SNOWBOARDING in Macedonia
SNOWBOARDING in Macedonia

skateboarding
English Version coming soon...Can't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding

Колку често возиш сноуборд во сезона?
Секој ден.
Еднаш неделно.
Еднаш месечно.
Поретко од еднаш месечно.
Снежна прогноза:
Шапка
Маврово
Крушево
Отешево
Боровец
Банско

Време:
Скопје
Кликни за повеќе...
Битола
Кликни за повеќе...
Охрид
Кликни за повеќе...
Прилеп
Кликни за повеќе...
Повеќе...

Google

 

skateboarding

skateboarding

SNOWBOARDING in Macedoniaskateboarding

CETNIKS

> Репортажи: XMKD SNOW Сесии | ски центар: Hintertux (Austria) |ски центар: Kitzbuehel (Austria)  | Шапка бај Пеце | ски центар: ски центар Шладминг (Австрија)


Ски центар Шладминг, Австрија (Schladming)

- Линкови за работа на скилифти и моментална состојба со снег и временски услови
- Како да стигнам до Шладминг
- Вебстрана: (англиски јазик) (германски јазик)

Скијачкиот центар Шладминг се наоѓа во централниот дел на Австрија. Поточно на еден час возење од градовите Грац и Салцбург или пак на неполни 3 часа од Виена. Од Минхен исто така се стигнува за околу 2 часа. Најблиски аеродроми се Грац и Салцбург. Поголеми се на Љубљана, Виена и Минхен но се поодалечени.

Во регијата наречена Амаде, Шладминг е еден од најголемите и најпрометните ски центри. Во истата регија се наоѓаат ски центри како Цаухензе, Флахау, Бад Гештајн и глешерот карши Шладминг, Дахштајн. Центарот Обертауерн е блиску до нив но не спаѓа во групата Амаде која една од најголемите ски области во Европа.


Шладминг се состои од 4 споени планини: Хаус Каиблинг, Хохвурцен, Планаи и Рајтералм. Сите тие се безпрекорно поврзани со најмодерни жичари и ски лифотви а заедно градат центар во градчето Шладминг кое во висока сезона е тотално пребукиран и е многу тешко да се најде место за престој.


Шладминг навечер

Се наоѓа на надморска височина од 745м а стазите се качуваат до 1900м. Има 52 лифтови од кои 3 големи кабини жичари, многу 6-седи, 4-седи итн.. Потенцијалот на ски центарот е 32.084 луѓе на саат! Така да сите оние најави дека наш Кожув со 10.000 луѓе капацитет ке биде втор по големина ски центар во Европа е смешно.

Целиот ски центар е опремен со најмодерни снежни топови кои 100% ги покриваат стазите преку целата ски сезона. Топовите произведуваат толку снег со кој би можело да се покријат 400 фудбалски игралишта односно преку 200 хектара! Така да никогаш не фали снег.. А кога има доволно топовите работат пак за да го врзат природниот и ги направат стазите со професионална подлога. Дневно се произведуваат преку 100.000 кубни метри снег што би било еквивалентно на 10.200 полни камиони.

Ски билетот чини 36 евра дневен, 34 евра од 11 часот, 30 евра од 12 часот, 27 евра од 13 часот и 23 евра од 14 часот. Има можности за сите можни комбинации па така да постои и билет со кој може да скијате од 8 сабајле до 12.30 на пладне и чини околу 30 евра. Попусти има за деца докај 15 години и стари лица изнад 70. Сезонска карта чини 370 евра и се продава од 4 декември и трае со до април наредната година.

Секоја година на 24 Јануари се одржува светски куп во слалом на стазата Планаи. Интересно е дека е ноќна трка и собира стотици илјади посетители. Не би ви препорачале да одите во тој период бидејќи ке фатите малку скијање и многу гужва. Добра забава и многу алкохол :)

Цените за престој можат да бидат многу прифатливи. Ако се резервираат приватни куќи може да се дојде и до 14 евра по ноќевање од човек со доручек. Ние стално одиме и наоѓаме цени од 14 до 22 евра од човек со доручек. Престојот во тие приватни апартмани е многу добар, екстра класа со ТВ во соба, купaтило, кујна најмодерна, дневна соба итн.. Хотелите се многу поскапи и чинат и по 100 евра од особа за ноќ. Во градчето може многу пристојно да се помине со јадење. На пример може да се вечера заедно со пијалок за околу 7-10 евра. Има многу австриски, италијански па дури и мексикански ресторани. Има и супермаркети кои со цени не се резликуваат од другите по големите градови. Се препорачува да се дојде со кола бидејки не секогаш се наоѓа сместување во центар на градчето.

Навечер има повеке од доволно места за луда забава со многу алкохол и домашна музика. Луѓе од цел свет, ке пиете ракија од крушка, пунч, шладмингер пиво, ќе ве прскаат со шлаг и ќе пеете лоши преработки кои личат на наш турбо фолк :) Не е се така црно, после 3тото пиво (кое чини 2.5еура по кафичите) се ќе ви стане убаво..

Се препорачува ако размислувате да купите ски опрема тоа да го напраите во Шладминг, цените се повеќе од ОК, многу поефтино од Македонија а за избор да не зборуваме. Изнајмување на опрема е првокласнo, по ден чини околу 20тина евра за комплет скии кондури / сноуборд кондури со тоа што добивате скроз нова опрема, најнови модели.

Така да девојки и момци, ако ве носи патот накај Австрија на скијање, не го промашувајте Шладминг, ке се утепате од скијање, паудер, маудер, шуми, карвинг најлуди стази итн..

- Линкови за работа на скилифти и моментална состојба со снег и временски услови

- Како да стигнам до Шладминг

- Вебстрана: (англиски јазик) (германски јазик)

Ivan Mirkovski@ 2006

Се најубаво и се гледаме на снег.

поздрав XMKD Snow Team!


skateboarding

copyright © Xmkd.com 2004-2012
a division of XMKD.com