безопасно преку големиот број на мостови за скијачи кои се поставени над патот, така да дриектно може со скии да се премине од едната планина на другата. Исто така постои можност тоа да се направи со неколкуте 6-седишници.


еден дел од панорамата на Обертауерн

Околу цените на билетите може да се каже дека се во високата класа, односно ни скапи ни ефтини за Австрија. Може да се добие билет за 2 часа скијање €19,50, полудневен билет за предпладне и полудневен билет за попладне €25,50, исто така може да купите билет од 11часот и целодневен билет кој чини €32. За деца и сениори има определени попусти, а ако сакате да ја видите комплетната листа на цени на билети кликнете тука.


место за забава на самите терени

Градчето Обертауерн е многу мало и целото е скијачкиот центар сам по себе. Во вечерните часови не нуди многу забава но затоа пак на само 10-15 мин возење има неколку градчиња кои се интересни во вечерните часови. На пример градот Радштад, Алтенмаркт и Флахау се во голема близина на Обертауерн (на само 10 до 20км). Тоа е голема предност бидејќи може да се оди до таму на скијање (значи да се смени малку локација) или да се помине некоја ноќ во локалните барови по тие места кои се полни со туристи во зимската сезона.


една од многуте стази...

Се на се го препорачуваме овој скијачки центар многу! Главна каратеристика му е дека околу, односно надвор од маркираните стази, има голем број на диви места за скијање со длабок снег и карпи. Безбедноста околу скијање на тие места не е многу сигурна но затоа пак има информации околу степенот на опасност од лавини. Така да кога опасноста е ниска, без многу страв може да се скија по сите делови кои ги гледате на сликиве и на клипот (клик тука за клип, XMKD во Обертауерн; март 2005, 7Мб)


градчето Обертауерн гледано од стазите

Околу сместување може да се каже само едно.. ефтино не е, но може да се помине прилично добро ако се резервира некој приватен апартман однапред и ако не се оди со агенција. Цените се во сезона од €25 - €40 за ноќевање по особа (со или без вклучен доручек) за во приватен апартман или двокреветна соба. Хотелите се многу поскапи и се движат од €50 до €200 па и повеќе од особа по ноќевање.. Во вечерните часови може да оди на вечера во некој од ресторанчињата (од €7 па нагоре по особа) и да се пие пиво по локалните барови (околу €3-4 за пола литар).

Сезоната почнува во месец ноември а трае до мај. Снег има секогаш а кога нема доволно австриците знаат подобро од сите како тоа да го решат и да има скијање во сите услови.


една од многуте стази

- Официјална веб-страна на Обертауерн

- Камери во живо директно од ски центарот Обертауерн

До следно видување, поздрав од тимот на SnowMKD.  

skateboarding

copyright © Xmkd.com 2004-2012
a division of XMKD.com