SNOWBOARDING in Macedonia
SNOWBOARDING in Macedonia

skateboarding
English Version coming soon...Can't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding

Колку често возиш сноуборд во сезона?
Секој ден.
Еднаш неделно.
Еднаш месечно.
Поретко од еднаш месечно.
Снежна прогноза:
Шапка
Маврово
Крушево
Отешево
Боровец
Банско

Време:
Скопје
Кликни за повеќе...
Битола
Кликни за повеќе...
Охрид
Кликни за повеќе...
Прилеп
Кликни за повеќе...
Повеќе...

Google

 

skateboarding

skateboarding

SNOWBOARDING in Macedoniaskateboarding

CETNIKS

> Репортажи: XMKD SNOW Сесии | ски центар: Hintertux (Austria) |ски центар: Kitzbuehel (Austria)  | Шапка бај Пеце | ски центар: ски центар Шладминг (Австрија)


Попова Шапка, период 3-8 јануари 2006-та. Време и терен погодни за игра…

Еве ме и мене. Решив одблизу да ви ја доближам ПоповоШапската атмосфера во овој период од годинава, пошто гледам дека ретко на кој му текиње дека Македонија има уште еден ски центар (додуша троа подзапуштен) и дека можете комотно да си ги активирате автомобилите, да се организизрате едно 3-4-орица и да му ја летнете нагоре на еднодневна екскурзија.
Само колку за споредба со Маврово, цените на Шапка се далеку попривлечни (барем според мене) целодневен билет жини 500 а полудневен (билив ит ор нот, уште постои!!!) 400 денари.Чајче кај конакот,на преминот од Аеродром кон Јелак или Тетекс чини 30 ден. некој ми кажа дека на Маврово бил пута три…да не ставаат Four Roses во чајот?) Кај истиот тој конак, до црквичето, спиење по човек чини 250 денари а домаќините се крајно љубезни, расположени за муабет и она најбитното-добро готват.
Да бидам искрен, освен минатиот вторник, кога  беше сончево и топло (посета: над 3000 скијачи, бордери и остало), времето баш-баш и не ни се погоди. Наредните неколку дена не изненадија обилни врнежи на снег и магловито време. Ама, ако земам во предвид дека на Маврово врнеше дожд после Нова Година а на Шапка снежната покривка беше со дебелина од над 100цм и тоа е некоја предност, нели? Моментално дебелината е над 180цм (неофицијално). Е сега да не испадне дека немам забелешки и дека на Шапка е све мед, снег и млеко.
Прво: Сите ски лифтој не се во функција а посебно оние најинтересните за бордерите и скијачите се во аут повеќе години и ги пуштаат ретко. Пример се Церипашина (ја начекав само еднаш лани), Јелак, додека Гето, ако не е добро поминато од ратрак, не го бива ни за лизгање со ѓубрени кеси (оние црните,големите). Гужвите во пофреквентните денови се огромни и се чека ред на ски лифтовиве и по 10-ина минути. На двоседот-жичница се чека и до 20-ина минути (ужас!) а сето тоа само поради нефункционалноста и неефикасноста на вработените и механизацијата. Некои викаат: А бе ќе дојде приватњак па м…та ќе им ја зае..е!!! Богами го чекам тој ден. А до тогаш немојте да бидете Албанофоби, коркатори, позери и уплашени буљаши и бујрум на Шапка викендов.
Препорака за сноубординг манијаците:
-Левата патека на Јелак, (идеална за правење скокчиња и други зарзавати
-Гето, (полно со тумби-румби моменти и варијанти за кршење глужд, зглоб и остало
-Патеката под двоседот (длабок снег и непредвидливи стрмнини)

Поздрав од мене и цела Банда инструментале, па се гледаме и на свирка на десет години од клубот Полар, на Маврово!!! (треба да бидне деноиве)

Пеце
___________________________

skateboarding

copyright © Xmkd.com 2004-2012
a division of XMKD.com